1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонземјани

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 13 јануари 2010.

  1. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Вие сте ненормални :D Видеово е монтажа и се згазив од смеење. Мене не ме интересира што покажуваат научниците и што откриле. Ние можеме да кажуваме само дека има или нема друг живот во универзумов но никој нема да ни одговори или да ни го докаже спротивното. Значи,дали сте свесни кој бунт ќе стане ако дознае земјава дека има друг живот на друг сончев систем? НАСА можеби веќе и има стапено во контакт со тие...вонземјани (за нив ние сме вонземјани) :D
    Инаку,погледнете навечер горе на небото. Што гледате освен прекрасната блескава месечина? Ѕвезди. Сонцето што е драги мои? Па ѕвезда. А ние од што живееме? Од сонцето. Дали ние можеме да стасаме до некоја друга ѕвезда? Не. Дали некој може да стаса до крајот на универзумот ако воопшто постои? Не.
    Ние сме чудото на природата. Земјата се создала,па потоа од неа,ние.
    Моето мислење е како на повеќето од вас. Има живот подалеку од земјата. Секогаш сум размислувала дали некој од некој друг сончев систем од својата планета навечер,ја гледа нашата ѕвезда (сонце) и се прашува дали на нашето сонце постои живот. И јас тогаш сакам да му мафнам и да му речам ДА ДА ДА постои ! :D

    Инаку ние не знаеме што се има ВО земјава наша и НА земјава наша, а не пак надвор од неа. Едноставно го обожавам универзумов луѓе. :inlove:
     
    На sweet-star, EleMental, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Вие барате релевантен доказ дека постојат вонземјани. :|
    А голем дел од вас и функционираат според она базичното од типот - дур не видам со свои очи нема да верувам.

    Меѓутоа јас не се согласувам.
    Треба понекогаш да се остави простор на имагинацијата и слободниот на расмислување наспроти строгото зацртување на црвената линија.
    Зошто?
    Од проста причина што е редно да ѓи отворите очите пред збиднувањата кои вие ѓи нарекувате коинциденции.
    Погледнете некои документарци, и малку простудирајте околу луѓето чие исчезнување им се препушта на мистеријата и надреалното. Валјда тоа ќе ви го отвори видикот.

    Меѓудругото, топло ви го препорачувам документарецов кој можеби нема да го промени вашето мислење, но ќе ви го задржи вниманието доволно долго за да ве наведе на размислување. :!:

    http://www.youtube.com/watch?v=_WWEpfc_cUA

    Имено, истиов е базиран според вистински стории случени во државата Алјаска. :)
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Да се живи и здрави монтажите! :D
    Како и да е јас верувам дека има! И верувам дека после неколку години ке се венчам со еден од нив :devil: шала на страна,верувам бе :)
     
  4. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Вонземјаните ми се „интересни“ од кога сум била мала. Искрено верувам дека освен на Земјата сигурно уште на некоја друга планета има живот барем за некој суштества за нас непознати. :) Ни јас, да се пофалам немам видено некој со зелена кожа, 5-6 очи и по 2 антени на главата :D Но, онака интересно ми е да верувам во вонземјани, можеби не личат на нас лугето, мош се како животните наши од каде да знам онака примери давам само :D Сите си имаат претсравено некаква слика за нив :)
     
  5. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Пронајдени се 150 планети кој се далеку од нас
     
  6. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    8.460
    Дали постојат вонземјани е дискутабилно, и не верувам дека во скора иднина ќе го знаеме одговорот. Меѓутоа не верувам дека веќе долго ја посетуваат Земјата, демек не скенирале, анализирале, проучувале, киднапирале итд. Па зарем ако се толку напредни ќе им требаа децении и векови да не разберат и проучат? И што сега, се срамат да остварат контакт? А и научнициве тврдат дека никој не нема посетено, од причина што за тоа би им биле потребни неколку илјада светлосни години пат, што е нонсенс знаејќи дека и неколку месеци престој во космички услови е погубно за еден организам, а размножување во такви услови не доаѓа предвид (барем според опитите што ги вршеле врз животни кои биле носени во космичките станици „Мир“ и некои такви). Е сега ако поседуваат ворп - брзини или пак се Борги... иако и при таква можност науката вели дека телото не може да го издржи тој шок, и веројатно би се дезинтегрирал ако се движи со таква светлосна брзина-сликовито кажано, би се растегнал одовде до вечноста :@
    Исто така не верувам дека некои авторитети имаат докази за посета од вонземјани, ама ете кријат? Па знаете ли каква сензација и историска слава би се здобил тој кој со факти ќе излезе и ќе рече: да, остваривме контакт со вонземјаните, вакви и вакви се, вакви им се намерите, и утре ги поканивме на ручек да ни дојдат, ќе има пренос во живо на ТВ! Е тоа е новост, а не оние смешни монтажи на авантуристичко - мајтапски настроени типови. А и изјавата на Медведев е мајтап: смешки го прашуваат, смешки им одговара! :fubar:
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Постојат сигурно , од милиони и трилиони планети сигурно има некоја со сличен живот , само кој би дошол тука да прави сојуз со човекот , колку сме тапа и агресивни јас да сум вонземјан би земал и све би збришал тука.
     
