Не верувам дека постојат вонземјани, можеби некои микроорганизми но свесни и напредни не, не верувам ни во демони и сл натприродни суштества
https://open.spotify.com/episode/0EkebKRWtX45aDUI6xhJUr?si=yAIFKk0SSOOZQ-tOdIeJ9Q&t=3809 Вака кога раскажуваат, многу убедливо звучат.
https://open.spotify.com/episode/2zb9477sRhEtu9IdrL1SO2?si=eimygemNQNeL7zUUlw5icA Во најновата епизода праат муабет за чудните светлечки летала што сè почесто се појавуваат низ Америка, па прашањето е дали се од надвор од планетава? Или друга држава нешто шпиунира?
Тие летала ги нарекуваат дронови и се појавуваат најчесто во близина на воени бази. Ама во последните месеци освен во САД се забележуваат и во Норвешка и земји од Јужна Америка. Разликата од дроновите кои ги имаат произведено компаниите ширум светот и овие кои се појавуваат последните месеци е тоа што овие вторите дронови имаат способност да ги неутрализираат односно да ги оневозможат првите видови на дронови во моментот кога ќе се обидат да им се приближат. Се губи сигналот односно дометот помеѓу оној кој управува со нив односно ги гасат на некој начин. Дали се направени од човекот по пат на обратен инженеринг или се креација на некои други цивилизации е прашање на кое верувам дека обичниот граѓанин нема одговор.
https://open.spotify.com/episode/1x40iDRmGfGowvSN6qyOGv?si=SeWLPdH7Tb2rQ_jRJGPWcQ Тазе муабет за леталата. Почнувам да верувам дека сериозно нè посетува некој од надвор. Имам чувство дека нареднава година ќе дознаеме многу повеќе работи.
Документарецот Moment of Contact за сите кои ги интересира ваква тематика. Тие што ќе го погледнат, нема да зажалат со сигурност. Станува збор за идентична случка како во Розвел, само што дејствието се случува во Бразил. Се сомневаат дека Америка го заташкала случајот.
Една од причините што го скинаа Кенеди, беше поради тоа што сакаше да каже дека имаат заробено вонземјанин и го чуваат во Ареа 51. Другата причина беше војната во Виетнам, која сакаше да ја прекине.
Многу често го следам поткастот на Joe Rogan, низ годините имаше интересни гости за темата вонземјани. Го гледав и овој поткаст Во тек сум со се на темава (како и за UFO, паранормално, мистерии и сл). Инаку дроновиве што ги гледаат во Америка мислам дека се направени од човек, зошто имаат обележја кои се многу слични на нашите летала. Мислам дека им се случува некоја психолошка операција во Америка или PsyOp. Послушај го Chase Hughes (од Behavioral panel na YT -Не знам дали имаш слушнато или гледано нешто од нив). Објаснува како да препознаеш дали е нешто PsyOp и морам да признаам дека настанов ги има карактеристиките кои ги наведува (исти клучни зборови се користат во оние посериозни медиуми и во изјавите на официјалните лица, вестите се раширија преку медиуми кои се сметаат за потрачарски, недавањето јасни информации од доверлив извор придонесува за ширење гласини, итн). Она што е уште поинтересно и после дроновите почна да се зборува меѓу луѓето се светлечките топки или orbs кои многу често ги гледаат и снимаат луѓето во комбинација со овие дронови или самостојно. Е тие дефинитивно не изгледа дека се направени од човек. Наводно власта за нив ништо не зуцнува. Има сведоци кои ги гледале како излегуваат и влегуваат во океан (исто има и за дроновите). Се претпоставува дека под водата, во океанот, имаат некаква станица или mother-ship. Сега американците пошто полека стануваат демек потранспарентни како ги трошат парите на граѓаните, наместо UFO, почнаа да вадат нови термини за нив (а се е тоа истото ). Необјаснетите феномени на небото се UAP- unidentified aerial phenomenon, овие што летаат па одат под вода ги викаат USO -unidentified submerged aircraft. Ете демек отворија агенција за истражување на UAP (AARO).
Го гледав пред неколку месеци. Супер документарец! Настанот не ми беше познат до тогаш, да се чудиш како се е тоа заташкано пред години... Гледај ја investigation alien на Netflix на George Knapp. Се однесува и за понови настани. Ја изгледав пред некој ден и ме потсети на moment of contact заради случките во Јужна Америка.
Ќе го погледнам. Благодарам на предлогот. Има случаи за кои никогаш не сме слушнале. Во Африка на пример во Калахари имаат урнато со помош на воени авиони едно летало кое го загрозило воздушниот простор и не се идентификувало. Има и симулација направена од случајот.
Ние се наоѓаме во рана фаза на истражување на вселената. Универзумот има да понуди многу повеќе од она што можеме да го видиме и/или она што моментално е достапно со тековните истражувања. Сакам да кажам, има големи шанси да се открие живот или најмалку, да се откријат услови погодни за живот на други планети. Оти, имаме универзум стар милијарди години, милијарди галаксии и уште толку ѕвезди во секоја, па дури и планети во погодна зона за живот. Поради ова, многу е веројатно да постојат други цивилизации. Каде е сега тука фората? Се соочуваме со еден од најфасцинантните парадокси на современата наука. Веројатно сте слушнале за Fermi's Paradox. Накратко, контрадикција меѓу многуте можности за интелигентен живот во универзумот и фактот дека се уште не постои убедлив доказ за истото. Иако имаме нели, се повеќе податоци за огромниот број планети што потенцијално можат да бидат населиви, па дури и со развојот на нови технологии за истражување, овој парадокс станува се порелевантен. Следствено истото, се развиваат нови теории за да го објаснат, од идејата дека интелигентниот живот е премногу редок, евентуално краткотраен или е на премногу далечни планети, па се до хипотези за тоа дека сме изолирани или дека вонземските цивилизации избираат да не бидеме контактирани. Од документарните, препорачувам: Unacknowledged, кој ги обработува контроверзите поврзани со владини истраги за нло. The Phenomenon, истражува сведоштва на воени лица. Ufo, се фокусира на владини признанија за необјаснети воздушни феномени. Close Encounters, обработува лични сведоштва. Investigation Alien, кој нуди една нова поинаква перспектива со модерни истражувања. Сите се добри, колку се релевантни, е сосема друго прашање. Од интересни феномени, за кои постојат теории и објаснувања или барем обиди за истото, а сепак остануваат отворени за различни интерпретации, можете да прочитате за Roswell инцидентот, Rendlesham Forest incident, Chicago O'Hare Airport Ufo, Unidentified Aerial Phenomena.
Дроновите стравувам дека најавуваат воено - оперативна акција. Прво проба како би реагирало населението при вакви ситуации, а потоа и испитување на готовноста на самите летала. Не пронаоѓам ништо мистично, јасно е дека ги имаат во поседство уште одамна. Исто така не мислам дека станува збор за проектот ,,blue beam", ниту дека е апсолутно сѐ psyop. Можеби само делумно за последното.