1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Волонтирање

Дискусија во 'Барање работа' започната од Amaia, 15 ноември 2010.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    неостварена желба ми е волонтирање во здружението Борка, се обидов со сите можни начини, одев таму неколку пати( додека беше Зоран христовски координатор) и со сегашната координаторка зборував, и ми даде меил(нејзин и на Биба Додева) ама ништо, само разочарувања...
    ;( очигледно е дека немам шанси да влезам таму како волонтер, а толку сакав и сакам... ;(
     
  2. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    61
    А во која невладина организација волонтираш за спремање на претстави?
    Баш би сакала да волонтирам и јас така за претстави или слично...за волонтирање во театар дали знае некој дали можи да се волонтира? некоја информација...?
     
    На BojanaLegija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Невладината се вика Младински Инцијативи и работи пред се со тинејџери и со ученици во средно образование. Професорката по германски (каде што учам) е една од сопственичките на невладината и преку неа неколкумина од моето училиште спремаме претстава (значи исклучиво сме ние, не сме помешани со други училишта). Ги има на Фејсбук, ако сакаш можеш да се распрашаш, не сум доволно запознаена со тоа кој се може да учествува и дали е само за тинејџери или не. :)
     
    На BojanaLegija и roberta-rubi им се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Браво девојки, мене ме интересира за волонтирање во библиотека. Ако некој има некои информации нека пише.
     
    На poetesa09 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. evitra

    evitra Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Еве го моето искуство со волонтирањето:
    Кога завршив средно образование, размислував за факултет ама и не баш, не знаев ни што ни каде. Еден другар кој во тоа време членуваше во една граѓанска организација ме викна да му помогнам околу организирање на еден настан, не официјално како волонтер, онака. Две, три недели така со него работев и ми се допадна начинот на кој функционираат членовите. По завршувањето на настанот се зачленив во истата организација. Не беше лесно да научам како се планира програма, проект, активности, буџет, трошење на средства, и уште мноооооогу други задачи. Две години, без надомест бев волонтер. За тие две години учествував на најмалку 20 обуки, конференции, средби со други организации, од МК и од странство. После две години, се осудив да побарам да си го наплатам трудот. Во организациите ако напишеш добар проект, и ја погодиш целта на донаторот ќе ти дадат пари за реализација, ако имаш само добра осмислена идеја, која не е цел на донаторот кој објавува повик за грант, тогаш не проаѓа. За среќа проектот доби зелено светло за реализација. Успешно заврши и јас, цела година, секој месец си добивав хонорар. Е кога веќе се навикнав на платена работа, не можев веќе да се вратам назад. После тоа уште едно десетина проекти реализиравме, кога хонорарот беше Ок, кога мал, но не се жалев. Супер се чувствував, запознав огромен број на лица од секаде МК и надвор и башка моето CV беше полно со искуство. Почнав да барам работа, не дека е посигурно за плата, ама сепак, се потешко и потешко се добиваа грантови за проекти. Се вработив, врз основа на искуството од граѓанскиот сектор и само со моето средно образование. Првата година се запишав на факултет, тоа беше малку напорно, работа и факс, не би ви препорачала. Сега запишав и втор циклус студии (ова, некако полесно ми оди, помалку испити и професорите се флексибилни). Поентата ми беше дека волонтерството го одреди мојот правец во животот. Грабајте искуство од секаде и мислам дека и самодовербата ми се подобри во однос на професионален план и во барањето работа. Комуникацијата со различни лица е многу големо искуство во понатамошниот живот.
    Во однос на граѓанските организации, интернет страницата mango.org.mk има адресар на организации во Македонија.
     
    На BojanaLegija, simona19, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. logopop

    logopop Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Mozebi ne e pravoto mesto no ova mi izgledase najsoodvetno kade bi mozela da prasam dali nekoj znae da mi kaze dali e potrebno staziranje za diplomirani logopedi( sto posle diplomata ) trebali nekade da se sprovede staz za da se izvadi licenca za rabota dokolku sakas da otvoris privaten logopedski kabinet,eve diplomata ja imam i kade bez licenca koj treba da ja izdade,i kade treba da se obratis ovde kaj nas nikoj nema pojma sto etoa nitu ministerstvoto za trud i socijala,nitu ministerstvoto za zdravstvo ;ako nekoj ima bilo kakvi informacii mnogu ke mi znaci.
    [mod-kirilica:18t8l6lr][/mod-kirilica:18t8l6lr]
     
