1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Волонтирање во Црвен Крст

Дискусија во 'Слободно време' започната од L-enna, 15 мај 2011.

  1. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Синтија и Лавлост, јас повеќе не волонтирам во ЦК. Не е поради тоа што не ми се допаѓа, напротив, супер е, да знаете. :)
    Имавме состаноци еднаш во неделата, по 1 час, иако ако имавме уште работа останувавме уште пола час плус. Според тоа што научив, најважни се ЦКА-ПХВ проектите (Црвен Крст во Акција-Промоција на Хумани Вредности). Секоја општинска организација прави неколку мали проекти (пример: собирање пари за операција на некој човек на очите; собирање пари и купување на колички за лицата со посебни потреби итн). Тие се праќаат во Скопје, во седиштето на Републичкиот Црвен Крст и таму секој проект се наградува со ѕвездичка и сонце. На општинската организација со најмногу сонциња и' се подарува Пехарот на ЦКА-ПХВ. И да, да се пофалам, оваа година го освоивме ние во Охридската организација.
    Ако сакате нешто повеќе да знаете, прашајте. Мислам дека помогнав. :)
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. maleckataa

    maleckataa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    44
    а како можам да се зачленам во ЦК,,,,! :)
     
  3. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Извини што ти враќам олку касно, ама сега видов дека си пишала.
    Оди во просториите на Црвен Крст во твојот град, кажи им дека сакаш да станеш волонтер и ќе ти дадат да пополниш пријава (име, презиме ... ) и мислам дека ќе треба да платиш чланарина, но не ме фаќај за збор. :)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас сум волонтер на ЦК во Неготино. 4 години сериозно волонтирав, заедно со моите другари и другарки, но сега од кога сум на факс, немам толку време, имаме многу нови членови, кои ја продолжија работата што остана, и прават најразлични акции и семинари од кои сите ние постарите волонтери сме многу задоволни. Инаку сме биле многу пат и на ЦКА ПХВ, во Струга, во шатори, најразлични игри, логички размислувања, зближување со сите волонтери од различни градови и сл.
    Горда сум што сум волонтер на Црвен Крст, иако сега не толку често, и мило ми е што знам дека на многу фамилии низ Неготинои околните села им имаме помогнато, барајќи спонзори, и организирање на големи хуманитарни журки, со цел да се соберат потребните средства за фамилија, или пак, одење во поголеми фирми, и им оставаме жиро сметка, на која можат да остават пари. Многу пати каде што гледаме дека парите не помагаат, како на пример татко алкохоличар, без мајка, или слично, со парите им носиме облека јадење, играчки, или им обезбедувавме леб за цели 6 месеци по ред да имаат. Колку можеме помагаме и морам да кажам дека ова ми е една од работите со кои се гордеам.
     
    На Elenuskaa, maleckataa и L-enna им се допаѓа ова.
  5. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    anuskaNESTLE и јас волонтирам во ЦК Неготино и стварно е прекрасноо јас сум тука веќе 9 месеци :D
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Кога бев 1ва година средно, за проектна активност во група неколку ученици работевме проект за лицата со специфични потреби. Ни требаше помош од Црвен Крст и веднаш се упатиме во Даре Џамбаз каде се зачленивме како активисти. И од тогаш почна се.
    Бевме мошне активни, одевме во дневните центри за лица со посебни потреби како на пр. Порака, кога и да имаше некакви проекти за помош на глувонеми, слепи лица или деца без родители - секогаш учествуваме. Одевме на семинари надвор од Скопје каде научивме како да даваме прва помош при најразлични повреди, имавме предавања за разни видови на болести и како да ги превентираме и сл.

    Пред се, запознав многу други активисти, а дружбата е одлична. Не само што имате можност да помогнете некому, туку имате можност и да ширите познанства, да стекнувате нови пријателства и искуства.
    Сега за жал, со факултетските обврски немам многу време да волонтирам, но доколку ми се пружи шанса повторно да учествувам во некој проект, со сигурност би прифатила.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас бев волонтер на ЦК 3 години.
    Преубаво си поминав и научив многу... Покрај тоа што и во школо ги имав некои слични работи ваму повеќе ги примеенував во практика.
    (не сакам да испадна фалење) Но бев пресреќна кога ме истакнаја за најдобар санатор за рани, и најдобро будење од бессвесна состојба.
    ... Научив многу, стекнав познанства и пред се помагав на оние кои им беше потребно
     
    На Elenuskaa и L-enna им се допаѓа ова.
  8. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Многу сакам да помагам на луѓето.. и сакав да се зачленам за волонтер во Црвен Крст.. но поради многубројните обврски неможев, наредна година се надевам ќе биде ;)
     
  9. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    па кога бев во основно бев дел од некои акции на црвен крст, но сега немам време :/
     
  10. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми даде подетални информации околу волонтирањево, на колку време имаат акции, што се треба да правиш и слично :) Сакам да се пријавам за волонтер но да прашам прво што како :*
     
  11. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    ^
    Сè зависи од тоа во која општинска организација ќе волонтираш. Мислам дека секаде се одржува по 1 редовен состанок неделно каде што се договараат акциите и слично. Сите организации се водат според традиционалниот календар на активности, но можат да организираат и други различни акции. Ако волонтерите имаат желба и можност за тоа, секако.
    Се запишува со Пристапница, годишна членарина е 50 ден.