    На sweet-star, ariela09 и babyblond им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    А ти ли си бил вчера кај мене, гледам кујната ми светеше.
    А и ми мирисаше на вонземско гориво како некој само што одлетал.
    [​IMG]
     
  9. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.242
    http://www.youtube.com/watch?v=y0pDAthhw4M

    На колку прашања немаме одговори....

    А Neil Degrasse Tyson, еден од најпознатите астрофизичари во светот во едно интервју изјави дека животот е само резултат на комплексна хемија и реакции меѓу најраспространетите елементи во универзумот: водород, хелиум, кислород, јаглерод...

    Исто така има кажано дека веројатно бројот на ѕвездите е поголем од бројот на сите зборови изговорени од сите луѓе што некогаш газеле по Земјата.

    Кога зборуваме за Универзумот и тоа дали постои живот на други планети, мора да се соочиме со бројки и мерила, временски табели, закони на физика и хемија и веројатност кои не се лесни за разбирање и прифаќање од вид како нашиот, со нашиот интелект и кус животен век од едвај 80-100 години.
    Повторно ќе кажам, ваквите теми се навистина фасцинантни, а обични смртници како нас најдобро што можат да направат е да посветат време на книги и документарци, за да сватиме колку сме мали и неинформирани, и како на крај на секое истражување често завршуваме со повеќе прашања отколку на старт.

    Јас лично немам докази дека постои живот на други планети, но сум целосно убеден дека доколку постои, или ако веќе имало контакт, дека тоа ќе биде скриено од јавноста.
    А има многу случки во многу земји во светот, кои не се објаснети од страна на луѓето. Има делови во овој документарец кој се занимава со оваа тематика.

    http://www.youtube.com/watch?v=lEV5AFFcZ-s

    Да ви ја скокотнам љубопитноста со клипче од овој човек, Фил Шнајдер, кој работел 17 години за Американската влада како структурен инжинер, учествувал во многу тајни проекти со подземни ископувања и после давање отказ почнува да ги информира луѓето за сето тоа што го видел во текот на неговата кариера.
    Во 1996, неколку недели пред да објави книга со детални описи и координати на т.н длабоки подземни дупки каде што наводно постојат цели цивилизации на повеќе од 11 вонземски видови, бил пронајден во неговиот стан, задавен со жица од пијано. Оставам на вас да си процените и да истражувате, но пред се останете со отворен ум.

    http://www.youtube.com/watch?v=Vf7vLXf5bNo
     
    На sweet-star и Valerin им се допаѓа ова.
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Знаете кој ми е најинтересниот момент ?
    Кога ке прочитам мислење, или општо ке го слушнам одговорот : Ах, тогааш кога ке видам вонземјанин, тогааш ке верувам, дур не видам не верувам ...
    Епа интересното станува тука што тие што тврдат дека не постојат вонземјани, или не веруваат зашто не виделе истите тие веруваат у Господ ... 8)
    Небитно, да се вратам на темава...

    За жал доста голем број научници бараат на погрешно место, ние пак од една страна ни е сервирана сосема друга слика за тоа какви се вонземјаните па бараме да видиме нешто трето, а на планетава пак од трета страна постојат еден куп уште не истражени организми, еден куп непознати бактерии, еден куп непознати не истражени растенија и сл .

