Никогаш не се научив да возам ролери, а имав огромна желба за тоа, особено како мала. Ама кога и да се обидев, паѓав! И се откажав многу рано
И јас никогаш не се научив. Еднаш пробав и тоа мајка ми ме држеше.Кога залетав и неа и јас ќе се испотепав. Многу сакам да знам да возам. Кога би имала повторно можност без размислување би пробувала дур не научам.
Прво научив на лизгалки така да ролерки ми дојдоа како некоја варијанта а и природно имам добра координација. Супер работа и ненормално задоволство е кога бришкаш по стаза и плус си набиваш кондиција . Да не зборам дека и за видот е добро со толкав број згодни девојки околу тебе само треба да пазиш да не се утепаш од загубен фокус .
Почнав да возам ролери дури оваа година, уште сум почетник. Ама за среќа добро ми оди. Башка, чувството е незаменливо p.s. Е сега, малку ми е проблем станувањето...... ама и тоа ќе го научам наскоро, се надевам.
обожавам да возам ролерки,иако незнам баш добро,но кога имам време,одма на кеј со ролерките и слушалките на уши (возење ролерки и слушање музика ме опушта),а плус возењето ролерки мислам дека помага во обликување на телото
Научив да возам ролери уште многу одамна, некаде кога имав 8-9 години. Брзо и лесно научив да возам, но сега многу ретко возам бидејќи ме мрзи. А баш убава работа е возењето ролери.
Јас научив кога имав 11-12 години, ама на лизгалки. Тогаш ми беше многу тешко, јас бев единствената на лизгалиштето што не знаеше да лизга и дури на последните десеттина минути сфатив како оди тоа. Многу ми се допадна, а и сите другарки веќе имаа ролерки и некако ги убедив родителите да ми купат. Од кога почнав да возам надвор, сфатив дека не е исто на лизгалки и на ролерки и многу ретко возам.
Моите лизгалки се од странство купени така да тука не знам каде има . Ролери почни бавно да возиш и по можност со другарка да ти ги каже основните финти и обавезно земи си штитници за лакти и колена и ќе немаш гајле. Кога ќе научиш поубаво и посебно ако возиш со друштво многу голем ќеиф е .
Верувале или не никогаш сум немала ролери и незнам да возам ! Требаше оваа година да си купам ама незнам , ете не си купив, следнава обавезно после распуст си купувам . Ама страв ми е на почетокот дека незнам како ќе се научам
Со другар или другарка првите неколку пати, ќе си купиш штитници за лакти и колена и ќе тргне, не му се мисли .
Е да си купиш! Али не после распуст туку сега во пролет, ја имам 15 години возам едно 5 години, почнав со пластични и така научив али не се плаши не е ништо страшно, ќе паднеш еднаш два пати и толку.. Само треба рамнотежа да имаш Ако сакаш јас ќе те научам не ми е проблем
Јас скоро секој ден возам ролери и вистина е тоа дека го затегнува задникот(не се фалам но навистина имам убав задник) Ролерите ме маѓепсаа и веќе 3 години еве ги возам.(сега една година редовно)
Мене ми треба само мотивација поголема,инаку возам да речеме 3 пати неделно,летно време, но поинтересно ми е со друштво, вака сама мрза ме фаќа,пробувам и со музика,со слушалици од мобилен, али не е тоа тоа...другарка муабетче и си извозел од аеродром до влае и назад
Ролерите се закон, порано многу возев, сега поретко. Возењето ролери се поради забава и пред се за оформување убаво цврсто тело, интересно е ептен да ги возиш
Вистина е јас ги возам мислам дека имам коментирано на оваа тема но сакам да кажамдека има подобрување.МИ се зацврстија убаво нозете и бутовите и многуи м се радувам
Порано возев многу често со другарките, на плажа одевме со нив (правев околу 13 км на ден), покрај кеј, до приватните школи.. и многу им се радував. И постегната бев тогаш. Сега на стара слава ми се вади задникот и нозете Сега си ги зедов Скопје, па со цимерката кога ќе имаме време ќе си возиме p.s. Саломон имам, на времето ги зедов 6000 денари. Сега гледам се многу поефтини.