1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Волонтирање

Дискусија во 'Барање работа' започната од Amaia, 15 ноември 2010.

  1. Amaia

    Amaia Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Можеби темава и не би требало да биде тука, но сепак не најдов посоодветно место од ова. Инспиририрана од мојата желба да волонтирам некаде, решив да ја отворам темата.
    Некои волонтираат со мисла дека ќе добијат работно место со постојан работен однос. Други пак со желба да помогнат некому, да се чувствуваат покорисно, рационално да го искористат времето. Јас би се сместила во втората група.
    Па, тука оние кои се поискусни во оваа област нека ги споделат со нас нивните искуства.
    За тоа кој бил мотивот да се започне, каде и од кои причини започнале со волонтирање.
     
    На BojanaLegija и somebady им се допаѓа ова.
  2. kristaa

    kristaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Јас сум член на волонтерско друштво веќе 1 година, мотивот ми беше за работа преку лето. Сакам да работам и плус некој денар повеќе не ми се на одмет... Ова лето работев на олимписки базен и добро бев платена според работата што ја работев. А за др. лето ме планират да работам во кафич или во хотел на рецепција. Стварно е забавно, па се организират журки, состаноци, дебати... Интересно е вреди да се проба, имам неколку случаеви со тоа заминаја во друга држава па ене ги си уживаат.
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Ова твоево не е волонтирање.

    Иначе јас волонтирав пред две години, летото... Имаше кај нас хорски фестивал чиј директор беше мојот диригент (веќе бивши диригент), па хористите (воглавно) бевме ангажирани како локални водичи на хоровите кои доаѓаа од странство. Таа задача ја имав неколку дена, имав точно определена рута секој ден и го носев хорот на точната локација. Ги носев на јадење, на настапи и на забави.
    Хорот беше полски и повеќето беа стари луѓе, но сепак ми беше забавно (и покрај нервозите што ги имав на почетокот :lol: ) и ми беше криво што толку брзо заврши.
    Со задоволство би волонтирала пак и пак и пак.
    Иначе имам желба да волонтирам во некое друштво за заштита на животни.
     
    На BojanaLegija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    Безрезервно го поддржувам волонтирањето, иако за волја на вистината. не сум волонтирала, барем не повеќе време. Сум имала задачки слични на оние Хипи што ги опиша, ама не сум волонтирала некаде со месеци, па и години.

    Во мојот случај, некако не излегло. Растев во некое чудно време - особено кога бев средно, и почеток на факултет. Фирми во кои човек можеше да волонтира речиси и немаше (90-тите години беше тоа). Имаше граѓански организации во кои можев да волонтирам, ама некако не бев свесна за тоа. Особено актуелни беа оние кои се занимаваа со заштита на животна средина, а мене тоа ми беше љубов голема.

    После се отворија многу можности за работа, па почнав да работам уште кога завршував 3-та на факултет, и повторно не помислив на волонтирање. А имаше моменти кога ми беше криво што не сум волонтирала, посебно што не сум членувала во некоја граѓанска организација. Што е право, и сега можам. И ќе се зачленам, ама кога ќе можам да се посветам. Нека пркнат децата.
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Волонтирам да, таков ми е и факултет, а зошто годинава си го засакав, со мерак си волонтирам... Не ми е за парите, убаво ми е да ми е исполнето времето, нешто ќе видиш, ќе научиш, ќе запознаеш луѓе и секако може да помогне во иднина.
     
  6. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Јас волонтитав или на пракса одев лани во Стопанска банка во оделот за виза картички плус и добив обука за АТМ картички, за две недели пракса добив 900 денари, а потрошив тодупло :envy: , ама праксата останува. Но, грешката на сите факултети е што на студентите не им овозможуваат пракса или волонтирање по струката, но претежно во огласиве за работа бараат со работно искуство.
     
    На simona19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WalterBishop

    WalterBishop Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    па волонтирањето како преоден период од факулетските клупи до вработувањето е добра ствар... како што рековте сегде се бара работно искуство, а каде би го стекнале ако не со волонтирање... на крајот на краиштата тоа овозможува создавање работна навика, одговорност, едноставно да се осети шмекот на работното место, напорот, практична примена на тоа што е научено на факултет. Реално знаењето на факултет стекнато без пракса е џабе. А позитивната работа е во тоа што ке има што да се наведе плус во сивито, изгледа подобро кога ќе можете да наведете некое работно искуство нели...
     
    На simona19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Убаво е волонтирањето за време на летен период, волонтирање во невладини, волонтирање во добротворни организации, ама денес со волонтирањето/практиканството се искористува младата работна сила.
    Сите компании од помали до најголемите компании во Македонија зимаат млади луѓе, дел сеуште што студираат, дел дипломирани кои не можат да си најдат работа од својата струка (бидејќи реално ние имаме многу кадар, а малку работни места) и одат на пракси и волонтираат во фирми за смешни суми. А фирмите им продолжуваат и продолжуваат такви договори со години. И на крај дел ќе ги вработат, дел ќе ги шутнат и ќе им се заблагодарат, а на дел од нив иако работеле година дена можеби ќе вработат нов друг нивни човек без грам работно искуство.