    Сите некако без проблем ја голтаме филмската идеја за тоа кои и какви се тие, наместо да се свртиме околу нас и да видиме само колку непознати работи живеат на планетава, работи на кои не им се знае ни потекло, ни од кога се тука и слично.

    Изгледајте неколку документарци од Neil Degrasse Tyson , што ви го предложи Елементал.

    Има толку необјаснети работи на планетава, а луѓево со затворен поглед упорно и упорно трагаат да видат мали зелени човечиња со коси очи и евентуално две- три антени....

    Според документарци што ги имам изгледано, повише веројатно ми е дека не посетила, макар и многу многу одамна, и да си заминале од тука. Има премногу теории, има премногу приказни на темава, па можеби, велам можеби, вистината не е само една .

    А и, зарем не ви е чуден самиот момент, што толку многу у псоледни години се зборува за нив. Нели мислите дека има некоја позадина сето ова ?? Некоја можда мала припрема од страна на големите влади за оваа тема ??
     
    На EleMental и ariela09 им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Ами имаше нели, скоро пишуваа како демек ги имало, ама биле криени од јавноста.Имало и снимки од истово, ко демек Британија ги криела или кој беше..., ама не бил само овој што го спомна, што знаел за постоењето на вонземјани.Ама нешто не штима во целава работа, сега наводно владите ги криеле, оти ако се дознаело за нив, ќе настанала паника меѓу луѓето, дури и некои луѓе демек ги виделе, а други не ги виделе.Па имаше дури и такви случки, каде бил најден вселенски брод, а уствари тоа да ти било создадено од американската војска, ама останатите биле убедени дека било вселенски брод.Кој, кого лаже во случајов? Како и демек оние цртежи направени на поле, биле вонземјанско дело.Пирамидите, за нив велат дека вонземјани ги направиле, според точно поставени ѕвезди.Како, воопшто да не мислат дека би можеле да бидат тие, само човечко дело, а не дело на вонземјани.Ако, би се земало во предвид дека постарите народи, биле поразвиени, со обични и не толку совршени алатки да се создадат пирамиди.Би требало да имале ум, за таква работа, а каде денес се прават, се поедноставно, полесно.
    Некако, наместо да се потпираат луѓето на себе си, на она што човек може да создаде, луѓето, зборам за тие како во владите, тие нешто друго кажуваат.Ги имало демек, па ги криеле, снимки имале, документи, само одреден тип на луѓе ги гледале, па во пештери ги имало вонземјаните и незнам ти што уште не измислиле, за се она што самиот човек може да го создаде ( пример, како примида или сега, едно беспилотно летало) за да речеме „ вината да биде на вонземјаните“ и одеднаш се е нивно дело, па доаѓале, кај нас тука, на гости, на кафе може кај политичариве и одреден тип не луѓе, па и држави, каде сосем случајно на исто место се појавуваат, како договорени.

    Не велам, сигурно ги нема, но некако случајностиве им се премногу, за да се мисли дека истите постојат.А, инаку интересно што тие си кажуваат, интересни сознанија имаат.Нели, ако сака човек за истите да размислува.
     
  12. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    ја вчера видов НЛО ама баш НЛО беше дури не можев да си верувам на своите очи дека видов беше на небото прво се движеше па после застана постоја мислам дека беше до една минута и наеднаш исчезна.ја порано верував дека постојат ама пред мои очи да ми кажат дека ќе видам немаше да верувам дури се изненадив.отакако го видов тоа летало видов уште две ама тие многу споро се движеа скоро стоеја во место.леталата тек вшера видов дека се разликуваат од звездите.дури ис ега ми е пред очи гелтката од вчера
     
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.242
    И еве ја Гордана :D
    Не е ова некое исмевање или сарказам, мртов озбилен сум кога ќе ти кажам дека многу често не можам крај со крај да сврзам кога ти ги читам постовите. Навистина тешко те разбирам што се обидуваш да ми кажеш, но да почнеме од тука.
    Пирамидите, поточно Кеопсовата. Едноставните факти на случајов се следниве. Секој заклучок базиран на археолошки и историски пронајдоци води кон тоа дека оваа пирамида е изградена во период од околу дваесет години. Во самата пирамида има повеќе од 2,000,000 гранитни блока и секој од нив тежи неколку десетици тони. Пресметката на меѓународните тимови на експерти од оваа област велат дека, ако се работело по 12 часовни смени, деноноќно, за да успеат да го направат сето ова за 20 години ќе треба да ископаат, изрезбаат, измазнат, транспортираат и хирушки прецизно да постават еден блок на секои 2,5 минути. А ако знаеме дека материјалот, поточно гранитот користен во таа пирамида бил ваден од ископатини 800 километри јужно од Гиза? А ако знаеме дека ова е во период кога остатокот од светот уште се облекувал во животинска кожа и живееле практично во племенски заедници?
    А ако знаеме дека нема никаков историски запис дека Египетската цивилизација во тој период имала било какви градежни алатки освен дрвени длета, камења и јажиња од коноп?

