Би сакала и јас да волонтирам, волонтирав на повеќе места изминативе години, ама сега не можам да си најдам. Нешто да е поврзано со образование, маркетинг, право. Ако знаете нешто, пишете, ќе ви бидам благодарна
Еве мене денес мие трети ден од волонтирањето. Ќе трае 2 месеци и искрено овие изминати два дена убаво помина, учиш како се куца ова она, т.е. го усовршуваш тоа што го знаеш. Е можеби малку напорно од причина што многу работи се менуваат (навики). А сигурно ќе ми е уште понапорно кога ќе се тргне на факс.
Каде волонтираш? Јас се пријавив преку моф , резултати требаше да има во јануари уште нема, девојката што е одговорна вели дека уште институциите бирале волонтери, колку е точно незнам.
На нивната страна објавуваат огласи, ама не ми се сигурни со оглед на тоа дека од ноември во сега сеусште немаат објавено ни резултати ни реализирано нешто што беше опфатено во програмата.
EмGreen тешко дека некој би можел ова да ти го објасни мислам сепак за во суд бараат искуство или па можат да ти дадат едно 2 недели да работиш таму и сами они да те отпуштат ....така имам слушнато ...а можеби и нема врска...сепак треба добро да се распрашаме и јас учев право и јас сум заинтересирана за оваа област...посакувам секое добро позз...
Девојки еве ви оглас ако сте заинтересирани за волонтирање... http://www.fakulteti.mk/news/14-06-13/a ... nteri.aspx
Девојки дали некоја од Битола знае дали Младинскиот Културен Центар МКЦ има оглас за нови волонтери ама да е на подогло време и сместувањето е во Битола?? Гледам на официјалната страна ама нема ништо објавено. Ако некоја знае нешто пишете ми ЛП важно ми е
Јас сакам да волонтирам во Центар за кариера(организација на Економски факултет) , ако има некој искуство да напише како е, како најпрвин да станам волонтер, и кои активности треба да ги правам како волонтер?
бидејки сум нова на форумов има ли некој да ме советува каде би можела да се зачленам или нешто слично во некоја организација за волонтирање или работа за време на летниот период(инаку сум малолетна, се надевам не е до толку проблем за работа имам 16 год). ви благодарам однапред на помошта
Сигурно можеш да бидеш волонтер на Црвен крст, во зоолошка и сл.А за работа бидејќи си малолетна мислам дека е потешко малку, можеш да погледнеш на сајтот на fakulteti,mk (таму објавуваат за летни школи, пракси и сл.) ама не сум сигурна за возраста.
и јас сакам да волонтирам, но не сум баш запознаета со тоа. има ли и други невладини организации освен црвен крст каде може да се зачленам. ако имате некоја информација ве молам пишете ми во лп или тука. ви благодарам однапред
за црвен крст знам каде треба да се обратам за да волонтирам, но за во зоолошка каде да се обратам зошто тоа некако повеке ме интересира. ако имаш некакви информации те молам пиши. ти благодарам однапред.
Прочитав дека треба да одиш таму и да прашаш ако има потреба од волонтери ќе ти кажат.Така да најубаво е да отидеш и да прашаш.Мислам дека и во оваа тема имаше зборувано за тоа, побарај ќе најдеш.
akvarium ако ти нешто значи еве што може да очекуваш http://libertas.mk/писмо-на-читател-на-сите-волонтери-од-у/