Ја обожавааав серијава ги имам гледано сите сезони по 2-3 пати, а сега пак ја гледам 8 сезона на Алсат навечер во 23:30 порано од што бев опседната со серијава навечер стално сонував дека имам моќи како нивните
Тоа е една од ретките серии кои ги изгледав од почеток до крај, не пропуштајки ниедна епизода! Бев..маѓепсана.. Имав и јас книга на сенките, со друштвото правевме напивки па и што уште не Јас бев Пајпер
Јас нај,нај,нај искрено ја мраЗЕВ СЕРИЈАТА...(СЕКАКВИ ГЛУПОСТИ БЕА ИЗМИСЛЕНО ЗА НЕЈЗЕ(КАКО ТИ МОЖЕШ ДА СТАНЕШ ВОЛШЕБНИЧКА ))
На почеток не ми беше интересна, ама после фино си навлеков.Сега гледам на брат ми од никаде му текнало да ја гледа па ќе му се придружам Јас си ги љубев Фиби и Пајпер, а Крис.....
Јас тотално бев и се уште сум опседната со серијава... Сите епизоди по милиони пати ги имам гледано и пак уживам кога ги гледам. Дефинитивно една од моите најомилени серии...Фиби ми беше омилена од сестрите, дури по неа си правев фризури xD, но моќите на Пејџ и Пајпер мислам дека се најдобри!
Живеев од ден за ден само за да гледам нова епизода. Се опседнав со серијата. Фиби ми беше омилен лик, можеби затоа што ја гледав како најубава. Првата сезона ми беше најинтересна, понатаму почнаа да го затупуваат, со непотребни сплетки и така натаму. На крај како да видоа како ја зезнаа серијат па пробаа некако добар крај да стават. Ама и тој не ми се допадна. Верувам, имаше доста лошо влијание врз младите тука. Многу деца влегоа во филм и правеа Book of shadows.
Ниту една епизода не испуштив од серијава. Ја гледав епизодата, потоа и репризата ја гледав Првите сезони се далеку подобро од последните, но сепак не беа упропастени како во повеќето серии. Едни другарки за време на емитувањето на серијава, си напишаа текст (како што пишуваа волшебничките - незнам како се викаше тоа што го пишуваа) за да имаат мотор. Дури и го читале како што правеа тие. Се пресмеав кога го прочитав
Кога ја емитуваа серијата мислам дека бев трето или четврто одделение и просто ја обожавав. Пајпер и Фиби ми беа многу убави, а од почетокот многу ја сакав првата нивна сестра, Пру. Она бебенцето, Вајат се викаше мислам многу го сакав и мажот и на Пајпер, мноогу ми е убав. А сега да не знаете кога ја даваат на Алсат ама со македонски превод? Ја имам неколку пати фатено на Алсат ама со албански превод. И како што многу други верувам влегле во филм, и јас си влегов, т.е прва другарка ми влезе па после и мене ме вовлече. Ми кажа дека со сестра и дома правеле магии, и правеле напивки како на Волшебнички па им пукало тоа, и мајка им влагала во соба и ги прашувала што е работата. Па се преправаше дека можела да лета, ама не можела таму да лета (кај дедо ми) , и било ниско и имало горе трски, незнам што. Па, ај и јас со неа да правам напиток, па барав упаљач од вујко ми што нормално не ми даде, абре смешки хахахах. И на крај, нормално ми скрши филм другарка ми и ми рече дека не може да се лета, и дека сме најобични луѓе. А јас па наивка една, кое дете сум била, верував во магии. Ама па и таа, злобна една.. И памтам, тогаш едно девојче од клас ми беше најдобра другарка и јас имав една кутија и сакав да направам како од Волшебнички, демек да исечам мое влакно и нејзино, да ги прекрстам и да ги затворам во кутијата и така ќе сме биле најдобри другарки засекогаш и никогаш нема да се разделиме. Знам дека си скинав мое влакно и го ставив во кутијата но нејзиното не го добив, мислам дека дури и заборавив да и кажам за "магијата." Ама битно, сега не сме најдобри другарки со истото девојче, ама што знаеш, ако ја направев магијата можеби ќе успееше? Абре кои деца сме биле..
Едноставно ја обожавав серијава... не пропуштав ниту една епизода...а најмногу од сестрите ја сакав Фиби..
Леле ја обожавав серијава! Омилени ми беа Фиби и Пајпер. Ниедна епизода не пропуштав Милион пати ги имам гледано репризите
Ми беше и сеуште ми е една од омилените серии. Уште на А1 кога ја даваа ја пратев со задоволство. Сите епизоди ги имам гледано и уште 20 пати да ги гледам нема да ми здосадат. Омилена од сестрите ми е Пајпер и морам да кажам дека ми се совршен пар со Лео Патем син им Крис е ептен згоооодеееенннн
ЈА обожавав серијата! Си влегов во филм со неколку другарки тогаш, дека сме Волшебнички, смешки беа.. Многу ја сакав Пајпер (баш во моментов гледам друга серија со истата глумица), и Фиби си ја сакав и Пру.. Само Пејџ не ја сакав, некако зошто ми го зема местото на ПРу. Па правевме „напивки“, имав цела тетратка со магии, па сами смислувавме магии. Памтам дека еднаш кажував магија за да победи Англија на еден фудбалски натпревар! Глупости бе, деца!
Хахах ми текнува еднаш во „Наш свет“ списанието даваа едни како карти со одговори па ги местиш, ги мешаш и прашуваш нешто, па потоа влечеш карта и ти го дава одговорот. И бидејќи бевме мали прашањата беа дали ќе добијам 5ка на тестот? Дали ХХХ ме сака?(првите симпатии) Па колку магии сме пробувале, се замислувавме волшебнички. Јас бев Пејџ Кога помина времево..
Нема поакон серија ! Сите сезони ги имам гледано по 10 пати (цели).....ги имам дома и во компјутер и на ЦД xD Сега не лудвам толку по серијата, али кога ја имитуваја на А1 сите деца од зградата бевме опседнати со волшебнички....Сите си имавме поделено ликој (јас бев прво Фиби па од кога умре Пру,бев Пејџ) и секој ден надвор носевме киселина,алкохол,шишиња со вода, мали епрувети, боја за јајца (за напивки), црвени и сини топки и еден голем тевтер (наводно Книгата на Сенките...имафме глупости за демоните лепено и некој онакви магии бла бла) и по цели деној то игравме се кршевме надвор...низ згради,по кровој се бркафме....ЛУДНИЦА xD !
Не ја испуштав серијата..многу ми беше интересна и секако најомилени ми беа Пајпер и Пру...би сакала пак да ја гледам..
Ммм серијава ми е омилена Јас си симнувам епизоди од Кабелнет, и еве сега че ги гледамм Инаку омилена ми е Пејџ ми има многу убави моќи
Ех и мене ме вративте во некое поодамнешно време.Претходните сезони не ги гледав баш редовно но од 8-та т.е. последната ни епизода не пропуштив.И тогаш полудев по оваа серија.Од Волшебничките ми беше омилена Били ако може да се смета за една од нив а иначе Пејџ.А Лео ми беше симпатија на времето . Хехе се сеќавам од толку што бев опседната и јас почнав да си замислувам дека сум открила дека имам натприродни моќи па ставав вода во тегла и се што ќе најдев во неа и правев импоушн абе губење во боја.Но мала бев тогаш,да си кажам. А на последната епизода плакав,од толку што нејќев да заврши ,ех пусти Волешебнички.