    Како го направиле тоа? Голем знак прашалник е дали денешната градежна технологија може да изведе вакво нешто, а за таков кус период од само 20 години па воопшто не станува збор. Денес не можеме да го замислиме овој проект во таква временска рамка. Што било толку посебно во Египет пред 6 милениуми?

    Плус, дали знаеш дека нема објаснување ни за цртежите во полињата во Британија? Има очигледни копии, каде што има јасно видлива употреба на човечки направи, непрецизно сечена вегетација за да се изведе цртежот, стапки во земјата, па и недовршени цртежи бидејќи цело тоа треба да се изведе во една вечер, без никој да те забележи.
    Дали знаеш дека во многу такви случки, во близина на цртежот се детектирани електромагнетни полиња кои ги изместуваат компасите и честички од метали чии анализи и потекло никогаш не биле објавувани во јавност.

    Дали знаеш дека во древните цивилизации, од Рим и Грција па до Египет и древните Сумери има цртежи (или резбано во камен, нвм) од летала и луѓе или суштества налик на луѓе (глава, две очи, две нозе) кои доаѓаат од небото и пред кои цели народи се поклонуваат.

    Повторно ќе го спомнам Neil Degrasse Tyson, и нешто што тој го спомна во снимен разговор што го имаше со Richard Dawkins на тема како настанал животот и дали е возможно да постои живот и на други планети.

    Тој рече дека ДНК записот на шимпанзото и на човекот е 98% идентичен. Идентичен! Тоа значи дека целата разлика во интелектот што го имаме со шимпанзото лежи токму во тие 2% разлика во ДНК. Едно од најнапредните и најинтелигентните потези што може да ги научи шимпанзото е неколку потега од јазикот со знаци на глувонемите.
    Еден од најнапредните потфати на човекот е дизајнирањето и лансирањето на телескопот Хабл, со кој можеме да погледнеме многу подалеку и попрецизно во универзумот од било кога претходно во нашата историја.

    Разликата меѓу тие два потфата е во разликата на интелектуалениот капацитет во тие 2% ДНК.

    Е сега тој вели, замисли да постои во вселената животна форма, организам кој е само 2% понапреден од нас. Само замисли. Во нивно присуство ние биле разлигавени дебили. Можеби и нивниот подмладок ќе може без проблем да ги разбере најкомплицираните математички равенки за нас на Земјата.
    Апсолутно е логично да се претпостави дека таков вид би можел да те види, да те набљудува без ти да можеш да го забележиш. За нив ние би биле дебили!

    Пак ќе кажам, јас не можам да тврдам со сигурност дека вонземјани постојат и/или дека ги има на нашата планета и/или дека големите светски влади ги кријат.

    Јас верувам дека сите треба да се подложиме на процес на континуирано информирање и критичко размислување. А за првото, Интернетот е ништо покусо од титан. Исто така верувам дека со нашиот интелект и закржлавени сетила не можеме ни оддалеку да ја разбереме и доживееме реалноста на нештата околу нас. Ако си спремна умот да ти биде изместен, гледај го серијалот The Fabric of the Cosmos. Ќе видиш колку многу работи има во универзумот кои и најголемите умови во нашата историја едвај ги разбираат.

    А конкретно примеров со тоа дека вонземјани доаѓаат на кафе со политичари, колку и да беше можеби во преносна смисла напишано, наликува на речникот употребен од корпорациските меинстрим медиуми кои се поставени таму каде што се, за се друго освен за вистината и кои секогаш се обидуваат ги маргинализираат поединците кои се залагаат за поинаква вистина, за критичко размислување и за тоа дека некогаш, само некогаш владите и луѓето кои ни го контролираат протокот на информации се full of shit.

