Мора да постојат. Во овој огромен универзум не верувам дека само на една мала планета има живот. Плус, се смета дека првите знаци на живот на Земјата долетале од вселената.
Вчера си поразговарав со еден...он лебди низ собата јас му праам кафе и си муабетиме така Верувам во живот на друга планета но во друга галаксија, бла ,бла
Верувам дека постојат бидејќи во овој бесконечен универзум сигурно не сме само ние.Имам изгледано многу документарци со многу факти кои укажуваат дека навистина има вонземјани.Во еден документарец се спомнуваше како луѓето уште во античко време комуницирале со вонземјани а тоа произлегува до многу цртежи во пирамидите,исто таак на некоја слика од некој познат уметник незнам точно кој беше има во позадина нацртано вселенско летало.Исто така како што се градбите на пирамидите,едно од светскиче чуда со големите камења во Перу да бидат направени со толкава прецизност и брзина што дури и денес кога имаме најсовремена технологија луќето неможат да ги направат тие чуда.
Чудно и интересно,али јас верувам во вонземјани и имам причини за тоа!!! -Сигурно дека во толкава атносфера не сме сами. -1000години пред христа се направени пирамидите во кои има нацртано цртежи по ѕидовите,а на цртежите има космонаути ( го гледав на англиска телевизија ) -1000години пред христа во градените пирамиди има тунели во кои неможат добро да поминуваат луѓе,но сепак се изградени ( пуштаа специјални камери низ тунели ) -Се предвидува (не е докажано) дека вонземјаните доаѓале на нашата планета и пирамидите ги користеле како хидроцентрали за нивните летала! -Како што гледав,разбрав и дознав НАСА има докази дека нас не посетуваат вонземјани,но не ги објавуваат затоа што ке настане катастрофален БУМ помеѓу народот ... -A имам слушнато дека се пронајдени и некој тела што наликувале на вонземјани,е малце во тоа баш не верувам демек они доаѓале,а тогашните луѓе што живееле на нашата планета ги убивале мислејќи дека доаѓаат да ги убијат нив .... Некој вонземјаните ги дожуваат како некој изрод или чудовишта или незнам што,за мене пак е малце нормално ... Вон земјани шо значи дека се вон (надвор) од нашата земја,јас сум длабоко во себе убедена дека не сме сами...Али со тек на време ке се докаже ...Малце сум премногу оптеретена со вселената али ме привлекуваат такви работи хихи ..
Па и некако привлечно е ова. Можно е да потекнуваме од друга планета, па сме ја пронашле оваа и не сме можеле да се вратиме. Можеби некои проблеми со гравитација сме имале и слично. Потоа набрзо сме сфатиле дека нема излез и морало да се навикнуваме на начинот на живот овде. Полека со некои наши оружја сме ги убиле диносаурусите бидејќи биле преопасни за нас. Ние сме биле многу мали за да се одбрануваме од нив, па сме смислиле бактерија пренослива само за нивниот вид. Полека сме ги виделе мајмуните со интересен начин на живот, па сме ги ископирале, т.е. од нив сме научиле сѐ што ни треба. Полека сме за движеле кон напредокот, т.е. сме сфатиле дека во шумите нема живот на нас. Веројатно сме живееле на полупустинска планета и сме биле клаустрофобично. Сме учеле како да го усовршуваме животот овде тако даље, тако даље, но нашите знаења за самите себеси исчезнале. Сме биле преразлични од претходните илјадници години, и не сме го зачувале она што ни останало, иако можеби сеуште некаде во некоја пештера го има.... Значи, вонземјанци мора да постојат, но во друг соларен систем. А и теоријата на докторов држи вода до некаде. Тој нека испита, па да видиме. Или се шекнал од размислување за вонземјанците или е во право.
