Вондредна прва година на факултет ?!

Дискусија во 'Образование' започната од Ema007, 28 февруари 2016.

  1. Ema007

    Ema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите!:hai: Паузирав една година на факултет со надеж дека ќе ме примат Германија на факултет,но не излезе така, па сега ме интересира дали постои некоја опција да почнам од втора година на факултет а прва да ја земам вондредно.Не ме мислите за луда хахаха само ги разгледувам сите можности(facepalm)... Бидејќи сакам да си продолжам со мојата генерација..;(:(
     
  2. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Kako sto znam takvo nesto ne e vozmozno...Najdobro bi ti bilo da se zapises na fakultet narednata godina ,oti i da biva sepak mozno e mnolgu da zaostanes/zaglavis..Na koj fakultet sakas da studiras ? Ako e na privaten mozno e da moze :D tamu se e mozno i prifatlivo,za razlika od drzavnive..

    Btw: Nikogas ne se nosat odluki so "topla " glava..Se treba za se barem malku objektivnost..Ubavo e toa sto si se obidela i nadevala,deka ke te primat,ama.trebalo toj plan so doza na rezerva da go imas..Ne e Germanija zemja kako Makedonija kade sto.sekoj uspeva da se zapise na fakultet :)
     
    Последна измена: 29 февруари 2016
  3. V.odolija

    V.odolija Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    14.758
    Не можеш да се појавиш на ниту еден факултет и да кажеш запишете ме во втора година а од прва ќе си полагам вонредно.Нема никаква смисла тоа,дури и да си вонредно запишан студент мора да има една тековна година додека траат студиите за да можеш да полагаш.
     
    На kjukli, oblace1, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.829
    Пол:
    Женски
    На некои факултети дозволуваат да слушаш условно некои предмети од наредната година, во договор со професорите ама потписите и оцените ќе ги земеш наредна година.
    Друга опција мислам дека немаш.
     
  5. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    6.093
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека постои таква опција, а и да постои само непотребно би си го искомплицирала студирањето.Наместо 4,5 предмета да имаш во семестар ти ке имаш 8,10 за учење :sweat:.Кој студира знае што значи тоа.
    Нема ништо страшно што нема да си со твојата генерација.Почни си убаво со ред и ке видиш дека вистинскиот потег си го направила.Многу битно дали факултетот ке го завршиш година две подоцна, битно е да учиш и истераш до крај.
     
    На kjukli и crimson им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    49.281
    Пол:
    Женски
    А како е она две години да земеш во една? Никогаш тоа не го разбрав иако неколку пријатели на тој начин побрзо го завршија студирањето. Ако некој знае нека објасни, може ќе му биде од корист на девојчево.
    А и не знам зошто би било лошо ако си со друга генерација? Што да речат оние 30 годишни што во секоја година има барем по еден таков? Нема врска генерацијата, битно да се добри колегите, да си се дружите и заедно да се држите и напредувате.
     
  7. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.715
    Допаѓања:
    110.105
    Па прашај, речи му дали можи следната испитна сесија да полагаш од прв семестар, следната испитна сесија од втор семестар, а подоцна да ја запишиш втора година (значи зборувам за сега да одиш да прашаш дали можи или на колоквиуми некако ти да полагаш претходниот семестар, на втор колоквиум вториот семестар). Не сум сигурна дека ова би можело вака, ама обиди се, прашај. Крај краева нема зошто да сакаш ад си со твојата генерација, верувај на факултет ќе најдиш и доста постари колеги од тебе чија генерација одамна си заминала.
    Сепак, ако си спремна на ваков чекор - обиди се, распрашај се.
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Јас на постдипломски имав земено два семестри во еден, ама тоа беше одобрено од факултетот, така што немав проблем за полагање, само што имав помалку време да ги спремам испитите. За да земеш две години во една не знам како оди, ама ако бараш ваква опција само за да не изгубиш една година од животот, јас би ти рекла да си одиш по царскиот пат. Зашто знам колку е тешко кога во еден семестар учиш и полагаш предмети како за два, особено ако бркаш повисоки оценки. Со две години во една мислам дека ќе заглавиш, особено затоа што ја немаш поминато првата година која е основа за понатаму. Ако завршиш една година подоцна од твојата генерација, не е ништо страшно или трагично. Луѓе на 40-50 години учат или доучуваат факултет, ти па за една година се потресуваш :)
     
    На kjukli и crimson им се допаѓа ова.
  9. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.457
    На SEEU има опција да земеш две години во една, ако во прва година просекот ти е повисок од 8,5. За другите универзитети не знам.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    @Ema007 nerazbiram sto znaci edna godina pa moras dopolnitelni stresovi da si pravis.
    Jas koga ucev posdiplomski pred 20 i kusur godini nikoj ne mi bese generacija. E sega jas ne go zavrsiv (i podobro zosto ovde i onaka stranskite diplomi se nevalidni) , zaminav za stranstvo no na moj 42 zapisav vtor fakultet (imase po nekoj okolu mojata generacija) i go zavrsiv.
    Nikogas ne e docna da se uci.
    Jas moeto dete go sovetuvam da zeme godina pauza, da se proseta i dobro da razmisli dali toa e toa sto go saka zosto vo igra se golemi pari i mnogu godini.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.