    Инаку волонтирањето во ЦК е супер искуство бидејќи покрај тоа што помагаш некому, си помагаш и себеси. Има многу обуки, работилници, семинари и програми во кои можеш да учествуваш и постојано да се надоградуваш.
    Се надевам дека ќе ти е убаво и ќе споделиш некои убави моменти. :)
     
    На sagittarius57 и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Гледам доста Црвенокрсташи тука :)
    Дечки се спремате за флешмоб? јас сум многу возбудена, едвај го чекам 27ми ^_^ :clap:

    Не е 150 ден. членарината? :?:
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Инаку флеш мобот одлично помина и сите беа задоволни. :)
    Таму сум веќе скоро година ако не се лажам , не памтам точно и според мене супер е.
    Запознаваш нови пријатели, одиш на акции, кампуваш, се дружиш. . . ^_^
    За дружба-прекрасно место !
     
    На L-enna и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  14. victoria7

    victoria7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    37
    Сакам да волонтирам во Црвен крст, но гледам дека повеќето од Скопје и Гевгелија се пуштени во кампот за мигранти. Сакам да прашам дали некоја од вас е запознаена дали волонтерите ги пуштаат таму или како одат тие работи ?
     
  15. New York13

    New York13 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2016
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Да станеш волонтер во Црвен Крст е најубаво искористеното слободно време, се стекнуваш со многу убаво чувство дека си му помогнал некому, а и не само тоа се стекнуваш со нови пријатели:D:D
     
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Штo всушнoст прaвите, кaкви aктивнoсти?

    Имa нештo кaкo предуслoв дa стaнaм член?
     
  17. New York13

    New York13 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2016
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Секој може да биде волнотер, само треба да отидеш до општинската организација на Црвен Крст во твојот град и да се зачлениш, секретарот и клубот на млади ќе те запознаат со активностите на Црвен Крст. Општинските се отворени од 8 до 17часот .
    Црвен крст работи во неколку области:
    -ДИСЕМИНАЦИЈА
    Во поширока смисла на зборот дисеминација е ширење на знаењата за Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, улогата и мандатот на Меѓународниот комитет на Црвен крст, Меѓународна федерација на национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и активности на национални друштва, основните принципи на Движењето, Меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности.

    Основни принципи:
    • ХУМАНОСТ
    • НЕПРИСТРАСНОСТ
    • НЕУТРАЛНОСТ
    • НЕЗАВИСНОСТ
    • ДОБРОВОЛНА СЛУЖБА
    • ЕДИНСТВО
    • УНИВЕРЗАЛНОСТ
    -СОЦИЈАЛНО ХУМАНИТАРНАТА ДЕЈНОСТ
    Социјално – хуманитарната дејност е значаен сегмент од севкупната содржина на активностите на Црвениот крст на Македонија. Со реализација на социјално – хуманитарните активности Црвениот крст придонесува во подобрување на социјалната сигурност на граѓаните особено на лицата кои под влијание на низа неповолни надворешни фактори имаат потреба од помош за надминување на проблемите со кои се судруваат.Активностите на овој план се насочени за обезбедување на помош на ранливото население, а особено на децата без родители и од материјално необезбедени семејства, хендикепираните лица, старите и изнемоштени лица, како и на граѓани со материјално – социјални проблеми.
    -Подготвеност и дејство при катастрофи
    -ЗДРАВСТВЕНО ПРЕВЕНТИВНА ДЕЈНОСТ
    Намалувањето на ранливоста на населението на здравствено превентивен план, е една од задачите во работата на Црвениот крст на РМ. На здравствено воспитен план се реализираат повеќе активности во согласност со стратешките определби, мандатот на организацијата и календарот на традиционални активности на Црвениот крст на РМ, со можност за проширување на делокругот на работа преку реализација на програми и проекти. Позначајни програмски активности:


    • Намалување на стигмата и дискриминацијата кон луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА, и Туберкулоза;
    • Намалување на штети кај интравенозни корисници на дроги;
    • Палиативна грижа и домашна нега;
    Едукација на населението од областите на превентивната здравствена заштита.
    Ева ја официјална страна на ЦКРМ(Црвен Крст на Република Македонија)
    http://ckrm.org.mk/ Позз
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Би сакала да волонтирам во ЦК,каде има во Карпош во Ск ако знае некој?И ако има некој сегашен или поранешен член нека пише ЛП.
     
    На majaskkkk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    79
    И јас сакам да станам волонтер. Кои се обврските? Каде треба да се пријавам и што би правела?
    Фала
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Iguanaboy

    Iguanaboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Јас сакам да се зачленам како волонтер. Имам 24 години па така да не знам да не е малку касно, дали има околу моја возраст. Сакам да запознаам нови луѓе и во исто време да помогнам колку што може. Споделите мислење, дали е интересно и какви активности има?
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.