Deckii mi treba sostav za makedonski:intervju so sustestvo od druga planeta....ve molam pisete mi treba navistina ne me biva za vakvi sostavi
Леле ние ко пишувавме вакви составии.. Ете напиши нешто како си сретнала вонземјанец и му поставуваш прашања и тој демек ти одговара.. Толку ли е тешко бе ова? -.-
Би било вистински апсурд да кажеме дека не постои некаква форма на живот во универзумот и дека сме сами. Како прво, ние сеуште не знаеме колкава е вселената, едвај сме отишле до месечината и назад, а па за нашава земја да не зборувам... Човекот не познава повеќе од 50% од планетата Земја, и факт е дека не сме адекватно искусни за да зборуваме за вселената. Во универзумот има околу 5.000 галаксии, а една галаксија има неколку билиони сончеви системи. Еден сончев систем има едно сонце и неколку планети (конкретно за нашиов сончев систем еве се договорија ли астролозите колку планети го сочинуваат?), но да кажеме дека во секој сончев систем има во просек по 5 планети. Една од тие планети е Земјата, а сите останати се потенцијални домови на живи суштества (мислам конечно се `договорија` дека во нашиот сончев систем нема живот на останатите планети). Не мора да значи дека се суштества основани на јаглерод како нас, и не мора да значи дека истите физички закони важат и за нив. Според мене, мислам дека треба да се очекува таму некаде да има живот сличен на нашиот (нормално, не еднаков, тука е природната мутација која во зависност од околностите прави разлика). Денешниве телескопи како Чандра или Хабл гледаат само блиски планети, галаксии и џиновски ѕвезди, а не планети кои би можеле да бидат како нашава или помали (пред се` поради сјајот од големите ѕвезди). Дали некои вонземјани имале контакт со нас, мислам дека ако тие доаѓале во толкав број и да може секој жовек да ги види додека го шета кучето навечер не би биле тајна и мистерија. Дали НАСА крие нешто или не, тоа не знам, но за да вонземјаните дојдат на Земјата, мора да се светлосни години пред нас во техниката за да го преживеат патот до тука, или станува збор за суштества со подолг животен век. Со техниката која ја имаме ние денес, со илјадници сателити и сензори кои кружат околу нас, ние би го забележале буквално СЕКОЕ влегување на вонземјански `бродови` во нашата атмосфера. Исто така, пред 20тина години е пуштена порака до најблиската соседна галаксија, на која се запишани (со нули и единици) најважните податоци за Земјата, нејзината местоположба и поздрав! А за таа порака да стигне до целта, потребни се 25.000 години. И кога некој би одговорил веднаш, нови 25.000 години би биле потребни за истата да дојде назад. Живи били па видели... Да се надоврзам за контактот, и оние НЛО што во денешно време веќе секој втор жител се изјаснува како сведок на истите, првата `летечка чинија` била направена во Германија (во фабриката на Шкода) за време на втората светска војна и била планирана за напад над Америка. Ама откако Американците ја скопчале работата, сите документи `исчезнале`. Па имаше и некој факт дека Ластовичката лета низ светот уште од `80тите години ама била држена во најстрога тајност, па сите видувања на НЛО се сведуваат на неа и слчните летала кои тој период биле во тест фаза. А доколку е вистина, е строго чувана тајна за да се спречи општ хаос на планетава. Сите знаеме дека самата црква залага дека не постојат други освен ние, и самата идеа дека има некој друг ги руши сите догми на христијанството. Прво за настанокот на човекот, кој можеби нема врска со Библијата и тука се руши целиот систем (сите знаеме дека пред се` христијанскиот морал го држи човештвото во некој ред). За да дознаеме дека има друг живот во универзумот, би требало прво да ја развиеме таа свест дека не сме сами, и како би реагирале? А во врска со таканаречениот Американски синдром кој се појавил пред 30тина години кога направиле истражување за тоа како народот ги прифаќа овие работи, било објавено во весник дека во некоја Х област е забележан НЛО (лажна изјава за да се види ефектот) и замислете дека за неполни 12 часа од објавувањето на информацијата се јавиле над 30 луѓе од областа Х кои тврделе дека тие навистина забележале НЛО... Исто и за време на една серија со НЛО (не ми текнува на името на серијата) во Велика Британија се пријавени преку 200 инциденти на годишно ниво каде се забележани така наречените летечки чинии. А, по завршувањето на серијата, бројката драстично опаѓа на 3 пријавувања на годишно ниво. Ова последното е чист факт дека на човекот му треба некоја таква `мистерија`, теории на заговор, абракадабра, џиги – миги, и дека моќта на медиумите за перење на мозоци преку пласирање лажни информации и дејствување на потсвеста на човекот го достигнала својот врв. Мижи Митро, тулумби ќе паѓаат...
Можеби се држи вода до негде,ама тоа за ФБИ агентите . Тие луѓе нема теоретски шанси да издадат такви тајни,доколку некој ФБИ агент не работи повеќе во агенцијата ќе го скинат,ако знае премногу фактори опасни кои што би можеле да протечат надвор во јавност.
