1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонземјани

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 13 јануари 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Те тоа е целата работа.Па и уште убедени дека на некакви цртежи имало некакви вонземјански летала, згора на тоа демек и Ватикан знаел за постоењето на вонземјаните, ама ги криел доказите, не само тоа, па и уште, некаква констатција имаат за тоа дека Јованка Орлеанка, гласовите кои ги слушала, за кои таа сметала дека биле на светци, сега велат, Јованка телепатски комуницирала со вонземјани |( , а Исус, Богородица, биле вонземјани...Виделе тие па да кажат дека имало вонземјани, пропатувале мож низ времето, па провериле и констатирале дека постоеле порано вонземјаните :tmi: Никаква логика немаат. Лесно да примети човек дека лажат, со тапија.
     
  2. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Ерик Ван Даникен и Дејвид Ајк имаат премногу следбеници.

    И исто ко шо религиите имаат следбеници, исто и овие, без никакви научни факти. :)

    А тоа дека пирамидите се изградени од човечката цивилизација, дефинитивно се, постојат докази, ама луѓето за да си имаат за шо да разговараат по саат време кога се испраќаат на работа не сакаат да видат подалеку и да го слушнат/прочитаат тоа.

    Дали постојат или не постојат вонземјани е небитна работа. Оти животот да се дефинира е прилично сложено. Ако има живот некаде, океј, вонземјанин е, ама дали ние можеме да ги најдеме, или тие да не најдат, е невозможно, пошто не сме доволно технички напредни ниту ние, ниту они, можеби. :)

    А за Богородица и Исус и Јованка, на друга тема имам пишувано за архетипови и игрите на свеста.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Верувам дека постои живот на други планети. Верувам дека постојат други планети на кои има некаков вид на живот.
    Не верувам дека имало некакви вонземјански летала на Земјата. Вонземјаните не би можеле да дојдат до овде затоа што сигурно не живеат толку долго.Би можеле само ако можат да патуваат со брзина на светлината (а тоа може само ако знаат како нивните тела да ги претворат во енергија и потоа повторно да ги вратат во материја). :talk: :geek:
     
  4. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    http://www.youtube.com/watch?v=HbwvTBaLLqo

    Или можеби не. :)
     
  5. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ај пет пари.
    Сите видови на живот на земјава сме тука благодарение на сонцето наше. Без него сите сме капут, затоа не за џабе било Бог на стари цивилизации. Колку планети има во нашиов систем сега, се договорија ли научниците? :^) Ама ајде да речеме 8. Кога кај нас во една од осум има живот, па и по старо една од девет не е лошо, гарант се наоѓа живот и во некое друго соѕвездие. Па сега дали е ситен, огромен, со корења или мрда, има ли свест, колку е напреден тој живот и дали има некои улави како нас да се ѕверат во небото ноќеска е знак прашалник.

    На земјава сме најсупериорни животини. Во се. Во смисла дека, кога сме здружени во да ја наречам глутница, сме развиле способности да надвиеме се друго што кохабитира со нас на планетава, па и да скокаме врз самиот наш вид. Заедно сме посилни во права смисла. Додека индивидуално сме ништо, не сме ниту силни ниту паметни да сме сами. Се што знаеме учиме од тие генерации пред нас и до нас. Сега имало случаеви кога изумирале цели цивилизации, и многу јасно нивното знаење е изгубено со нив самите, аш, џабе после ние копале дупки и сипале хемикалии на коски и каменчиња, од пирамиди до кинески војници, додека нагаѓаме зошто и како било, смислуваме можни сценарија, ги немаме сите одговори, мистеријата сепак си останува, одговорот исчезнал оти не останал никој да го пренесе.

    Не прифаќам теории дека вонземјани Не(човечката раса) учеле вештини или помагале на било кој начин. Од некоја ми логика. Јас најдев старо гнездо од оси и сум им се чудила едно пола саат на тоа какви архитекти се, кога надвор од тоа едноставно се размножуваат и хранат, и апат кога се нервозни :devil: Или и нив вонземјаните ги користат за експеримент, им покажале како се прави едно такво сложено гнездо со толку мал мозок(менса да ги тестира! :!: ). Тоа само еден друг вид на живот на земјава, а колку видови ги има...