    Како што кажал Вејн Даер, The highest form of ignorance is when you reject something you know nothing about.
     
    На do-re-mi, sweet-star, Lilit и 3 други им се допаѓа ова.
  14. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Па добро, еве ме, сакав да се надоврзам на твоето мислење, само, незнам што е проблемот.
    Инаку, убаво си пишувам, незнам зошто не ме разбираш/те.
    Да, знам за тоа.Благодарам што ми кажа.
    Како што кажав, луѓето се способни се да направат и некако не е баш разбирливо дека се што е направено е од вонземјани.
    Инаку за цртежите, се ќе направат сега, дури во истите и вонземјани, летала, ќе пронајдат, може и да ги нема, ама за да докажат, ќе речат имало летала на цртежите.Иако истите би можело да имаат сосем друго значење.
    Исто, се согласувам со тебе.
    А инаку за вистината, за постоењето на вонземјани, како што нагласив претходно, реков дека не тврдам со сигурност за постоењето на истите.
    А кафето, мислам дека беше разбирливо што сакав да кажам.
     
  16. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Можеби постојат, можеби не. :|
    Мислам дека, никогаш нема да дознаеме дали постојат или не.
    А и да постојат што ни можат бе? :D
    Имаме толку многу развиена технологија и толку многу моќни оружја. 8)
    Во случај да видите вонземјанин, пратете му од мене спешл гритингс. :D :D
    Се шалам, немојте! :!: :D :*
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Во моментов не можам да гледам видеа ниту да постирам нешто, ќе кажам само онака на брзање "од нога" дека човековиот ум е "ограничен" од некого/нешто да не може да ја спознае вистинската реалност.
    Еве нели постојат толку документарци, тврдења, наведување докази кои јавно се "недокажани" итн... но никако да се оформи една единствена вистина, кои сме, од што сме, од каде потекнуваме одн.кој не создал.
    Не можам да поверувам дека само сме "паднале од небо", нашиот организам е толку совршен што мислам дека сме создадени да функционираме баш така, а болестите-е тука нешто кочи и се ме тера да мислам дека тоа е нечиј експеримент. Само замислете колку психата го лечи и го разболува организмот, што ме тера да мислам дека сме програмирани да функционираме така.
    Од друга страна постојат тврдења дека целиот универзум е холограм и дека ние сме на некој начин фантазија.
    Потонатата Атлантида некој верува дека уште живее под земја, што се надоврзува на тврдење од цитираниот пост дека постојат подземни светови, што искрено не верувам, повеќе верувам дека се надземни.
    Па тука се пирамидите како светско чудо, па бермудски триаголник, па нашиот Ѓаволски ѕид,па Кокино итн...
    Тука се разните НЛО што ги приметува човекот, па приказните од вработени во НАСА и сл.. некако ми е чудно во сето тоа што вработени во споменатите институции знаат колку се тајна тие информации и се осмелуваат да ги изнесат во јавност после нивен отказ.
    А вонземјаните не посетиле уште многу одамна, кога не сме биле "свесни" за тоа. Ги цртале уште по ѕидовите во пештерите. Од тука логички е да помисли човек дека некој цело време не контролира од "горе" или цел живот се инфилтрирани меѓу нас.
    Па тука се научниците, особено би го спомнала Никола Тесла како еден научник кој "пред своето време" успеал да открие многу работи од кои ниту половината не и се познати на јавноста поради "мистериозното" исчезнување на голем дел од неговите материјали. А кога ќе земем во предвид дека тој се заложувал за слободна енергија многу е јасно дека на некого тоа ќе му смета и ќе биде штетно за светската економија кога не би се наплатувала струјата итн... Наместо да се промовира бесплатната енергија, се доделува нобелова награда на Ал Гор кој патем а ЗА нуклеарна енергија и против етикетирање на храната дека е ГМО.
    Наместо да се прават електрани за слободна енергија, се прават нуклерни електрани.
    На кој му оди ова во прилог? Па се разбира-на големите кои го вртат светот. А кои се тие? Па ги викаат илуминати :lol:
    Би се надоврзала и со испитувањата-церн,кои имаат откриено дека климатските промени не се од човечки фактор туку е поврзано со евулацијата на земјата и влијанието на сонцето, но на американците тоа не им одговара оттука и Гор ја добива нобеловата награда за климатски промени.
    Само ги начнувам темиве, немам време за се да пишувам сега.
    Постои реална шанса да се симнат илуминатите но тоа никогаш нема да се изведе ако тие навистина се нешто вонземско.
    Кога ќе ми текне дека едно време сакав да бидам дел од илуминатите, па кај ми бил паметот, јас не сум од Марс :rofl: .
    Се додека големите го вртат светот, ја контролираат и финансираат науката и глобално ги контролираат медиумите на јавноста ќе им биде сервирано не она што е вистинито, туку она што НИМ им одговара.
    И сега доаѓаме до заклучокот дека илуминатите има големи шанси да се вонземјани.
    Точка, за сега, гледам-сите го сакаат Рејмонд :lol:
     