Јас мислам дека овие ствари се поврзани со езотеричните учења, каде спаѓа и теоријата за мултидимензионалност. Колку и да звучи како сцена од некој фантастичен филм, јас сметам дека постои некаков протокол кој не поврзува со другите димензии, или повеќе такви ,,филтери'' кои се држат во тајност. Сепак постојат методи од источнта и западната школа кои не ,,обучуваат'' како полесно да го отвориме енергетското поле (третото око) со цел нашиот ум да биде тој протокол, кој ќе ни го прикаже светот кој е намерно прикриен од нас, бидејќи доколку би било поинаку ние не би можеле со нашето физичко тело кое е обусловено од илјада потреби, да преживее, како и нашиот мозок кој би бил бомбардиран со дупло повеќе информации, здобиени со помош на телепатија. Тогаш би настанал хаос, гонг во нашите глави, бидејќи би слушале вибрации од секаде кои не секој е подготвен да ги прими во себе, а за многумина тој гонг на бета системот би бил кобен. Значи мое лично мислење е дека вонземските суштества, не се воопшто вонземски, туку тие се овде на Земјата меѓу нас, односно во нашата паралела, но ние неможејќи да доспееме до повисоко ниво на свесност, не сме во можност да ги видиме. Сите контроверзни шпекулации поврзани со средба со таквите суштества или гледање на летачки чинии не може да бидат само производ на нашата имагинација. Постојат многу луѓе низ светот кои сведочат за таквите појави, но истовремено нивните документи губат секаков траг. Доказ за тоа е Алјаска каде голем број случаи беа пријавени, од луѓе што исчезнале, и семејства кои сведочат за настани поврзани со летачки чинии но, не е ниту ден денес од 2002 па наваму разјаснето за што всушност станува збор. Тоа е така бидејќи кога некој вели дека летачката чинија да речеме, што ја видел исчезнала тоа не значи дека испарила, туку едноставно за една секунда се приклучила во друга димензија.
Од одамна, имав прочитано дека вонземјаните живееле во јадрото на земјата, така нешто беше, колку што паметам, демек живееле во пештерите, таму ги имало.Дали тоа го слушнав од емисија или прочитав, не ми текнува точно, но имаше и ваква констатација за тоа каде се всушност вонземјаните.Сега, има и уште една теорија, накакви суштества живееле внатре во земјата, некаков град имало, колку е тоа вистина, не се знаело, според мене, нема врска таа теорија.Баш сега кога прочитав што пиша, ми текна.
^ Дали зборуваш за ова? http://iluzionist.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=30 Зошто оваа хипотеза ја прочитав пред нешто повеќе од година, арно ама колку што знам сеуште никој не ja докажал нејзината вистинитост.
Да, се сеќавам на линков, ми текна сега кога го видов, а плус и од друго место имам прочитано низ нетов, не ми текнува на страни, ако видам вака, ќе ми текне.Само да напоменам за постоење на некаков подземен свет, се спомнува во книгата Сонот на Орион, книга како книга, а колку е веродостојно напишаното во неа е прашање.Повеќе е тоа како легенда, не дека навистина постои подземен свет.
Вонземјани не постојат. Научно е докажано дека нема такво нешто, така да едно големо НЕ за оваа тема. Јас и верувам на науката и научните докази.
@makedonkamak Научно е докажано едно големо НИШТО. И јас и верувам на науката и научните докази, ама фактот дека хуманоидот (човекот) има навлезено само околу 12 километри во земјата (беше некаде во Русија ако не се лажам), а просечно радиусот на земјината топка изнесува околу 6.379 километри, тоа ми кажува дека не можеме да се пофалиме со многу докази и сознанија. Фактички, ние имаме видено и истражено околу 0.2% од нашата земја, а некои 95% од длабочините на океаните не се видени со човечко око, најблиската ѕвезда е одалечена на `само` 4.200 светлосни години и за да стигнеме до неа со вселенски брод од типот на Аполо ќе ни требаат 100.000 години. Во моментов е невозможно ние да тврдиме нешто за кое немаме никакви сознанија, и патувањето само низ нашиот сончев систем претставува научна фантастика. Науката нема ниту еден доказ дека некаде далеку НЕ постои некаква форма на живот, а додека за нивното постоење имаме `сознанија`, дали преку некои вселенски бродови кои изгледаат како тањири за супа, областа 51 (Ареа 51) и слично. Јас лично верувам дека не сме сами во универзумот и дека постои некаков облик на живот кој е поразличен од нашиот, и ќе продолжам да верувам се` додека науката не го докаже спротивното.