1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street) (2013)

Дискусија во 'Филмови' започната од BlackAndWhiteSwan, 18 јануари 2014.

  1. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.268
    Пол:
    Женски
    Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street) e биографска црна комедија, која е базирана на истоимените мемоари на Џордан Белфорт. Режијата е на Martin Scorsese, а во главната улога е Leonardo DiCaprio. Покрај него настапуваат и Jonah Hill, Matthew McConaughey и Jean Dujardin.

    Џордан Белфорт (Leonardo DiCaprio) е њујоршки брокер кој што води фирма која врши измами поврзани со осигурувања. Филмот го следи неговиот професионален подем и пад како брокер во Њујорк во 1990те години, притоа и неговиот разуздан живот во кој сексот, алкохолот и дрогата се централни.

    Филм кој ја отсликува човековата алчност за пари, моќ, внимание. Leonardo DiCaprio извонредно ја одигра својата улога како Џордан Белфорт во оваа злобно-забавна комедија, која не не остава рамнодушни, откако ќе ја погледнеме.

    ЛИковите во овој филм се соочуваат со анксиозност, празнина и очај. Главниот лик, Белфорт, е ранлив човек и жртва на сопствената деструктивна природа.

    Филмот е номиниран за пет Оскари. Воодушевена сум од глумата на DiCaprio и искрено навивам да "собере" Оскар! :) Препорачувам да го погледнете или ако веќе сте го погледнале, коментирајте :)
     

    Прикачени фајлови:

    • large (1).jpg
      large (1).jpg
      Големина на фајлот:
      78,1 KB
      Прегледи:
      582
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Ми се допадна глумата на Леонардо, искрено за овој филм треба да го добие веќе одамна заслужениот оскар. Филмот ми се допадна, но не ми остави некој силен впечаток како филм што би го гледала повторно. Но, сепак заслужува да се погледне, ако не барем за Леонардо :inlove:
     
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Филмот траеше предолго. Да беше причата скоцкана во барем 30минути пократка снимка, можеби ќе ми се допаднеше, вака го рангирам како просечен и ништопосебен филм.
     
  4. Dea8

    Dea8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    78
    јак е филмот, мене ми се допадна!
     
    На Kartman му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Зошто толку малку коментари за филмов? :^)
    Еден од подобрите филмови кои сум ги гледала во последно време. Глумата на Леонардо е нешто најдобро од она што досега го има работено.
    Да долг е, 3 часа, можеби можеле да скратат 30 минути, ама сепак уживав во филмот.
    Пари, моќ, секс и дрога во големи количини.
    Леонардо ептен ми беше соживеан со ликот на Џордан, преубав ми е. Особено јака ми беше сцената кога им демонстрираше на вработените како да ги убедуваат луѓето да купуваат и разговараше на телефон, а притоа им правеше гестикулации како го заебале купувачот. :lol:
    Баш ми е жал што не зеде оскар. :worried:
     
    На BlackAndWhiteSwan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. icona.pop

    icona.pop Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    27
    АУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ најдобар филм од цела 2013 според мене. Добра приказна и добро од глумено од страна на сите не само ДиКаприо. И да, жал ми е што не доби оскар затоа што заслужи. :(
     
  7. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Многу ми е жал што Лео не зема оскар,огромна неправда му е направена на човеков.Толку добри улоги има освен оваа што до сега не еден него неколку веќе треба да има.
    Како и дае мене филмот ми се допадна,би му дала солидна 9ка.Свака част на режисерите ,продуцентите итн.Не е секојдневен филм и монотон,секој што не го гледал треба да го изгледа. :)
     
  8. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Одличен филм 9/10. Како и секогаш Леонардо има добра глума а и останатите не се за потценување. Али за жал не доби човекот оскар по 192083102983 пат
     
    На Kartman му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Overrated напухано и не точно сфатено филмче од многумина.
    Секогаш сите се палалеле на вакви као дрски, bold филмчиња, а всушност се подпросечни и погрешно толкувани. Филмов не е за восхит,за замислување е, да се замислиш каде може да одите човековата алчност и ступидност благодарение на моќта на парите.
    Како што имаше напишано АнаКаренина, како што сите адвокатичиња се замсилуваат дека се Харви Спектор, така сите менаџерчиња и економистичња сега ќе се огледуваат на Џордан Велфорд.
    Шатган!