    Сами сме на земјава, со се што се расејува, лази, копа, плива и лета, ама дека сме посетени досега од надвор, не верувам. Уште помалку пак дека ако нешто дошло останало. Која будала од животина своеволно би долетала и останала при луѓе? :P
     
    На vacuuman и mimiiiii им се допаѓа ова.
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Или можеби навистина не. :)
     
  8. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Леле! Вчера баш на Дискавери гледав за вонземјанци! Имаат откриено нова палнета(знаете за која зборувам по медиумиве имаат кажувано) која е на одлична далечина од ѕвездата КО1. Околу КО1 прво виделе 3 планети од сателитот, КО1.01, КО1.02 и КО1.03, но кога пратиле таму луѓе виделе 4та планета која била многу слична на Земјата и ја крстиле КО1.04. Таму виделе и растенија па веруваат дека има и некои животни. Правеа анимации за како би изгледало животно со оцум нозе и увидоа како би одело едно животно со 8 нозе, па дури го направија со дебела сурла и дебели нозе! :D Многу беше смешно!
     
  9. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Просветли ме! :)
     
  10. DayaThorneLove

    DayaThorneLove Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Верувам дека постоеле на планетава пред ние да постоиме.И верувам дека има живот на другите планети
     
  11. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Тогаш не се вонземјани, туку се земјани кои умреле. :D
     
    На imelda и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Малку оф топик на темава..
    Последното лаичко истражување, спроведено под сугестија на религиските фанатици беше дека вонземјаните не се ништо повеќе од уште еден облик на злото. Поточно тоа е таа демонска инвазија, претставена сервијално со цел да се замачкаат очите на јавноста.
    Т.е. тие тврдат дека надреалната сила постои и е вродена, за полесно да им се сервираат демонските принципи на луѓето.
    Тврдењето е до тој степен бизарно што вели дека вонземските ентитети не потекнуваат од друга планета, туку директно од паралелниот универзум во кој се наоѓа пеколот, само што ние не можеме да утврдиме со какви суштества имаме работа бидејки во нивната природа е да се претвораат од лоши во добри.
    Јас иако не верувам, дискутабилно е и сепак остава бар мал простор да се замислиш околу релевантноста на овие податоци.
    Еве и видео..

    http://www.youtube.com/watch?v=9z9_3JZ_rdU
     
  13. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Што мислите за ова? :?:
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Стварно не можам да ги разберам луѓево, ај ќе разберам живот на други планети, ама ова не.Научна фантастика.Наместо да спречат уништување на човештвото, тие вонземјани бараат.Па и уште патувале вонземјаниве, па може од една до друга планета, подготовки за пат....И уште напишале дека модифицираната храна не е дело на човекот.Се вртат во круг, барајки за своите грешки, виновници, а во случајов, такозвани вонземјани.Незнам до кога нема да си ги признаваат своите грешки и поправат, воопшто или до недоглед ќе бараат дежурен виновник.Логика немаат во она што го пишуваат.
    Како порано не ги приметиле вонземјаниве, а не денес одеднаш ги приметиле.А и ко божем за нова година ќе се појавиле, нели така пишуваа, ама нешто одложиле изгледа.
     
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Или пак вонмарсовци. :rofl:
     
  16. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    70
    Се согласувам со тебе до некаде. Точно е дека ние сами си се уништуваме и очигледно никому око не му треппнува за тоа, ама верувам дека има вистина во тоа дека вонземјаните се тука околу нас, функционираат на нашата земја, не ми текнува точно од која книга беше но убаво имаше напишано :,,не ги барајте вонземјаните како мали зелени или сиви суштества со големи очи, туки тие се инфилтрирани меѓу нас и имаат заземено човечки изглед". И нормално дека вонземски видови се забележани уште од многу стари времиња и има милион податоци за тоа, само што тогашните луѓе си мислеле дека тие се некои божества па и на таков начин им пристапувале. Друг доказ дека човештвото отсекогаш имало контакт со вакви видови е технологијата, која на пример не одговарала за тоа време, а сепак ја имало тогаш. Како дошла таа, ако не преку некоја многу понапредна цивилизација од нас. А за договорите на владата на САД со вонземски видови да не ни почнувам...
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Мислам дека се она што го направил човекот, порано и ден денес, нема потреба да се препишува на вонземјани, дошле од некоја планета, па направиле што направиле.Човекот може се да направи.Дали пример, за Ајфеловата кула треба да се рече дека е дело на вонземјанец? Бидејки и секако не е.Таман работа на тоа да се помисли.Како што и не може да се рече дека старите градби биле дело на вонземјани.Тогашните луѓе си измислиле божества, ништо друго. Чудно, сите луѓе, вонземјанци биле :wasntme: , може и Бонапарта бил вонземјанец, а или Ајфел :|

    Мене тоа со владата на САД, ми е сомнително, се само тие вонземјани гледаат, не дека и други не виделе, ама тие та и ете договори имале, ретко да прочиташ дека обичен човек видел вонземјанец, неколку пати, се само владиве...
     