    Така да има многу различни начини на волонтирање.
    Во глобала го оправдувам, ама и мора државата малку да внимава и министерството за труд и социјала и да донесе добар закон за волонтирање. Донесоа пред година дена, ама ужасно е лош. Ако се продолжи на овој начин апсолутно искористување на младата дипломирана работна сила ќе се дозволи.
    Луѓе со години работат како практиканти за смешни суми во големи фирми. Не се месеци, години зборам!
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Росонерке, нели ако работи за БИЛО КАКВА сума, тоа веќе не е волонтирање? Волонтирање е ако воопшто некој не е платен за она што го работи т.е. работи бесплатно.
     
    На PrettyWoman му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Хипица, според Законот за волонтери, на волонтерот може (но не мора) да му се плаќаат 3000 денари месечно (мислам таа беше сумата... можно е да беше помала) за храна и патни трошоци.
    Јас волонтирав 3 месеци во Градска библиотека. Книгите се моја прва љубов и кога завршив факултет сама отидов (во невладина организација и ги замолив да ме пуштат во библиотека) и сакав да волонтирам, иако моето образование нема допирна точка со литературата.
    Работев со љубов, тоа е идеалната работа за мене :) . Библиотекарките ме оставаа сама да ја водам библиотеката уште во првата недела. Прекрасно поминати три месеци. Се чувстував корисно и исполнето, многу се нервирав кога ќе ми речеа дека ме користеле, зашто тоа го правев од љубов. Е на крајот се случи нешто што не ми се допадна. Директорот сакаше да ми го продолжи договорот за волонтер (без плаќање нормално), но од невладината пуштија друга девојка (која разбрала дека може да волонтира, а претходно се пријавувала за работа во библиотеката па мислела после ќе ја вработат и веднаш се поврзала со луѓето од невладината...). Многу ме повреди тоа да ви кажам право. Сакаш да одиш да работиш без пари, само за да бидеш корисен, а на крај те шуткаат... тоа е. Ми рекоа додуша доаѓај ако сакаш уште, ама нема место :D . Не очекував воопшто да ме вработат, зашто знам каква е ситуацијата со државните институции и немам намера да извадам партиска книшка, но не очекував дека и за волонтирање треба да имаш пријатели.
    Nevermind, денес станав активист на Црвен Крст :). Тоа не одзема многу време, а можам да помогнам при проекти, па со задоволство ќе се вклучам во активностите.
    За институциите (овде на банките мислам најмногу) дека искористуваат - точно е. Само и волонтерите таму одат со друга намера (со надеж за вработување). И да разграничиме - практикант е различно од волонтер.
    Јас лично не се чувствував искористена затоа што знаев дека нема да ме вработат и одев затоа што сакав. Дури се радував кога ќе излезеа сите и ќе останев сама прекувремено во рајот со книгите :) .
     
    На BojanaLegija, rosen, howdoyoudo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. littlegirl92

    littlegirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    а да те прашам преку која невладина волонтираше?? мене ми е животна желба да волонтирам во библиотека, рај со книги, ама во тие што сум член не сум слушнала за ваква шанса
    иначе за Црвен Крст, не знам од каде си ама јас бев волонтер таму пред две години и не сакам да те разочарам ама мене не ми беше нешто посебно
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Волонтирав преку проект пред две години преку кој невладините праќаа волонтери во јавни установи. Тој проект заврши. Не мора да одиш во невладина, ако имаш голема желба оди директно во библиотеката и разговарај со надлежните. Само не се обраќај кај библиотекарките, туку побарај да разговараш со директорот и објасни му дека сакаш да волонтираш без надомест (зашто надомест нема да можат да ти плаќаат - министерството не одобрува речиси никогаш :| ) и дека тоа ќе го правиш со љубов и без притисок за вработување.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. littlegirl92

    littlegirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    Фала ти многу, баш ќе видам што можам да направам .
    Фала уште еднаш.
    Ако те интересира нешто за волонтирање слободно прашај ме. Којзнае каде се не бев волонтер :rofl:
     
  14. LadyBug.k

    LadyBug.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    13
    littlegirl гледам имаш искуство со волонтирање..кжи ми ти како почна со тоа зошто јас појма немам како одат тие работи а многу сакам да е занимаввам со било што така ми поминува времето ништо не правам..кажете пример некоја невладина или така нешто каде би можела да се обратам :) :)
     
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Волонтирам од 15 години и имам стекнато огромно искуство кое ми има донесено многу позитивни работи во животот. Волонтирав во Клуб на млади на Црвен Крст и сметам дека Црвен Крст е многу добра работа за средношколци. Преку ЦК имав можност да запзнаам многу врсници од секаде низ светот па и да патувам надвор од земјава.
    Потоа имам волонтирано во Радио, во списание, сето ова во средно.
    Сега си водам проект преку американска невладина за запирање на насилство врз жени (и си волонтирам сама на себе :D ) плус сум член на уште една невладина во Скопје :)
    Не сум била платена никогаш, а сум се посветувала максимално, ама затоа сега гордо си гледам во СВ то и сфакам дека имам добиено премногу од волонтирањето :)
     
    На BojanaLegija и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. dina-mit

    dina-mit Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Навистина мора да се прави разлика помеѓу практикантство, евентуално злопотреба на беплатна работна рака и волонтирање.