    Мене лично ми беа промашени 3 часа за ваква приказна. Не ми беше доволно инспиративен филмов за да одвојам 3 часа за него.
    Башка што ланешната година конкретно имаше многу, многу изненадно добри филмови кои беа номинирани за оскар, едно 3 класи подобри од овој, а не беа толку зборени и фалени. Штета што публиката навистина некогаш не знае да избере филм.
    Не заслужи филмов ни еден оскар и за воља на вистината не го но доби. Фала богу еднаш со академијата да се погодиме за некоја работа. Оскарот за главна машка улога ни приближно не го заслужи Лео, сосема реално си припадна во правите раце.

    Јас искрено сум видела многу подобро и од Скорцезе и од Лео.
     
    На kate21 и green.eyes им се допаѓа ова.
  10. Sandokan123

    Sandokan123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    7
    FUCK THE ACADEMY!
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Дека многу галама се дигна за филмов се согласувам, дека многу луѓе, т.е. поголемиот дел го сфаќаат многу многу погрешно, се идентификуваат во ликот на Џордан, сакаат да бидат толку јакички ко него и посакуваат таков живот и тоа е многу точно.
    Искрено претходно не бев запознаена со приказната, а сепак не го сфатив филмов ко нешто многу јакичко, го нешто за воодушевување или пак да посакам да се најдам во негова кожа. Одкако ги изгледав интервјуата со главниот лик тогаш ми стана јасно она што на многумина не им е и што гледаат на филмов само толку површно.
    За мене таквите луѓе се генијалци, да терба да имаш толку голем ум за да успееш да измамиш толку многу луѓе и да направиш толкав капитал. Секако дека тоа е измама и е лошо, ама пак од друга страна е одлично што успеал да опстојува долго време и што успеал да манипулира со толку луѓе.
    Мене затоа и филмов ми се допадна, ми се допадна целата реализација. Ми се допаѓа што ја искористиле приказната за да направат добар филм. Значи филмов треба да се сфати само како филм, а не да се палат сите на кешот, дрогата и гламурозниот живот на ликот. Дам он си терал ќеифови и правеше многу глупости, ко тоа со хилихоптерот, многу лудо... Ама луѓе не претерувајте со споделувањето на фотката како Лео им фрла пари од јахтата на џандарите... Филм е ок, тоа се луѓе еден во милиони кои имаат ваква приказна.
    Како што кажав реализацијата ми се допадна многу, осмислен до најситните детали. Глумата на сите актери одлична. Баш ми е криво што Лео ни за ова не зема оскар... Сметам дека одлично го прикажа ликот на Џордан, ептен ми беше реален!
    Супер се прикажани и двете страни на скапиот живот.
    Најинтересно е што вистинскиот Џордан воопшто не се кае за тоа што направил, а жал му е што измамил толку многу луѓе.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.408
    Пол:
    Женски
    Looooooove it !!!! :*:
     
    На Kartman му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kartman

    Kartman Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    многу добар филм
    има и две книги кој немам стасано да ги прочитам
    The Wolf of Wall_Street - Jordan Belfort
    и
    Catching the Wolf of Wall Street
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.428
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
    Би му дала оценка 7. Мислам дека Лео заслужи Оскар.
     
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Прогласен за најдобар филм за 2013. И стварно е најдобар. Јас во кино го гледав. А тогаш салата полна беше.
     
  16. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    филмиште бе!
     
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.916
    Допаѓања:
    48.052
    Пол:
    Женски
    Филмот е повеќе од одличен, на ДиКаприо повторно не му се посреќи да земе оскар иако беше феноменален, моментот кога беше толку многу дрогиран што не можеше да влезе во белото ламборџини:lol:
    Во филмот има многу добри трикови и совети за продажба како моментот со пенкалото, прикажана е реалноста на богаташите и нивната моќ.
     
    На boomsleng и Аргентина * им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.203
    Пол:
    Женски
    Одлична кинематографија, гламурозен филм, оригинален и препознатлив, но Скорсезе има други подобри, подлабоки филмски остварувања.
     
    На elimkd и boomsleng им се допаѓа ова.