И во мое време (ко бабите) имаше случаи кога 14 годишни стапуваа во сексуални односи, додуша, од тие што ги знам, сите со врсници. Треба да се разграничи, барем до 16 години, сексуална врска меѓу двајца малолетници и еден малолетен и еден полнолетен. 14 години е малку... мое мислење.
Ако таа се согласи може и со 40 годишен. Законски никој ништо не му може пошо таа дала согласност. Ама педофилски е законов. Што знае дете од 14 години за согласност? А и не сум многу повозрасна да мислам дека 14 години се малце. Се сеќавам како до вчера да сум ги имала тие години, а поминале и +10. Како и да е, многу малце се 14 години. Познавам и девојче, настрана од изродиве денешни од тинејџерки, кога ја прашаа дали има дечко, рече "Мала сум, има време" и тоа мртва сериозна. Медицински можеби телото е подготвено, но тоа не е доволна причина да се даде согласност. Што вели психологија на ова? Да не зборувам дека ова за стари педо мажиња е мх мх, ќе најдат подзапиена некоја осмооделенка, ќе и завртат некој муабет и ќе даде согласност нормално. Знаеме какви се денешниве, имаат 14, се однесуваат ко 25. Страшно.
Не ти чини муабетот со 'изроди'. Од секогаш имало такви кои имаат секс на 14 години... До пред сто години, на таа возраст ги мажеле, на 15 веќе деца раѓале. Психологијата и медицината велат, дека фронталниот кортекс не им е развиен како на 25годишни.
Ок, терминот ми е несоодветен. Не се однесуваше баш на тие што имаат однос, туку на овие што се облакаат ко теткици, не може ни да се препознае дека имаат 14 години.
Ни тоа нема врска.. И јас на 17 носев штикли и шминки и фризури... сите во одреден период сме сакале 'да пораснеме' побрзо
Да, ама мислам дека баш на овој начин се мета на постари мажи. Да не зборуваам за тоа дека се пикаат по дискотеки, во кои е и реално треба да биде забренето. Кога сака да порасне на 14 години да се биде жена, ќе сака се да проба. Инаку мислам дека баш во тој интервал 14-17 години, и покрај тоа што станува збор за само 3 години разлика, сепак има огромна разлика кога станува збор за тело и ум на жена.
Пишував претходно на некоја идиотска тема во сличен ваков контекст и субјективните впечатоци од членовите со отворениот ум беа многу со знак прашање и лично разочарувачки. Реално мислам дека законскиве факти на темава се шпекулација и дека законот не го кажува тоа, иако во прилог , од википедија вика така, само погрешно интерпретирано е давањето согласност. Дете со 14 годишен ум е подоложно на разни манипулации така што воопшто не би било легално некој искусен возрасен маж да заведе некоја напредна ГМО малолетничка од 14 години плус да кажеме со некаква ретардација. Адолесенцијата е период на развивање на се! Психологијата вика дека тие мажи што сакаат да имаат секс со деца од 14 години, се незрели и ретардирани а ако тоа им е сексуален фетиш , тогаш се педофили и слично од тој род. Порано опшеството било отидено многу повеќе во курац одколку денес.... не можеме и несмееме да споредуваме тоа што порано се мажеле на 14 години. Тоа е тортура. Тоа е угнетувањето на жената во претходните векови. Така жената ја уназадувале и ја етикетирале како машина за репродукција.
Ајде, можеби не може да се нарече ретардација. Фаза е. Повеќето го имаат и поминува за некоја година. А тоа дека 14 годишен ум е наивен и дека може да се изманипулира, може, колку и таа да се труди да биде возрасна и зрела.
Педофилите се возбудуваат на тоа што децата изгледаат како деца. Абе, шо.. шпекулација се, оти тебе не ти се верува. Го има истото во законикот. Долу на линкот ти се цитирани изворите. Кликни, ќе видиш.
Пријател сигурно мора да пишува во некој закон граница, не е шпекулација. Може и 12 годишна да даде согласност, но ако е тој возрасен или над 16 години (мислам дека и ова стои некаде), без разлика што дала согласност, нему му следува казна.
Еии ова не го знаев.. Ама не ми менува ништо сега хахаха. Јако ејј 14 годишна кога бев на фемина читав само, не знаев дека смеам и повеќе од читање да правам.
Според мене 14 е многу мала граница, сеуште се деца и во развој и не размислуваат рационално. И 16 е мала граница ама сепак е поинаку. Според мене 16-18 е подобро отколку 14.
А на колку треба? Се согласувам дека треба да е границата поголема. 14 е дефинитивно малку, иако веќе сите знаат што е тоа, сепак за повеќе е малку. Но, како се спроведува законов? Да не дојде полиција да проверува малолетници да види дали се сексуално активни. Ако некој наумил да има секс, ни закон ни ништо не го спречува. Исто така, мене ми е морбидно да некој од 20+ години има секс со девојче од 16. И од примери од мои блиски, секогаш лошо завршувале тие врски. На некој начин биле принудени да бидат во токсична врска и на секс пред да се спремни. Сите тие врски лошо завршија. Ретко кои врски на таква разлика средношколец од 16 и некој „фраер“ од 20 се искрени и од љубов. Мене на 16 кога ќе ми речеше некој дека има 20, го сметав за стар, и стварно не знам што би барал некој на факултет со дете во врска. Повеќето од нив се понашаат ко манијаци и само бараат жртва да ја убедат да „им даде“.
Ова е многу точно. И ваквите врски обично имаат големо влијание врз малолетникот откако ке завршат. Затоа јас не сакам да се нормализирани.
Не гледам ни потреба да дискутирам дали едно 14 годишно дете е спремно да има секс, уште помалку да даде согласност, не е. Повеќе би зборувала за тоа колку овој закон би го сакатил тоа дете. На денот кога ќе наполни 14 години тоа губи огромен дел од своите права и веќе не е заштитено како што (според мене) треба да биде. Ова значи дека доколку некој го искористи може да помине и неказнет. Што би му дало поголема сила на некој што и баш тоа го чека? Веќе сум кажала дека од дете се очекува да биде глупо, дете е. Затоа мора да бидат колку што е можно позаштитени. 14 години не доволно.
Не сум знаела ни јас за законов, стварно забегано. 14 години бе, па тоа е дете. Уште не ни знае и не е свесно што значи сексуален акт.
Јас сепак мислам дека треба да биде 16+ од пракса и туѓо искуство знам дека тоа е границата кога биолошки се развиваат гениталиите и мозокот почнува да забегва по тие теми и сексуални фантазии и човекот станува љубопитен сака да развива искуство па тука е и притисокот од друштвото нели во тие средношколски периоди кој пробат,која дала која не дава... Јас сум за повеќе сексуално да се едуцираат а не да учат од нет и да пробиваат се и сешто на своја рака да прекине сексот да биде табу тема да може сите отворено да зборуваме оти сите ја имаме таа биолошка потреба и ако правиме експерименти тајно може да биде лош исходот Пример манипулација и сексуални злоупотреби, психички трауми болести ,абортуси