    На sweet-star и EleMental им се допаѓа ова.
  18. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    Не си поставувам прашање дали има некој друг покрај нас зошто за мене нема логика да нема.
    Исто така верувам тие нам ни се некакви,,пазачи,,кои наизглед незаинтересирано внимаваат нивното мало дете да не се испотепа додека не застане цврсто на своите нозе.
    Како најсовршен вид на планетава и ние на овој или на оној начин помагаме одредени видови да не исчезнат,така да реална е помислата дека некој внимава и на нас..затоа постојано се случува луѓето од најразлични делови на планетава да видат или да снимат некакви летачки објекти и пак бидејќи тоа тие ни го дозволуваат...дозирано и полека..
    Барајќи докази дека сме сами во овој бескраен простор или дека постојат забораваме дека за да внимава некој на тебе не му треба дозвола нели...
    пр.знае ли срната дека некој во зима и носи храна и се грижи за нејзе..
    јасно е дека таа не знае,бидејќи еволутивно е на скалило подолу од нашиот вид..таа само доаѓа на определено место да се нахрани и тоа е тоа и со нас...сега засега...а настрана работите кои Елементал ги реди,кој тоа ќе го објасни и како.....со докази ли...ама ајде..уште 3 века нема да можеме Кеопс да го објасниме..
     
  19. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    8.460
    Како го направиле тоа? Голем знак прашалник е дали денешната градежна технологија може да изведе вакво нешто, а за таков кус период од само 20 години па воопшто не станува збор. Денес не можеме да го замислиме овој проект во таква временска рамка. Што било толку посебно во Египет пред 6 милениуми?

    Тој рече дека ДНК записот на шимпанзото и на човекот е 98% идентичен. Идентичен! Тоа значи дека целата разлика во интелектот што го имаме со шимпанзото лежи токму во тие 2% разлика во ДНК.

    Е сега тој вели, замисли да постои во вселената животна форма, организам кој е само 2% понапреден од нас. Само замисли. Во нивно присуство ние биле разлигавени дебили. Можеби и нивниот подмладок ќе може без проблем да ги разбере најкомплицираните математички равенки за нас на Земјата.
    Апсолутно е логично да се претпостави дека таков вид би можел да те види, да те набљудува без ти да можеш да го забележиш. За нив ние би биле дебили!


    Јас верувам дека сите треба да се подложиме на процес на континуирано информирање и критичко размислување. А за првото, Интернетот е ништо покусо од титан. Исто така верувам дека со нашиот интелект и закржлавени сетила не можеме ни оддалеку да ја разбереме и доживееме реалноста на нештата околу нас.


    Како што кажал Вејн Даер, The highest form of ignorance is when you reject something you know nothing about.[/quote]



    Навистина би било сензационално да се открие дека вонземјаните ги изградиле пирамидите! Што ли било толку посебно во Египет пред толку многу време кога биле изградени овие зданија? Хм, веројатно ништо посебно. Сметам дека се тие дело на човечка рака. Како ги изградиле, транспортирале материјал, математички биле прецизни во поставувањето на блоковите - искрено , појма немаме! Ама тоа не значи дека ако денес не го знаеме одговорот никогаш нема да го дознаеме. Е ама човекот не би бил човек ако не ги сака одговорите тука и веднаш! А ако не ги добие, е тогаш „се отвараме“ како никој. Одговор мора да се даде, за да не се падне во очај. Ако не се знае како нешто функционира и зошто е тоа така, тогаш ќе смислиме нешто.
    Истото се случувале и низ историјата. Зошто им се случувале болестите и поморите на цели народи и држави? Бидејќи бактериите и вирусите биле „невидливи“, „ видливо“ било нешто друго: вештерките што јавале на метли преку ноќ и шурувале со ѓаолот? А ги видел ли некој како си леткаат во темнината на своите метлиња? Па секако, секогаш се наоѓал по некој кој се колнел во својата мајка дека сигурно ја видел својата комшивка како му ја прелетува куќата со огромна брзина! Ете го одговорот, сега сите можеле да здивнат.
    И сега некако би ставила знак на равенство: вештерка = вонземјанин.