  18. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    70
    ^
    Не зборувам за старите градби, зборувам за технологијата што не е соодветна за тоа време. На пример: механизам со запци кој не постоел пред 14 век, откриен е и датира од 100 или 150 години пред Исус. Очигледно, некој друг го донесол тоа тука. Друг пример: слики и релјефи во Египет, на кои јасно се гледаат хеликоптери, авиони, летала, тенкови...направи какви што на ни еден здрав ум нема да му текнат во тоа време, а не па да ги конструира (претпоставка и да им текнело, техниката не била развиена, со оглед на тоа што се работело рачно, па така да, немале со што да го направат тоа.) Трет пример: кристални черепи - совршено направени кристални черепи, кои повеќе одговараат на денешното време отколку во времето од кога датираат. Практично невозможно е во тоа време да се изработи такво нешто, што води до фактот дека тие не би требало ни да постојат денес - но ете постојат! Факт е и дека оние кои го водат светот - имаат контакт со вонземјани само не кажуваат за да не настане паника меѓу луѓето, само што криењето на таа тајна не им оди секогаш од рака, па од ваму од таму протекуваат забранети информации. Исто така владата на САД има склучено договор со вонземјаните - тие да си користат наши човечки и животински ресурси за проучување, а нашите за возврат добиваат некоја понапредна технологија. Наоѓани се мртви крави, овци, други животни и луѓе на кои има толку прецизно направени резови што во денешно време, ние, со оваа технологија која ја поседуваме (најсовремени ласери итн.) не можеме да направиме толку прецизни резови. Значи толку совршени резови, што одделувани биле клетка од клетка. Ние немаме толку прецизна апаратура. Вонземјаните имаат дозвола од САД, годишно да земаат по 100тина луѓе и животни за истражувања. Ова не го измислувам јас, ова го кажуваат луѓе кои работеле во ФБИ, знаат и се занимавале со овие работи. И тоа дека ретко обични смртници гледале вонземјани не е точно - има милиони, милиони сведоци на такви појави.
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Релјефите во Египет, нема податоци на нив за вонземјани, тоа што денес има такви емисии кои го тврдат тоа, не е релевантно.Незнам што е толку не прифатливо за денешниот човек дека можело на тогашните луѓе да им текне за хеликоптери.Би било исто кога би се рекло дека денес луѓето се што измислиле, направиле не е можно.Тогаш би се лажеле ако гледаме така.Тука нема ништо чудно.Како да речам сега дека Леонардо бил вонземјанец бидејки измислил направи.И ако се загледаме во релјефите во Египет, може и Бог ќе го видиме, нацртан.Не може ниту да се рече, дека претставено човечко тело со птичја глава на ѕидовите од храмовите во Египет е затоа што бил виден вонземјанец.Како сега да речам дека Ајфел бил вонземјанец оти такво нешто како Ајфеловата кула, само дело на вонземјанец може да биде :^) Мислам такво нешто да се тврди, некој друг ќе се изнасмее.Не зборам за тебе конкретно, туку за оние кои вршат некаква си пропаганда преку емисии.Сами себе се негираат.

    Се согласувам дека има мистерии, ете конкретно черепите, ама за останатово не.Бидејки нема логика, човекот да создаде нешто, некакво ремек - дело и истото да се негира и препишува на вонземјани.
    Повторно, ќе речам, научна фантастика им е тоа дека вонземјаните имале човечки лик, премногу е филмски, исценирано за да биде реално, вистинито.Како во стилот, описот на вонземјаните - мали, зелени, со големи глави, очи големи.

    Излезе дека луѓето не вршат истражувања на животни, луѓе, дека не создаваат модифицирана храна, сето тоа само вонземјаните можеле да го направат.Па и си потпишале договор со САД.
    Во ред е да се рече живот на други планети, суштества поразвиени од нас, но не и дека се што направил човекот е вонземјанско дело.На крајот ќе излезе дека ние луѓето сме вонземјани оти се сме измислиле.
    Не се прифаќа фактот, дека можеби тогашните луѓе биле на повисоко ниво на свест, начин на живот и сл.Односно што се довело за да има работи кои се премногу совршени за да мислиме сега како не е возможно, па дошле од таму некоја планета па си направиле еден обелиск, совршено создаден, а што секако и ден денес може човек да го направи, а за тоа не е потребно авторот да бил вонземјанин.
    Некако упорно своите дела, посебно да речам злоделата, си ги препишуваат на вонземјани, па договори правеле и незнам веќе што ќе измислат, бидејки и не би имале доволно храброст да речат дека се нивни.
    И да е така, нема смисла сето тоа.
     
    На Aryana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    70
    И на крајот на краиштата, никогаш нема да дознаеме што е вистина а што не.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.