И уште една обожавателка! Абе епизода не пропуштав (кога играше на А1). Моите тогаш ме караа бидејќи до касно останував пред телевизор само за да ги гледам Пред некој месец ги гледав на српската Прва. Да незнае некој дали уште ја има таму и во колку?
и јас сум им верна обожавателка сите епизоди ги имам гледано буквално не трепнував кога ги гледав сега мислам дека ги даваат на алсат телевизија некаде накај 12 часот вечерта не сум баш сигурна и се со македонски превод
јас сум лојал фан на серијава. Ептен ја сакам, кога првпат ја гледав на фох со нетрпение ја очекував следната епизода. Иако ги гледав сите сезони по 2-3 пати сега редовно ја пратам на алсат. Пајпер е мојот идол,многу ми е интерсна и пореална од трите сестри, а да не зборувам за Крис, ах што е сладичок ... Ако сака некој да ги гледа на алсат секој работен ден од 23,30 само во понеделник се од 00,10 сега е 6тата сезона, додека на youtube ги има сите сезоно со српски превод само пишувате charmed и бројот на епизодата
Се смеам кога се сетам дека со уште 2 девојчина пишувавме Книга на сенките, измислувавме магии, и правевме напивки со цел да ги уништиме наставниците и соучениците што не нервираа....
Не пропуштав порано епизода ептен ми беше интересен. А сега значи го даваат на Алсат така? Го даваат ли цела недела или од понеделник до петок ?
Лелеее серијава колку ја сакав,не пропуштав ниту една епизода И колку се смеев кога ги читав рецептите за магии, децана што си ги измислуваа. Потребни состојки: кал,листови,г*мно од врапче и имаа уште нешто што додаваа,знам ги читав на некоја страна Најмногу ги сакав и оваа Спојлер
Супер темиче.. Ги гледав редовно кога ги даваа на ТВ секојдневно..Потоа почнаа да ги даваат,чинам само во четврток па некако ги запоставив..И незнам како завршува серијата Фиби ја сакав најмногу...и секако Кол..и Крис мислам беше Да ја даваат пак..повторно би ја гледала...
Колку ја гледав серијава како мала, мислам дека епизода не пропуштав.Памтам бевме на екскурзија и дури и таму гледавме волшебнички сите заедно Инаку пред некое време повторно ги погледнав епизодите, ги симнав од интернет. Омилен лик ми е Фиби
Многу убава и интересна серија. Ја гледав кога ја даваа на А1 и паметам дека на почетокот ми беше страв да ја глеам , но потоа ми стана интересна
имене ми е омилена оваа серија, ја гледав редовно кога одеше на А1 и сега ја следам кога ќе ја фатам ја има на Алсат ја даваат во 11 или 12 навечер, ми беа интересни ако ништо друго барем добро се смеев имаше доста комични сцени, а и Фиби ја правеше поинтересна.
се сеќавам со сестра ми останувавме да доцна за серијава а сестра ми мислеше дека има моќ како на Пајпер
Пејџ бев, да! Еее, цела тетратка со дебели корици ја испишавме со магии. Па лепевме она знакчето, баш ко таа книгата. Правевме во оние мали шишенца напивки, па ги фрлавме по бандери!
Лол ама бев пренесена по филмот, шо глупиранции иам изнаправено.. нормално како и сите други си се замислував и јас дека сум како нив, ц ц ц сеа кога ќе се сетам шо сум праела....
инаку што се однесува до симболите кои се појавуваа во серијата се превземени од неколку рок групи конкретно за симболот од книгата е превземен од Лед Зепелин. исто така во една од епизодите го заприметив знакот на ХИМ групата, па знам Фиби кажа: незнам што значи ама се гледа дека е многу злобен , а истиот значи доброто и лошото во љубовта.
ја следев на а1, па сега и во алсат Три сестри сме, и така секоја се одлучи која ке биде Јас-Phoebe !
Опа, хахахах видиш, не го знаев ова, не ми ни текнало воопшто цццц чим од Лед Цепелин знаци користеле, уште повеќе ги поштувам . Ј Јас го гледав на а1, сега прв пат слушам дека го давале на АЛСАТ, а тоа се нови епизоди ли или?!? Не го гледав баш редовно, но кога ќе го начекав, доколку сум дома тоа време задолжително. Интересен ми беше. Јас си ја сакав онаа, новинарка што работеше, т.е. колумнистка, згодната, слабичката, како се викаше, заборавив .