1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонбрачно дете

Дискусија во 'Бременост' започната од ladymilion, 8 април 2011.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Јас мислам дека темава е вонбрачно дете, а не самохрана мајка. Мислам дека има разлика. Според мене не мора да се двајца во брак за да имаат дете. Може да се одлучат да живеат заедно и да имаат заедница која не мора да е регуларно заверена пред матичар. Ако грешам поправете ме.
     
    На 100nogalka, zalosna, anakonda88 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.980
    Пол:
    Женски
    Кога останав бремена имав ваков проблем .. се измеса триста луѓе и мм поверува и се испокаравме ми викаа да абортирам па татко ми ми викаше девојко имаш само 18 години породисе и дај го детето ама јас цврто си стоев на одлуката и бев спремна сама да си одгледам детето .. за што ли е тоа криво едно малечко срценце од еден сантим кое веке расте во човече мало .. ја имав подршката од мајка ми и сестрами татко ми не беше за тоа и спремна бев од кога ке се породам на сестра ми да и го дадев зашто они немаат деца со мажот и и пак ке беше во моја близина ми летаа триста мисли само бев решена дека нема да абортирам и дека нема да го дадам на друг и се тоа траеше само три дена и јас се смирив со мм .. и се беше во ред свадба си направивме ама тоа срце невино го нема затоа што си осекаше негативна енергија од тие некој предходно што збореа и заврши многу лошо .. ако продолжам да пишувам ке ми треба уште десет страници за тие три дена .... излегов од темава веке јас се извинувам

    се зависи од самата девојка каков и е карактерот и подршката од наблиските за тоа дали ке се одлучи на чекор што ке и го смени животот и ке има вонбрачно дете :*
     
    На mira.mira и marchi-cool им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Не би се нафатила на ваков чекор, затоа што многу е тешко да одгледаш дете без поддршка од таткото. Колку пари и да имаш, ќе фали татковска љубов.
     
  4. sagittarius989

    sagittarius989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Машки
    Јас би сакал дете без жена, односно кога би имало некоја која ќе ми роди мое дете и да ми го даде да си го чувам и да се грижам за него, без обврски кон истата таа како сопруга или фамилија. :) и во ова сум озбилен само ете засега нема некоја таква :)
     
    На stevemila, RedRevolution, Lavica2602 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Јас потполно ве поддржувам вас мажите кои немате партнерки, дали не се нашла вистинската, или едноставно не сакате да имате партнерка, да се ожените или каква и да ви е ситуацјата а сепак сакате да се остварите како родители.

    Многу е дискриминирачки законот кој дозволува жени да си прават ИВФ од донатор, а мажи кои сакаат да бидат родители не можат да го остварат тоа право со помош на сурогат мајка (гестациски носител), или па само парови може да имаат гестациски носител, додека поединци без разлика дали се мажи или жени не можат да го остварат тоа право.

    Треба да се поднесе една иницијатива со предлог за измени во ‘‘Законот биомедицинско потпомогнато оплодување‘‘ - БПО, да може маж или жена кои не се во брачна или вонбрачна заедница да имаат право на БПО односно ИВФ со гестациски носител, и тоа во сите варијанти, односно, маж да може со свој или со дониран материјал и донирана јајаце клетка да се оствари како родител преку гестациски носител, и жена со своја или донирана јајцеклетка и дониран машки материјал да се оствари како родител, сама или со помош на гестациски носител.

    Поддршка за мажите (fingers)
     
    Последна измена: 24 февруари 2018
    На candy.cane, sagittarius989, stevemila и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Малечкоxxx

    Малечкоxxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво. Моја блиска особа е бремена 8месец сама е. Со момчето се оставија на почеток нс бременоста тој рече да не го бара повеќе. Таа си се реши сама да го чува бебето меѓутоа еве неколку пати почнува да ја бара на телефон. Таа несака тој да има ништо со бебето и ке се пише како самохрана мајка како што и беше сама овие 8 месеци..ако отиде ова на суд што би било. Некое искуство?
     
  7. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Како што разбрав сега таа (нормално) не сака но тој сега сака.

    Доколку таа негодува, тој може да поднесе тужба со која ќе бара да го признае детето и ќе бара утврдување на татковство, судот секако ќе наложи да се направи днк анализа за утврдување на татковство и ако/кога ќе се потврди дека тој е татко на детето, судот ќе му го овозможи тоа право.

