Не сум сигурна дека има ваква тема и дека е ставена во вистинската категорија, но ако има слободно избришете ја. Ја отворив оваа тема инспирирана од работата на Црвениот Крст. Волонтер сум општинскиот Црвен Крст скоро 1 година и морам да кажам дека е прекрасно. Секогаш сум дел од акциите, бидејќи хуманоста ми представува задоволство. Од секогаш сум им помагала на оние на кои им требала помош ... иако ретко добивам благодарност за тоа. Најубаво е чувството кога ќе ја видам радоста на некој сиромав човек, на кој му подаруваме пакет со храна. Или, кога им подаруваме нешто многу потребно на родителите чие дете има некое нарушување или болест. Многу ми беше мило кога имавме проект за изучување на Гестовниот говор ... само колку беа среќни луѓето со оштетен слух бидејќи ние сакавме да го учиме нивниот јазик и да комуницираме со нив. Покрај волонтирањето, причина плус поради која се зачленав во Црвен Крст беше и запознавањето нови луѓе. Стекнав толку многу пријателства, што сега сум му многу благодарна на брат ми што ме убеди да се зачленам. Па девојки, дали сте вие волонтер во Црвениот Крст? Ако сте, слободно споделете некои доживувања и импресии
Многу сакам да се зачленам, сакам да помагам на луѓето, да се дружам.. ама се нешто немам време и се сивикам ај утре, ај другата недела.....
Не сум волонтер во Црвен Крст, веројатно понатака незнам, се зависи од тоа колку ќе имам време.Но го знам тоа чувство кога некому ќе му помогнеш,бидејки ми се случувало и од самото тоа што сум помогнала некому,токму тој некој да ми биде толку благодарен,да ме благословува и едноставно да биде среќен,а се луѓе кои воопшто не ги познавам,туку сосема случајно ќе ги сретнам.Знам и колку значи тоа кога некому ќе му помогнеш,едноставно немам срце некого на кого му е потребна помош да го одбијам
Лена, во која општинска си волонтер? =) Инаку јас бев долгогодишен волонтер во ЦК и ќе кажам дека имам поминато преубави моменти и тоа волонтирање ми има донесено прекрасни искуства, пријателства, патувања.. Затоа дечки, go for it! Нема да зажалите
се обидов да стапам во контакти со тие повозрасните волонтери преку менторите на помалите во Даре Џамбаз, ама неуспешно (за џабе си го губев времето се башибозук невиден)
И јас исто како тебе, неможам на некој да му кажам `не` ако ми побара било каква помош Волонтер сум во Охридската општинска организација. Се согласувам и јас ... преубаво е Спојлер П.С: Елена, не Лена
А кои предиспозиции се потребни за да се биде волонтер во црвен крст, каква е постапката и дали има вакви волонтирања во другите градови низ Македонија, еве поточно во Битола?
Хехе, извини за името Инаку знам зошто ти е преубаво, Анета е прекрасен координатор и човек и затоа тој клуб е еден од најуспешните во Македонија... Еве апел до сите да се приклучат! За Феминкаа - не требаат никакви предуслови, се таму се учи, и мора има во Битола Клуб на Млади, во сите градови има. Еве инфо да Видиш каде се наоѓа, па оди слободно прашај http://www.bitola-redcross.org.mk/
Со кој контактираше? Пиши ми во ЛП, да видиме дали кај правата личност си отишла, може ќе можам да ти помогнам
Ништо, уживај, често ме грешат Анета си ја извршува својата задача на прекрасен начин, секогаш е полна со идеи и секогаш е тука за она што ни треба. Навистина научив многу од неа Сите што сакаат да станат волонтери се добредојдени во сите општински организации, верувајте
Да да точно е тоа, јас сум волонтер во црвен крст иако сега брзо се зачленив. Многу сум задоволна и се надевам дека ќе има многу дружење, ќе помагам на многу луѓе бидејќи и тоа струдирам, тоа е мојата идна професија. Зачленете се ништо не губите само може да доживеете многу работи и да стекнете многу нови пријатели. [mod-kirilica:2hpg91rs][/mod-kirilica:2hpg91rs]
Не знаев дека има вква тема и да и јас сум волонтер на црвениот крст околу 1година и нешто и преубаво е..Ке ви кажам само едно, што го научив тука Ова е единственото место каде ќе се изградите во правилни личности и карактери, а воедно ке правите и нешто корисно.... :!
Барав ваква тема но не најдов, затоа се решив да ја отворам Секако, се согласувам со двете, волонтирањето во ЦК е многу убаво од секоја гледна точка. Марија, браво што си се одлучила тоа да ти биде твојата идна професија. Навистина ми е многу мило
кога сме веќе кај Анета.. немам сретнато човек со поголема душа од нејзината. најдружељубива и најинтересна координаторка. И јас сум волонтер во општинскиот Црвен Крст иако во последно време немам учествувано во акциите бидејќи сум зафатена
Јас би сакала да волонтирам во црвен крст, со оглед на тоа што учам медицина, имав шанса, меѓутоа ограничена сум со времето поради многуте училишни обврски, некои мои соученички веќе 1 одина како волонтираат, така да од септември можеби и јас ќе почнам
Се согласувам и јас тука. А ти во Охридската организација си волонтер или друга? Баш ми е мило што си се решила да почнеш да волонтираш. Се надевам дека ќе ти е преубаво и ќе научиш многу.
Прекрасно е чувството да се биде дел од некоја хуманитарна акција и да се помогне на било кој начин. Досега сум имала можност да го доживеам тоа 2-3 пати.. И би сакала да се приклучам на некоја волонтерска организација, па би ве замолила да ме посоветувате каде и да ми кажете нешто повеќе во врска со тоа бидејќи еве гледам неколку девојки веќе цела година се во Црвен Крст и се стекнати со некое искуство Благодарам однапред
И јас би сакала да волонтирам во ЦК. Ме интересира какви активности вршите вие што сте зачленети и колку од вашето време го поминувате таму