Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возраст за давање согласност за сексуален акт

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    А, сигурно ли е тој закон за согласност на 15 години и за однос со полнолетен? Затоа што јас мислев дека тоа се однесува за секс со врсници односно неполнолетни, што има логика да почнува од 15 години.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Можно е да беше на ФБ некоја од оние страниците за права на овие, права на оние...
    полн ми е фидо со такви :tmi: :D
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не знам точно дали е 15, пошто не мом да го најдам, ќе си тераме по тој закон шо е официјално објавен како важечки.

    Значи, дете на 14 години можи да има секс со 50 годишна личност и 50 годишнава нема да одговара, освен во случај да е некој кој 'ја злоупотребил моќта' (родител, старател, учител, доктор...)
     
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Сексуалното образование не поттикнува впуштање во сексуални односи, туку стекнување знаења кои ќе овозможат секоја личност да е запознаена со очекувањата, предизвиците и црвените знаменца при впуштање во сексуален однос. Нешто за кое многу генерации наназад не стекнале знаење и сѐ уште не го знаат на постари години, па со тоа и не би знаеле да го пренесат на своите деца. Да не зборуваме за стигмата на постарите генерации дека е срамота сѐ поврзано со секс, па и никогаш нема да зборуваат со нивните деца надвор од тоа што само ќе го забрануваат сексот.

    Но еве, да претпоставиме дека одиме по твојот пат и си ги контролираме децата до претеран степен:
    1. Зошто мислиш дека дете кое се плаши од тебе, односно од твоите реакции на конкретна тема би ти кажало ако направи нешто сексуално? Кој свесно се става во позиција да му викаат и да го караат? Секој сака да го избегне тоа, па ќе си молчи.
    2. Да речеме дека со сигурност си успеал детето да не ти се впушти во сексуални односи пред возраста која сметаш ти дека е прикладна. Сега детето навлегува во возраст каде што е во ред да има секс. Како мислиш дека ќе се случи тој премин од „не смеам да имам секс“ во „сега можам да имам секс“? Тој психички момент не е едноставен и многу луѓе продолжуваат да се однесуваат согласно строгата забрана што ја имале (без разлика дали се работи за секс или нешто друго), затоа што менување на мислење не се случува преку ноќ. Многу деца потоа имаат проблеми во животот, особено во релации со други луѓе заради таквото набивање на страв и строгост.
    3. Контрола со набивање страв, било заради морална или друга причина, според мое искуство најчесто го дава едниот од двата резултати:
    - дете со ниска самодоверба кое постојано бара одобрување од други во животот
    - дете кое од револт ќе се доведува во опасни ситуации, со цел да им контрира на „опресорите“, во случајот родителите.

    Сексот не е само влегување на пенис во вагина во различни пози, туку е збир од повеќе активности, како:
    - Дали има согласност од двете страни? Ако да, дали е реална согласност или изнудена?
    - Дали има почит од двете страни, особено кон женското? Дали се почитуваат нејзините желби или е притисната да го исполнува само машкото задоволство?
    - Дали знаеме што претставува безбедност во сексот - од бременост, од инфекции, од болести и какви инфекции и болести постојат, што ги предизвикува, како се лечат, што е опасно, дали се забременува ако ти сврши на папокот и слични прашања што ги има секојдневно на форумот.
    - Дали ги знаеме сите форми на контрацепција и како да користиме, што да правиме ако не успее, кои ни опциите?

    Ова и многу други прашања (надежно) би биле научени од секој млад човек од сексуалното образование. Човек може да се заштити со знаење, а не со слепо следење наредби на родителите, затоа што тогаш може да донесе одлука и притоа ќе биде запознаен со последицата од таа одлука, што е многу помоќно оружје.

    Секоја чест ако твоите родители знаеле и ти ги објасниле сите овие прашања, па и ти ако го имаш планот сѐ ова да го пренесеш на твоите деца, меѓутоа многу од нас воопшто го немале овој разговор со родителите и сме морале со страв да учиме од искуството, кој откако гадно се зафркнал, а кој ја имал таа среќа да не направи голема грешка.

    Не можам да сфатам како некој може да е против сексуално образование. Само се издава колку малку знаење има на таа тема и дека сѐ му се сведува само на бидење гол пред некого и пробување различни пози. Не мислам дека не кај нас, било каде во светот постои сексуално образование што ги учи децата на тоа.
     
    На celineparis, Amellie13, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
  6. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Каде да го најдеш кога еве во спојлер горе редакт направив,Тупанчевски изјавува дека во речиси 3децении направени 36пати измени и дополнувања а пречистен текст на свети никад :D @Luciferka ако може да помогне со пронаоѓање на инфо(возраст за давање согласност за сексуални акти) чинам студент е на правен.
     
    На Luciferka и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    14 години
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.