нз дали да верувам или не .. сакам да кажам дека еднаш во весник читав, а имаше и слика дека во некој град (во друга држава, ама заборавив каде) имаше едно суштество со глава на куче, а со тело на човек ... тоа суштество било здогледано од продавачот од блиската продавница, а после го виделе и многу купувачи од продавницата .. светело во разни бои .. на пр. црвена, ке трепне и одма се појавува истото во друга боја додека така трепкало менувајќи си ги боите суштеството станувало се помалечко .. во 4 часот сабајлето станало ептен малечко што дури го снемало чудно нели ??
Еднаш на една моја пријателка и кажав еден мој став, на кој таа се утепа од смеење. Како и да е, моето мислење беше дека мноооооооооооооооооооооооооооооооогу далеку од овој наш сончев систем, има др. ѕвезда како сонцето која можеби исто така формирала друг сончев систем кој ние не можеме да го видиме. Мислата дека вселената е бескрајна некако не ми е прифатлива, мислам дека би можела да има крај, но пак - што има зад тој крај??? овие прашања се обидувам да ги одбегнам бидејќи ми ствараат збрка во главата а за вонземјаните - сигурно има некои други живи суштества кои живеат многу далеку од нас. Сепак да не се преценуваме дека ние сме единствени живи суштества Не велам дека вонземјаните постојат, оние типичнин вонземјани на кои секој помислува во прв момент: слични на луѓето... но би требало да има уште нешто живо, кое барем ги има особините да се раѓа, размножува и умира... а баш би сакала да дознаам... аее ама се распишаав
ПОСТОЈАТ ! Вселената е тоолку голема што има доволно шанси за да се најде некоја планете слична како земјата, со слични услови. А јас се прашувам што ако во вселената т.е те спуштат подалеку од земјата каде што нема гравитација во воздух, и нема копно. Паѓаш, паѓаш, паѓаш се додека не се задушиш и снемаш кислород. Но што се наоѓа најдоле ? или како што вие викате дали вселената има крај?
Секако дека верувам. И сум сигурна дека на овој огромен универзум не сме единствени. Така да мислам дека многу тајни се кријат за нивното постоење. Само незнам зошто се кријат, зарем тоа не е една сосем нормална работа? Мислам, да постои уште некој живот! Треба да бидеме среќни што е така. Меѓудругото сведок сум на 1 случка која ми се случи токму ова лето. Седев на терасата како по обичај една вечер, и честопати кога ми е досадно имам обичај да си постелам од мајка ми чергичето и да си легнам на грб. И онака се замислив во некојаси трета работа и наеднаш онака гледам како нешто жолто лета на небото. Во форма на чинија но, беше доста брзо и далеку што всушност и едвај успеав да го проследам. И зад него успеав во тој момент да забележам како уште една жолта сенка. Незнам, некако чудно беше и се затрчав кај моите кај моите во дневна и од памет ги извадив како вонземјани да сум видела како паѓаат од небо а не ''летачка чинија'' ако беше тоа-тоа... Така да незнам...се случуваат некои работи во кои едноставно верувам иако ми паѓаат малку чудно. И предтоа верував, но оваа случка ме натера да се убедам во тоа колку и да се чини нереално
Верувам дека постојат,ама не дај боже да наидам на некој Не знам колку е ова точно знам дека бегале од жолта боја и високи фреквенции.Така да си немам гајле кога ќе почнам да викам на цел глас (а имам доста јак глас) има одма да избегаат.
верувам дека постојат и баш би сакал да видам во каков облик се така да се сретнам со некој вонземјанин
Оу ноу веј да сме само ние на вселената. Постојано си мислам дека Кинезите се некој вид на вонземјани
Гарант постојатат само ние немаме абер за тоа!Премногу сме кратковиди за да ги знаеме сите работи што постојат едноставно некои нешта се ван нашиот домет.Тоа ти е исто како и за бактериите и вирусите:тие постојат ама ние не можеме да ги видиме со голо око.Колку време му требаше на човечанството за да стане свесно за нивното постоење.Најверојатно нашите поколениа ќе можат да ги видат некогаш и вонземјаните ама ќе треба многу време да помине додека го постигнеме тоа.
