Зошто темава е сместена во "другата наука" ? Инаку, под поимот вонземјани се подразбира секаков вид на вонземски живот, односно форма на живот кој не потекнува од планетата Земја. Тоа секако не ги подразбира оние глупави conspiracy theories или типичните стереотипи создадени од страна на Hollywood филмовите. Напротив, спекулациите за постоење на било каква форма на вонземски живот варираат од суштества со слична анатомија како и луѓето или некој од другите видови флора и фауна на планетава, како и вирусите и бактериите - што значи дека не мора да значи дека овие животни форми имаат развиена свест, когнитиви и интелигенција. Освен тоа, вонземскиот живот е предмет на проучување на Астробиологијата, што се смета за вистинска наука, а не некој апсурден концепт од жарнот science-fiction.
Na vladata na USA top secret files se dosieata za vonzemjani, pa posle toa po vaznost se dosieata za hidrogenskite bombi. Zasto dosieata za UFOs se pobitni od the ultimate doomsday bomb, eve neznam . Inaku stvarno gledajte Sirius/Disclosure, ke padnete na gs kolku dokazi ima.
А зошто темата за рамна Земја е сместена во општи дискусии? We'll never know И назад на темата Лично сметам дека Земјата не е единствената планета на која има живот, во која и да било форма. Зарем од толкав универзум само на оваа планета би се развил живот? Никако не ми се верува дека сме "сами". Дека ќе дојдеме во контакт со вонземјани, од типот на вонземски интелигентни суштества во скоро време... Хм, исто некако не верувам. Да не се лажеме, немаме технологија за детални истражувања на универзумот и многу работи не знаеме, ама токму мистериозноста ја прави вселената уште повозбудлива
Deka sme sami vo Univerzumot , ne sme . A dali ke ima sredbi so vonzemski sushtestva , mozebi vo dalecna idnina , sega ne veruvam . Kako sto spomna clenkata ponazad , nitu imame dovolno tehnologija , nitu pak znaeme se vo vrska so Vselenata .
Не било НЛО , туку некој што крадел дрва во близина на стариот пат за Скопје , со голф 2 или голф 1 .
Научниците креираа нова порака до вонземјаните Научниците смислиле дигитална порака која би можела да биде испратена во вселената за да го воспостават првиот контакт со вонземјаните. Пораката ќе биде објавена во научно списание, но допрва треба да биде подложена на стручна проверка. Научниците со векови се ангажирани во слични обиди за комуникација. На почетокот на 19 век, австрискиот астроном Џозеф Јохан Фон Литроу предложил да се ископаат ровови со одредена геометриска форма во Сахара, а потоа да се полнат со керозин и да се запалат за можните интелигентни цивилизации во вселената да разберат дека има интелигентни суштества на Земјата. Обидите за комуникација со вонземјаните продолжија особено интензивно во текот на 20 век. Во 1962 година, советските научници насочија радио предавател кон Венера и испратија честитки во форма на Морзеова шифра. Следниот обид за контакт со вонземјаните беше далеку поамбициозен, барем во однос на далечината. Во 1974 година, тим од научници, вклучително и астрономите Френк Дрејк и Карл Саган, испратија радио порака од опсерваторијата Аресибо во Порторико до Месиер 13, консталација од ѕвезди оддалечени околу 25.000 светлосни години. Сликата испратена во бинарен код ја покажува човечката фигура, структурата на ДНК, моделот на јаглеродниот атом и дијаграмот на телескопот. Кога ќе стигне до ѕвезденото јато, пораката веројатно нема директно да ја погоди населената планета, дури и да постои, но хипотетичките вонземјани сепак би можеле да ја откријат бидејќи испратениот сигнал е 10 милиони пати посилен од радио сигналите што ги емитува нашето Сонце. Во 1977 година, вселенските летала Војаџер 1 и 2 лансираа порака која содржи звуци и слики избрани да ја претстават различноста на животот и културата на Земјата, врежани во позлатен бакарен диск. Моментално се наоѓа во меѓуѕвездениот простор на работ на Сончевиот систем. Според Scientific American, новата порака, наречена Beacon in the Galaxy (BITG), била осмислена од научникот од млазната лабораторија на НАСА Џонатан Џијанг и неговите колеги. „Направена е ажурирана, бинарно-кодирана порака за вонземска интелигенција во нашата галаксија Млечен Пат“, напишаа авторите на студијата. Предложената порака вклучува основни математички и физички концепти кои треба да послужат како универзално средство за комуникација. Вклучува и мала симпатична графика на две човечки суштества со лекција за анатомија и детали за ДНК, периодична табела на елементи и повик за одговор. Луѓето природно сакаат да знаат дали има живот на друго место во универзумот, а особено други интелигентни суштества покрај нас. Потврдата дека тие постојат веројатно би била едно од најголемите откритија и би имало голем број сериозни филозофски, етички, религиозни и други импликации. Но, научниците се уште се поделени околу одговорот на прашањето дали е паметно да се испраќаат пораки до вонземјаните или не. На пример, познатиот британски физичар Стивен Хокинг предупреди дека вонземската цивилизација не мора нужно да биде пријателска само затоа што е интелигентна и технолошки напредна Еве го линкот од текстот: https://kanal5.com.mk/nauchnicite-kreiraa-nova-poraka-do-vonzemjanite/a524409 Што мислите дали постојат вакви човечиња? Колку ова може да им успее? Има ли живот на другите планети?
По логиката дека ако нашата порака стигне до вонземјаните и ако можат да ја разберат пораката тоа значи дека се интелегентни и технолошки развиени бар најмалку колку и луѓето. А не мора да значи дека ако се интелегентни, при контакт со нас ќе бидат мирољубиви. Под контакт се подразбира да дојдат до нашата планета што автоматски тоа значи дека би биле технолошки поразвиени од нас зошто ние сеуште не сме успеале да стапнеме подалеку од нашиот сателит Месечината. А обично кога поразвиени се сретнуваат со помалку развиени тие ги поробуваат, искористуваат и убиваат. Бар така велат примерите од човечката досегашна историја. Така да шансите, ако дојдат вонземјани до Земјата, да се пријателски настроени не се баш високи. Во таа смисла е и тоа дека не е паметно да испраќаме пораки со кои би им привлекле внимание на посупериорни видови..