    Понатаму, единствената разлика помеѓу човекот и шимпанзото не е во тие 2% ДНК. Разликата е непремостлива. Ние, за разлика од сите други земски творби имаме разум, креативност, слобода.
    А шимпанзото колку и да се труди, или колку време и да помине (не верувам во еволуција) никогаш нема да направи нешто како резултат на слободна и разумна креативност, што би ме поттикнало да дојдам и да го прашам како и зошто направил нешто и што тоа значи.
    Истото важи и за потенцијалните вонземјани. Ако се на повисоко интелектуално ниво дури и од само 2 % од нас, ако се љубопитни - бидејќи тоа се раѓа од разумно и креативно битие (а сигурно се ако успеале да дојдат до кај нас), тогаш не разбирам што е тоа што ги спречува да со поздрават, ракуваат, зборуваат, пеат или што и да прават за да покажат интерактивност. А не можам да прифатам дека вакви супериорни битија би не рачунале за дебили, или би им било под чест да се запознаат со нас, затоа што тоа би значело дека се суетни, самобендисани и себедоволни воајери. А такви особини поседуваат суштества кои се на ептен ниско интелектуално и емоционално ниво (познавам и вакви).

    И за на крај, сметам дека човекот поседува се што му треба за да дознае за себеси и она што го опкружува, без оглед колку изгледа далечно, мистериозно, непознато. Човекот е микрокосмос, и ако тргнеме од себеси ќе го разбереме и макрокосмосот. Секако, спознавањето е процес кој не завршува за 2 дена, потребно е време за се. Затоа и ни е дадено.

    болдираниот текст е цитирано од претходен форумџија.
     
    На Orthophill и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Едно е да има живот, друго е да има интелигентен живот.

    Животот како организациски ред на елементи, што е сложен, сложен е, ама универзумот имал доволно долго време за да создаде нешто, еве нас не создал. Ние сме како вид, интелигентен вид.
    Ама ако ние сме вонземјани за некои други, може они чекаат да одиме да ги посетиме, пошто не можат да дојдат до нас. :)

    Амазонските племиња си биле таму по 1.000-2.000 години, ама етнолозите тек сега ги откриваат. Постоеле претходно? Секако дека да, ама не биле интелигентни да стапат у контакт со нас. А ниту пак ние да стапиме у контакт со нив. Значи она што фалело било недостаток на услови и технологија за да дојдеме у контакт едни со други.

    А муабетите за пирамидите, СтонХенџ, бла бла бла, се чудата на стариот свет, нашата гордост на старите цивилизациите. Дали можело да се направат? Секако дека да. Ама Ерих Ван Даникен и Дејвид Ајк се шизофреничари зад кои стои големо лоби, голем маркетинг, и луѓето веруваат у антички астронаути, и у тоа дека вонземјани ни ги граделе пирамидите. Постојат документарци за тоа дека еј пирамидите можеле да ги направат у тоа време. Имале технологија и ресурси да ги направат.

    Цртежите од летачки објекти. Ох! :) И Артур Кларк у 68ма погодил оти ќе има скајп и минималистички дизајн на гарнитури за седење. :)

    Така и тие циливизации имале имагинација за еднороги коњи, за Локи, за безброј митски суштества, кои ете испаднале погрешни. Некои од нив биле разумно футуристички и се оствариле, ама не значи дека ги искусиле.

    Убаво си почнал со Нил Тајсон, ама другото, и настрана речникот шо го користиш, катастрофа ти е. :D

    http://news.psu.edu/story/141300/20...ing-question-how-were-egyptian-pyramids-built

    http://www.livescience.com/32616-how-were-the-egyptian-pyramids-built-.html

    повели.

    На здравје теориите на заговор.