Кога ја даваа на А1 не ги гледав првите сезони, па сега ги најдов на нет и ми е една од омилените серии
Почнав да ја гледам летово повторно, од почеток, и тоа беше најдобар избор што го направив од завршувањето на учебната година Секогаш ќе ме потсеќа на најлудите денови од моето детство!
Колку само бевме заразени со оваа серија. Ги снимав епизодите за после да можам да паузирам и да ги препишувам магиите. Имавме книга на сенките, а имавме и епрувети демек за напивки. Јас најмногу ја сакав Пајпер па ко ќе глумевме не ја оставав на никој друг. Ми фалат тие времиња.. Немав епизода пропуштено.. Charmed Forever!
лелеле Волшебнички верувајте љубов на прв поглед кон нив (се гледа мислам дека по ников) поубава серија мислам дека нема ни да можам да гледам.. омилена мие пајпер а и моќите нејзини досега ги имам гледано 5 пати сите сезони и мислам дека никогаш нема да ми станат досадни (по еднаш на А1 и Алсат и што си ги симнав за да си ги гледам) слушнав дека че има 9 сезона во која пру се враќа во серијата со тоа што ќе имаат можност да го вратат времето ќе имаат уште една “сестра“ која пру ќе и го спаси животот со давање на нејзина крв за тоа фактички тоа ги прави сестри... дали знаете нешто за 9 сезона ако има ве молам пишете морам да ја симнам и да ги гледам и тие епизоди поздравче
Не се надевајте џабе нема да има 9та сезона. Беше закажана пред 5-6 години и требаше да се снима ама се откажа....единствена опција ко шо рече Холи Мери Комбс во интервју *во мај* е да снимат филм, зато шо за серија WB *кај шо се авторските права* нема да дозволи - а сите од екипата со беа сакат да снимат
Од сите серии (турски, американски ина секкви други јазици) кои гим имам гледано последните десет години оваа ми е тхе фирст....ОМИЛЕНА ОМИЛЕНА ОМИЛЕНА. Прв пат ја гледав на А1, и секогаш ја користев серијата за да одмор од макотрпното учење за факс...па потоа на Ал Сат ја имаше и со албански и со македонски превод и на двата термини ја гледав...ама жива зараза ми беше , и што е најчудно доколку пак би ја дале повторно би ја гледала, би уживала....Омилена ми беше првин Пајпер, но со доаѓање на Пејџ, дефиннитивно веднаш ме освои...Од машките Изворот на злото Кол, кој толку многу сакав да го гледам, особено во тие епизоди додека имаше добрина во него.
Серијата ми е најомилена значи на прво место од сите серии што ги имам гледано и што ги гледам.Не верувам дека некоја ќе ја надмине : Читајќи ги постовите,сфатив дека не сум била единствената што сум правела магии заедно со моите другарки,имавме книга на сенките,кутивчиња за напитци и слично.Мислевме дека сме единствените и не смеевме да кажеме на никого бидејќи мислевме дека ќе не прават ненормални Но сега ми олесна Собиравме разни тревки,растенија,некои бои стававме и слично За се што ни се случуваше обавезно правевме магии Детство ... Ја гледав и малку на алсат и кога ми се гледа си пуштам некоја епизода...И да ја дават пак,пак ќе ја гледам и мислам дека нема да ми здосади... Омилени ми беа сите но најомилена ми беше Пајпер И Крис исто така го обожавав најмногу, кога умре односно кога се роди,се утепав плакајќи
Омилена серија! Сеуште ги памтам епизодите и ликовите! И јас како и повеќето со друштвото си правевме магии, си имавме книга на сенките... Со оваа серија ми мина детството!
Лелее ја обожавам серијава!Порано ја следев на А1,ама бев мала тогаш,па ништо не памтам,и за среќа татко ми ми ја најде на интернет и си ги изгледав сите сезони,а иначе најомилена ми беше Пајпер
Уште ги сакам моќите на Пру Spoiler Искрено кога почна мислев дека е глупа (напредно дете шо да праиш), после се заразив и ми стана омилена, не знам како. Веројатно да ги имав овие години тогаш ќе си останев на мислењето (предрасудата) дека е глупа, ама пак.. ако се земе предвид какви се не серии и озборувачки се популарни денес, па и.. можеби не..
Баш и ние бевме повеќе другарки порано што толку бевме пренесени во серијава имавме книга на сенките, па демек магии правевме што ти не, јас знам бев Фиби омилена ми беше Еве со оваа серија ни мина детството ... Ме фати мерак пак да ги гледам и си ја спуштив, ја изгледав првата сезона, сега ја гледам втората сезона до третата епизода сум