1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возрасните не се совршени - и тие грешат

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Captain-Omni, 17 септември 2013.

  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Прочитав пред малку едно мислење во кое пишуваше „Имаш 24 години и дозволуваш да ти се однесуваат така?“ од девојка која има 21 година.

    Девојки и по некој момак, возрасните не се совршени, тие се исти како вас, со исти емоции и слични проблеми. Имаат исти желби и не се импотентни ниту фригидни. За нив изневерувањето е исто што и за вас, а нивните проблеми се исто големи колку и вашите.

    Кога бев основец, „големите“ беа средношколците. Мислев којзнае колку се пораснати и паметни. Коа станав средношколец, студентите ми беа луѓето кои се спремаат за мажење и женење. Кога завршив сам факултет, оние на 30+ ми изгледаа како да чекаат да дојде гробарот, зашто завршиле со животот.

    Вистината е дека дури и на 60+ или 70+, ако духот ги држи луѓето, тие ќе ги сакаат и прават истите работи како и вие на 13,15 или 20 години и ќе ги прават истите грешки, бидејќи колку и човек да учи, никогаш нема да го совлада училиштето наречено „живот“.

    Бидејќи отварам нова тема, прашањето е - Дали вие ги гледате повозрасните како нешто „УАУ“ и поразлично од вас?
     
    На Temperance, SnowWhite8, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Кога бев основец, „големите“ беа средношколците. Мислев којзнае колку се пораснати и паметни. Коа станав средношколец, студентите ми беа луѓето кои се спремаат за мажење и женење.

    Се пронаоѓам во ова мислење.
    Секако дека "возрасните" грешат.
    Сега не дека сум стара, имам 20 години ама сепак ги почитувам повозрасните од причина што повеќе поминале низ животот, стекнале повеќе искуства со текот на годините.
    Нели секој со свои искуства, не се зима нивното мислење здраво за готово.
    Небитно колку е човекот стар, може да направи грешка, за било која работа.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Секако дека и возрасните грешат, секој човек греши.Прво, важно и основно, треба да се почитуваат, бидејки тие го поминале патот, по кој поминуваат помладите.Има што да се научи од постарите, а ако човек сака и размисли дали нивниот совет за разлика од помладите е подобар, корисен, веројатно е дека човек само на подобар начин ќе го живее животот.А никогаш не би требало да се игнорира советот од постарите луѓе.
     
    На Someonespecial и vinozito1 им се допаѓа ова.
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Сите сме луге и сите грешиме.Мислам дека возраста не е границија дека некој човек нема да згреши.
    Се е до човекот.Ако сака да се изградува како личност и неуморно се стреми кон тоа ќе гледа да не греши, ќе учи од грешките на другите, и од сопствените.И ако сум повозрасна, морам да ви признаам дека сум учела од помладите и тие исто учеле од мене.
    Важно е да сме свесни за своите грешки , потоа се ќе си дојде само по себе, без разлика на возраста.

    Нормално дека старите се помудри, со оглед дека повеќе преживеале, се соочувале со многу препреки во животот, ги совладувале...затоа е препорачливо да се слушаат и почитуваат ама само кога се во право.
     
    На hermosa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.152
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Зависи од карактерот на личноста. На некои постари од мене им се восхитувам на тоа што го имаат во глава, на начинот на однесување итн, но од некои сум тотално разочарана. На многумина не им личи на годините она што го прават. :|
     
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Covek uci dodeka e ziv.
    Se gresi ama ne i site ja popravat greskata od kako ja naucile lekcijata!.
     
  7. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    Одамна не гледам на повозрасните како на ,, совршено нешто.,, Го почитувам нивното животно искуство кое го собрале низ животот, но го држам ставот дека секој има различна приказна да раскаже, разни доблести или мани да прикаже, па некој со помалку години има побогато животно искуство, зошто се сретнал со разни турбулентни ситуации. Постојат повозрасни кои постојано, свесно или наивно, небрежно грешат, некои не работат на себеподобрување, а некој пак исклучително млад ме изненадува со својот став , доблест, размислувања, дела. Животот навистина некогаш не изненадува, како и луѓето.
     
  8. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Не ретко размислувам на оваа тема, и еве сега најдов место каде можам да си го кажам мислењето.

    Додека сме деца мислиме дека возрасните знаат се', дека го прават секогаш она што е правилно, дека секогаш може да им се верува и дека ја зборуваат вистината. Како што созревам, така сфаќам дека ова не е вистина. Децата се толку невини и безгрешни. Кога се раѓаат бебињата се толку мили и невини, ниту мислат ниту прават некому лошо. Како што минува времето учат различни работи. Тие невини бебиња некогаш прераснуваат во чудовишта, криминалци, педофили. Други, пак, стануваат обични луѓе, кои секако се грешни, на некој начин. Во секојдневието мораш да се послужиш со лага, некогаш им мислиш лошо на другите и слично. Така што, никој не е совршен. Но, и покрај тоа, трудете се да бидете добри луѓе, не за другите, туку за вас. Да ви биде чиста совеста и да спиете мирно.
     
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Темата е создадена за да се подучат малите дечиња кои го посетуваат форумот?
     
  10. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Возрасните не се совршени и тие грешат...
    Вистина :!:
    Годините не се мерило за совршенство и живот без грешки!!! Како возрасна да си кажам :tmi:
    Секој човек се труди се да направи како што треба... Но, не секогаш успева во тоа!
    Поминатите години и стекнатото искуство помага во решавање на моменталните проблеми, но понекогаш се случува човек мислејки да направи се прописно да згреши... Некогаш тоа е заради недостатокот од информации, некогаш заради моменталното расположение, пристрасност, брзање...
    Грешењето е една од човечките особини, не заџабе настанала поговорката „НА ГРЕШКИТЕ СЕ УЧИМЕ“... а човек учи додека е жив!!!
     
  11. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Секој може да згреши, без разлика на возраста. Човекот учи додоека е жив!
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.