  7. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Каде можам да волонтирам, или незнам да учествувамм во проекти за околината, заштита на животни? Фала :)
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
    Точно е дека со волонтирањето/практиканството се искористува младата работна сила.
    Но сепак мислам и дека им се дава шанса на младите она што го “бубаат“ во книгите да видат како изгледа во реалноста макар што не е ни малку блиску,практичната со теоретската работа.
    Во трета учевме предмет Фискална политика и професорката како жена на градоначалникот ни даде можност да посетуваме едно месечна пракса во Собранието на општината.
    Потоа имам едно месечно практично искуство за време на студиите во Тутунска банка,и како што спомнав имам завршено обука за Агент во продажба на NLB Нов пензиски фонд,за кој повремено се вршат и презентации и штандови.
    И да не заборавам најинтресно практично искуство ми беше во ONE-телекомуникацискиот оператор.
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Во зоолошка градина пред 2-3 недели бараа волонтери,имаше огласи во весниците, веројатно сеуште можеш да се пријавиш ;)
     
  10. Lady90

    Lady90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    http://najdirabota.com.mk/DisplayVacanc ... ncy=581416
    Овде имаш оглас за вработување во библиотека. Не бараат никакви квалификации, па со среќа :)
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Може некој да ми објасни штое тоа волонтирање?
    Првпат слушам :$
     
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    волонтирање е работење без да бидеш платен. најчесто ако си волонтер преку невладина организација, планет ти епрестојот хранат апатот, ама работат не ти е. Иаку сум член на повеќе невладини организации, и преку нив бев дел од неклу летни кампови како волонтер, имам работено како асистент во повеќе кративни работилници , но и имам чистено и лакирано во повеќе национални паркови како екологист. за жал се уште немам волонтерска книшка.
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    За сите кои сакаат да волонтираат за концертот по повод одбележување 30 год од смртта на Боб марли, концертот се случува на 11 мај, во Парк кај Школка.



    -- Имаме потреба од волонтери за време на настанот и пред него.

    Contact mail : dejan.trpkovski@yahoo.com
    mob. - 075 728 - 682

    преземено од кадевечер
     
    На BojanaLegija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. The.Rainbow

    The.Rainbow Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    32
    Инаку во кое друштво си?И каде им се наоѓа центарот?
     
  15. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    волонтиранје DA доколку се работи за пократок период но јас знам луге што волонтираат со години во државни установи и добиваат само лажна надеж а не решение и кутрите и се надеваат а законите во странство се строго одредени волонтиранје само 2 години и потоа државата ти дава работа
     
  16. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Досега не сум волонтирала ама би сакала сега летото :D
    Сакав да прашам дали треба да имаш 18 год. и каде може да најдам група или како се вика некоја невладина организација за да се пријавам?
    Ако некој знае нека каже или нека ми пише ЛП. :)
     
  17. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Не мораш да имаш над осумнаесет години за да волонтираш. А има многу невладини организации, најдобро е ти да си побараш каде би сакала да волонтираш.
     
  18. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Радо би волонтирала некаде, имам ултра слободно време и веќе доаѓам до степен кога се прашувам што со себе понатаму.

    Проблемот е што сум многу малку информирана, иако ги пролистав сите 4ри страници не наидов на некој конкретен податок за тоа каде би можела да се пријавам како волонтер. Значи, спомнувате некои невладини организации, најверојатно се работи за организации со најразлични сфери на дејствување и сл, но име на тие, листа некоја, нешто поконкретно за истите?

    Значи, волонтирање било каде, не ми е воопшто важно затоа што единствено што сакам е да го пополнам слободното време и да се почувствувам корисно, затоа што спобудалев. |( |( |(
     
  19. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Феминки јас сум тазе дипломирана,и додека сум во тек на барање за работа и јас се прашував себеси што понатаму и каде.Пред неколку месеци сосем случајно на веб страната на една младинска организација прочитав дека им треба волонтер кој ќе им врши превод мак-анг.Си реков ништо не губам,напишав еден емаил пратив резиме и засега све е супер :).Кога започна летото видов уште еден повик за волонтери во една летна школа за деца од 10-16год аплицирав и таму мои задолженија се да ги водам групите во одредени активности работата со деца испадна интересна.Затоа Феминки ако имате слободно време подобро волонтирајте не губите ништо ќе добиете само нови контакти и искуство макар и да не е од областа на вашите студии.
     
  20. tweety88

    tweety88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    И јас сум заинтересирана да волонтирам во некоја невладина организација, па ќе ве замолам доколку знаете некои организации каде што им требаат волонтери да пишете на форумов или пишете ми ЛП. Ми се здосади дома, па сакам нешто корисно да направам и да си го исполнам времето.