Обожавам да возам ролери. Летото делумно и најмногу го чекам ради тоа. Да можам 24/7 би возела, ем забавно, здраво и + се затегнуваат нозете, задникот и стомакот. :up:
кога сме кај возењето ролерки морам да ви кажам дека се учам да возам и напредувам солидно. Така да може набрзо да се пуштам на стаза
Мојот омилен спорт, штом доаѓа лето не се симнувам од нив од 20:00 часот се возиме се до 04:00. Имам многу добра екипа и забавно е Штета што немаме стаза во мојот град па затоа мораме да возиме касно кога не е густ сообраќајот
Си се возев јас што си се возев. Абе возење едно Без ниедно паѓање. И после се симнував низ една удолница со песок и камења и при крајот коа си се плеснав. Ибаво му покажав и на газето и на лактот. За памет. На ролерки друкпат-НЕ!
Моите ролери се скршени. Инаку сега баш прочитав, со убаво темпо, може да се согорат и до 900 калории за 1 час. Планирам да си купам ролери сега во брзо време. Најдов едни со силиконски тркалца, баш се солидни, 1500.
обожавам ролери едвај чекав да се разубави времето и сега секој ден возам со другарка ми на кеј по 2-3 часа
Малце оф топик. Веќе спомнавте кои делови од телото се затегнуваат со возење ролери. А со возење велосипед, секој ден ? Дали можеби помага за рамен стомак ?
Обожавам да возам ролери, но од оваа наша полиција ретко кога можеш да возеш на раат . Ако искачаме да се воземе ќе искочеме од 21 до 23:30 ако те сретнат ќе ти држат 30 саат предавање дека можеш да возеш, а дека не. Дури еднаш едни деца ги натераа да ги соблечат ролерите и да одат боси. Не ми е јасно зошто не направат некоја стаза за ролери штом не даваат да се возат по патот, а за тротоарот да не зборуваме. А иначе ролерите се многу убави за задникот и нозете.
Ме немало на темава одамна.Еве сега да се пофалам, бев завчера и конечно се опуштив, и возев онака просечно. На моменти забрзував ама ме фаќа страв така па успорувам. Инаку за слабеењево, воопшто не осеќав дека ми работат мускулите. Кога вежбам дома осеќам како ми се затегаат мускулите, се изморувам, вложувам многу повеќе напор отколку на ролерки. Утре планирам пак да одам, ама побрзо да возам, може ќе заболи некое мускулче
обожавам!! Често пати кога сум изнервирана ролерите на нозе, слушалките на уши и директ на стаза покрај Вардар. Но, имам мало проблемче кое за жал ми го укратува ова задоволство.. По само половина час возење ми прават проблеми на стапалата(рани, жуљеви...) и почнуваат нозете да ми се криват
моето омилено нешто ..возење ролери.. знам со саати да се исклучам од бучавата и два три пати летајќи да ја поминам стаза со уште две другарки..лелеј мераци се враќам дома препотена истрошена..цела енергија ми иде во возење...
јас си ги купив оваа година и дека немав долго време возено прево се учев а сега никаде не одам без нив многу се добри за нозете
За ролери душа давам Порано многу возев и мора да се пофалам дека ниту еднаш не сум паднала Обожавам да возам на 1 нога и да се замислувам дека сум балерина на ролери Прво се учев на пластични,потоа возев оригинални а сега немам никакви Незнам како да побарам од моиве 5 000 за ролерки
Ролерки возам секоја ден дури ги искршив од возење но мислам да се откажам затоа што од нив се искривуваат нозете што е случај кај мене