    Сакам да истакнам дека постои разлика помеѓу „облигаторното“ практиканство кое често го заменуваме со„волонтирање“ а не е тоа, туку е задолжително и поврзано со некаков услов од факултетот или училиштето. Во некои држави и ова е вброено во волонтерство, но е поинаку уредено.
    Кај нас, според Законот за волонтерство - волонтер е физичко лице кое дава услуги, вештини и знаења во корист на други лица, органи, организации и други институции, на доброволна основа и без финасиска или друга лична добивка.

    Веројатно постојат и фирми каде се злоупотребува „бесплатна работна рака“, но можеби се заменува и „практиканството“ и тест периодот на кандидати за вработување со „волонтерство“, што пак не е тоа.
    Волонтирање не може да се реализира во профитни организации! Туку, организатори на волонтерска работа може да бидат исклучиво непрофитни организации и институции (здружение на граѓани, верска заедница и религиозна група, јавна установа и орган на државна власт).

    Ако веќе те интересира, од искуство, можам да кажам дека волонтирањето е прекрасна работа! Мислам дека сите луѓе треба да го прифатат како филозофија на живеење! :)
    Пак, од искуство, морам да кажам дека јас почнав да волонтирам со желба да помогнам, да бидам корисна за некого друг, а не само за себе... Сум волонтирала за различни организации, и некогаш е прекрасно, а некогаш и не е најубаво искуство (зависно од приемот и подготвеноста на организаторот на волонтерската работа)... сепак, секогаш е ново искуство, нова радост кога ќе ја завршите работата и ќе видите дека некому тоа му било корисно и му помогнало (некогаш ефектите се гледаат многу подоцна).
    Дополнително, морам да кажам и дека волонтирањето се „исплаќа“ - не финансиски, секако. Но, она што може да се стекне преку волонтирањето е непроценливо (за ова станав свесна после повеќе години волонтирање, што влијаеше веројатно и до некаде кон лична промена, верувам на подобро :) )
    Гледајќи наназад, морам да признаам дека од волонтирањето имам две главни придобивки:
    1- неверојатната среќа што ја чувствувам во душата кога ќе се заврши некоја работа, кога ќе се види ефектот од волонтерскиот труд, и
    2- искуствата и знаењата кои сум ги стекнала преку волонтерската работа (што гарантирам дека на друг начин не може да се стекнат!) кои ми се и тоа како (!) корисни во животот.

    Сум ги прашала волонтерите кај нас во организација (младинска организација) „зошто доаѓаат, зошто волонтираат?“, а потоа и „зошто останале?“ (особено од аспект на тоа дека секогаш примарната мотивација испаѓа да не е задоволена), и, одговорите се главно во насока дека - интересно им е, им се допаѓа што се дружиме, сакаат да бидат корисни, сакаат корисно да го потрошат слободното време, сметаат дека може да научат нешто ново, им се допаѓа односот кон нив, различно е од се’ друго што на друго место може да го прават...

    Е сега :) за да не разврзувам уште многу :), ако се’ уште не си нашла волонтерска позиција за себе, а со оглед на тоа дека можеби знам некоја организација од твојот град, те молам пиши ми од кој град си (dina@macedonia.eu.org), па ќе видам ако можам да ти препорачам каде да се обратиш и да се обидеш да се вклучиш...

    Поздрав до тебе и сите волонтери!
     
    На roberta-rubi и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. tweetygirl

    tweetygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    Волонтирам во Црвен крст иако сум од неодамна веќе 2 месеца супер ми е
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    A kako да се пријавиме јас би акала,ај пиши ми во лична порака :)
     
  19. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Волонтирам во една невладина организација каде што спремаме претстава, а собраните средства ќе ги донираме (сè уште не знаеме каде). Јас сум од неодамна член, но ќе продолжам, а од невладината организација и пред тоа организирале хуманитарни настани. Додека бев на одмор во Хрватска пред три-четири години, од организацијата што не носеше (нема врска со волонтерство) волонтиравме во Црвен Крст во Хрватска.

    Немам некое големо искуство, но досега можам да кажам дека е прекрасно, пред се некому помагаш, запознаваш нови личности и се дружиш и се чувствуваш исполнет. Дефинитивно ќе продолжам со волонтерството.
     
    На roberta-rubi, KuklickaSk и LivingGlam им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989

    Нека стои еве за сите..

    во скоро секој град има општинска организација на Црвен Крст . А во скопје има општински канцаларии и плус Црвен Крст на град Скопје.
    Сите овие имаат Клуб на Млади, во којшто има најмногу средношколци кои работат на проекти, организираат настани за помош, држат едукации итн.
    АКо сакате да се вклучите, треба да одите во тој Клуб на Млади, да пополите формулар и ке ве викнат на состанок :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.