1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Волонтирање

Дискусија во 'Барање работа' започната од Amaia, 15 ноември 2010.

  1. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Јас волонтирам на Клинички, како медицинска сестра. Веќе 2 лета по ред!!! Задоволна сум!!!
     
  2. AudreyHepburn

    AudreyHepburn Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    15
    jas bi sakala da volontiram vo nekoj dom so deca bez roditeli ili so deca so intelektualna zaostanatost...
    Najmnogu bi sakala da volontiram kaj deca so daunov sindrom.
    Znaete nesto? :)
     
  3. Perfection

    Perfection Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    14
    Јас сум волонтер веќе повеќе од 4 години. Сметам дека тоа е најквалитетно искористено време од мојот живот. Волонтирам во организацијата Црвен Крст. На почетокот, не бев баш нешто активна. Немаа толку доверба во мене, не ми даваа баш и некои посериозни обврски. Но, со текот на времето, се’ повеќе бев инволвирана во секој нов проект. Па, денес имам значајна функција во нашата организација, на која сум посебно горда.
    Чувството на некому да помогнеш е бесценето. Насмевката на лицето на гладните деца ти ја исполнува душата. Некогаш, ми е многу тешко што неможам да му помогнам на луѓето колку што сакам.
    Дури не се видат некои работи, не можеш да поверуваш во нив. Ваквата работа, ти врзува еден силен шамар. Сфаќаш дека твоите „проблеми“ се ништо, во споредба со ова, со тешките секојдневија, со сиромаштијата, гладот, болеста, која за жал завзема се поголеми размери во нашата држава.
    Секогаш кога ќе си дојдам дома, се чувствувам среќна, потсетувајќи се на нивните насмевки, задоволството. Се прашувам како некој може да биде среќен со толку мали нешта, а наспроти тоа, на некои никогаш ништо не им е доволно.

    Помогнете, а потоа ќе ви помогне некој вас!
     
    На BojanaLegija, Divinebutterfly, Miss-dior и 6 други им се допаѓа ова.
  4. anu666ka

    anu666ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    А што правите на волонтирањето,што работите?
     
  5. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Волонтирањето нема врска со работата :) . Можеш да волонтираш за што ти душа сака, било да е црвен крст или некоја друга невладина организација.. без разлика што планираш да работиш. :)
     
  6. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Волонторам во Црвен Крст во Неготино таму сум 9 месеци скорп супер е..... :inlove:
     
  7. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    9
    Ако има некој предлог каде би можела да волонтирам во Битола нека ми пише ;) Нова сум во градот, а имам и слободно време кое би сакала добро да го искористам... Ве поздравувам
     
  8. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    би сакала да знам дали некој може да ми помогне во врска со волонтирањето... јас сум од битола и сакам да волонтирам во болницата како психолог... дали некој знае нешто повеќе околу ова???? дали ќе ми дозволат да одам... што треба да направам... каде треба да се обратам..... или пак може и во некоја приватна ординација не мора на болница.... ако знае некој да ми каже однапред благодарам....
     
  9. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Тоа мислам зависи до болницата, доколку ти дозволат. Пошто една пријателка прашуваше, добро она и студира психологија, ама знам во една и рекоа може. Сега незнам дали ти студираш психологија или не. Доколу да, веројатно нема да има проблем. :)
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    добро бе луѓе како може да се волонтира?каде се оди каде можеш да се пријавиш со кого треба да се разговара или само да се оди во некоја невладина организација?не ми е ништо јасно околу волонтирањето
     
  11. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    за волонтирање се плаќаат само храна и патни трошоци,а не паричен надоместок за работењето...таа сума мзое да биде од 3000-4500 зависи во која институција,,а некаде може и без пари,,зависи тоа,,,обично волонтираат студентите кои зваршиле факултет,па тешко да најдат работа,па покушаваат на таков начин,,точно дека се стекнува навика,одговорност,убаво чувство дека работиш нешто,,но доколку волонтираш подолго време,,година и повеќе,,тогас се ствара негативно чувство кога гхледаш ккао другите за истата работа земаат плата,,а ти не си платен за тоа..
     
  12. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    женски ми треба помош од вас може е офф топик али ај дали некој знае кко треба да уизгледа потврда за волнтирање кај адвокат!треба да пополнам а незнам како!плс
     
  13. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Девојки ме интересира дали некој знае ,дали примаат волонтери медицински сестри во државна на хирургија ?
     
  14. Sunlight

    Sunlight Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    39
    И јас би сакала да волонтирам во Скопје, барем продуктивно ќе го трошам залудно изгубеното врме.. Е сега аку знаете да ми предложите каде можам да најдам некое волонтерско друшто. Најмногу би сакала да волонтирам на пример во дом за деца, СОС село и сл...
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Тешко е и како волонтер да влезеш во државна или јавна институција, па и во невладини организации (таму дури потешко, тоа ти е како во партија што си се поврзани фамилијарно и пријателски). За во јавна институција, на пример во држaвна ти требаат јаки врски за да влезеш како волонтер, особено за доктор ама ништо полесно не е ниту за медицинска сестра или друг профил. Нај често волонтираат на такви места со надеж дека ќе има огласи, ама еве гледате каква е ситуацијата, сега ќе примаат лекари а пола од тие лекари што работат по клиниките се недостојни да се наречат тоа, на форумов веќе имаше членови кои се жалеа од докторите и воопшто персоналот, ги мрзи да работат а и кога работат се несовесни. И сега уште ќе примаат :o а од други профили, болничари, хигиеничари, администрација што работат за нив не важи, тие ќе си волонтираат со години, битно докторите да ги сместат.
    За мизерен надоместок од 4.00-4.500 денари, со дежурства, непријавен, не вреди да си волонтер.Тоа за жал, ти е нај понижената класа, без разлика од степенот на образование.
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Избери организација, пиши им дека си заинтересирана да волонтираш, и прати им биографија.
    Го спомна детско село - пиши им, имаш контакт на сајтот... просурфај, најди некоја организација што ти се допаѓа, многу од нив примаат волонтери.
     
    На Sunlight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Teufel

    Teufel Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Имам 15 години, и заедно со една моја пријателка би сакале да аплицираме, да бидеме волонтери и да одиме некаде надвор од државата за време на летото. Секако, каде нема да плаќаме за патувањето, а таму ќе работиме, помагаме или сл. Дали можете да ми дадете некој линк, страна за аплицирање кое ќе ги опфаќа и моите години? Однапред благодарам!
     
  18. Kiki13

    Kiki13 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    види на оваа стана има http://www.vcs.org.mk/ не само за преку лето, има преку цела година, само види понекогаш има ограничувања за возраста :)
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    имаш 15години и сакаш да одеш некаде надвор од државата да волонтираш? :x баш ме интересира што би рекле твоите родители на ова јас на твое место би се сконцентрирала на школото и потоа да се запишам на факултет за ова би размислувала на 18 најрано...
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Јас веќе имам испратено меил до домот за деца без родители 11 Октомври, со желба за волонтерство, ама се`уште немам добиено никаков повратен одговор. Ако не добијам меил од нив во скоро време се откажувам од желбава, со цел да се посветам на други активности..