    И секако судот ќе му наложи да плаќа алиментација и ќе си добие право да си го гледа детето.

    Тоа што него го немало 7-8 месеци во нејзиниот живот не е причина да му се одземе правото да биде родител на детето.

    Во кратки црти тоа е. Може делува нефер на прв поглед бидејќи на неа и се повредени чувствата, но нивниот меѓусебен однос не треба да влијае врз нивниот родителски однос кон детето.
     
    На mira.mira и An-na им се допаѓа ова.
  8. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Малку темава е станата самохрана мајка...
    ЈАс сум трудна, живеам со партнерот, ама регистрација, венчавка во црква планирам за после пораѓај, со тоа автоматски детето станува вонбрачно.
    Не значи дека не си со човекот можеш и 100 години да си со него да не сакаш да потпишеш.
    А самохран родител е веќе друга ситуација.
     
    На SkarletOHara и Nade-sunrise им се допаѓа ова.
  9. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.353
    Допаѓања:
    8.288
    Пол:
    Женски
    Да бе убаво е така знам, некоја да го носи 9 месеци па да ти го даде без да го побара, пошто агата не сакал обврски према жената.
    Ма нема таква жена на светот и да има бебето бара мајка во првите години. А некоја да ти го израсне две три години, плус го носела 9 месеци и да ти го поклоне тешко господине.
     
    На mira.mira, marchi-cool, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Има сурогат мајки, ама треба да плати.
     
  11. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.353
    Допаѓања:
    8.288
    Пол:
    Женски
    Тоа е нешто друго, тоа го подржувам за оние што не можат да имаат деца и тоа го прават парови.
    Ама човеков сака жена да му поклони нејзино и негово дете. :D
     
  12. Lindora

    Lindora Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Не е само тој што вака размислува, кај колешка од работа бевме поканети да го запознаеме малото. И еден колега со цел памет восхитен од бебенцево рече како да си најдам да си купам едно вакво, не запрепасти сите. Тотално ми се промени мислењето за него.
    На темава не би се нафатила да имам вонбрачно дете.
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Има и вакви случаеви, земи го за пример Кристијано Роналдо...
    А за поклон, точно дека ниедна жена не би поклонила дете некому :)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.690
    Пол:
    Женски
    Темава е тотално промашена од сам старт. Можеби е подобро да се преименува во 'Самохрана мајка'.

    Вонбрачно дете е дете родено надвор од брак, односно мајката и таткото немаат склучено граѓански брак во матична служба. А тоа апсолутно не значи дека само мајката се грижи за детето, а таткото не е инволвиран.

    Има различни случаи. Како што има пишано @jarec6 погоре, дете на пар што си живее заедно, а едноставно не сака да склучи брак сега или во иднина.
    Друг случај е кога родителите воопшто не се во заедница, но подеднакво се грижат за детото.

    Се разбира дека има и такви што само ќе го признаат детото, а воопшто нема да се грижат за него, но тоа е друга тема на муабет што не ги исклучува и татковците што се во граѓански брак, па и мајките.

    Единствената разлика е ако детето е родено надвор од брак, таткото треба изјава да даде за признавање на детето како свое. А според законот за семејство дали детето е родено во или надвор од брачна заедница, разлика нема.

    Јас со партнерот бев во вонбрачна заедница 3,5 години. Заедно живеевме во заеднички стан. Доколку имавме дете во тој период ќе си беше вонбрачно, бидејќи немавме намера да се потпишеме во матично. Сега ни текна да се потпишуваме, па сме во брачна заедница. Само типот на документот што ми ја дефинира заедница се промени.
     
    Последна измена: 1 август 2020
    На NovusOrdoSeclorum и jarec6 им се допаѓа ова.
  15. sweetygirl56

    sweetygirl56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, едно прашање. Јас и вереникот не сме регистрирани, а јас сум бремена. Поради некои причини не можеме да се регистрираме пред да се роди детето. Сакам да прашам каква е процедурата за вадење извод за новороденче доколку родителите не се во брак и дали постои некаков проблем за понатамошни документи. Благодарам
     
  16. Kailani

    Kailani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20220122_071900.jpg
    https://uvmk.gov.mk/упис-на-новороденче-и-издавање-на-изво/
     
    На Anturium и sweetygirl56 им се допаѓа ова.