Јас верувам дека постојат, иако не сум видела ништо такво. Еве линкови, па погледнете: http://iluzionist.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=98 http://iluzionist.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=98
Незнам. Толку ми се неразјаснети овие работи. Колку повеќе и длабоко навлегувам, толку повеќе се збунувам и се прашувам. Затоа подобро ќе си останам неутрална.
Мислам дека постојат ама некаде далеку од нас и нашава луда планета може дошле не виделе какви сме и избегале подалеку Се зезам, нормално. Но, верувам дека не сме сами.. мора да има некој таму некаде бе.. Но не сакам да ги сретнам
Ради ова и јас верувам. Но и постојат, само се е добро сокриено од очите на народот за да не се крева голема паника..
Верувам дека постојат,во последно време доста читав за нив - Вонземјанските цивилизации можат да бидат толку високо развиени,што дури нивната логика и однесѕвање се апсолутно недостапни за нашето разбирање. - Вонземјаните ги гледаат нашите животи со помош на уред и принцип кој е надвор од постојните технолошки знаења. Еве и една доста интересна информација која ја прочитав Бугарски научници од Институтот за вселенски студии одлучија да испратат неколку прашања до вонземјаните.Експертите составиле листа од 30 прашања.Некои од нив се однесуваат на потрагата по вонземската интелегенција и контакт со вонземјани,за 2012 и други. Одговорите требало да пристигнат во вид на цртежи низ полињата во текот на следните четири месеци.Почнале да се појавуваат во различни земји.Постоела некоја веб страна која можела да ги објасни сите информации за исечените кругови.Со него и работеле научниците. Тие дознале дека вонземјаните живеат меѓу нас и водат постоен надзор.Не биле непријателски настроени кон нас,тие сакале да ни помогнат,но ние луѓето не сме сеуште доволно развиени за да воспоставиме директен контакт со нив.Според добиените информации вонземјаните сметале дека човештвото може да ја избегне кризата само ако се "уништат сите оружја на планетата и да живееме како еден" За 2012 година на полињата се појавила глава на мексиканец и голем вулкан.Е тука како сакате можете да дешифрирате. Во Британското Кралско друштво се одржале говори "за откривање на вонземјанскиот живот и неговите импликации во науката и општеството" по повод одбележување на 350 годишнината на најстарата академија на науките.Според некои истражувачи,вонземјаните не само што можат да бидат слични на луѓето,но исто така можат да ги имаат и нашите негативни особини како што се алчноста и суровоста.
хехехе не треба ни да се помисли дека нема друг живот на друга планета, секако дека ИМА. СИГУРНО не сме ние овде единствените. Во универзумот постојат планети колку што има зрнца песок во пустината...шансите да сме само ние во универзумот се 0,000000000000000001%
Апсурдно е да сме сами во толкав огромен простор. Серазбира дека ги има,а можеби ги има и на нашата планета. Незнам каде на еден друг форум прочитав едно интересно мислење. Едни двајца се закараа,едниот тврдеше дека непостојат вонземјани и велеше демек додека не видел вонземјанин со свои очи не верувал дека постојат, а другиот тврдеше дека тие постојат. И овој што тврдеше дека постојат вонземјани на тој што не веруваше во нив му кажа: „Никој не го видел Господ па многу веруваат дека постои. Така и јас иако немам видено вонземјани верувам дека постојат„ И тоа мислење ми остави голем впечаток и затоа сеуште ги памтам неговите реченици на тој што тврдеше дека постојат вонземјаните,доста паметно размислување.
Не знам Неможам со сигурност да кажам не верувам,али ниту пак верувам! Повеќе сум некако накај ДА...Ваљда има живот и на друга планета Али дури не им одам јас таму,не верувам бе!
Како што ни е Универзумот голем (бескраен), такви се и можностите за различни видови животински форми. Сигурно постојат некаде тие форми , можеби тие се поблиску отколку што ние “обичните“ луѓе знаеме, меѓутоа дека се со големи зелени глави не мора да значи.