1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонземјани

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 13 јануари 2010.

  1. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Има. Јас сум. Daph-nee phone home... :D

    Шала на зае*анција, мислам дека има. Ама не онакви зелени полноглавци туку форми на живот што нашата мозочна потенција не може да ги замисли. Како што е тешко да се разбере настанокот на универзумот и цната дупка и сите галактични мистерии. Поголеми се од нашата моќ за разбирање.
     
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Неодамна читав за нив.. тоа што го прочитав, ќе ви го раскажам :)

    Вонземјани биле забележани (тоа одамна, ама не запомнав која година во 20век) во Вашингтон. Сите биле стварно изненадени зашто вонземјани претходно се појавувале со некои мали места, а не населени како Вашингтон.. Луѓето што тврделе дека виделе вонземјани и биле одведени во летечката чинија подоцна рекле дека се сеќават само на тоа, не се сеќават на ништо друго ниту на изгледот внатре во летечката чинија.. Повеќето луѓе подоцна поединечно биле испрашувани под хипноза и дале ист опис на летечката чинија.
    Друга случка:
    Луѓе во некое мало место забележале НЛО (неиндефитикуван летечки објект) кој слетал на земјата. Излегле неколку вонземјани, но не се гледале нивните црти на лицето, туку само црни контури (биле како чад, во облик на тело) и кога некој маж отидол до нив да замавне, пред него станале невидливи, а луѓето од страна виделе дека тој поминува низ нивните тела.

    Е, сега на нас останува дали ќе веруваме или не! :)

    А што се однесува до мене, стварно не знам дали да верувам :lol:
     
  3. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Не верувам... Како е можно само во Америка да се појавуваат вонземјани, чудни летала и слично? Сите тие суштества и предмети од друга планета се само плод на фантазијата на Американците, си бараат луѓето нови ликови за филмовите ;)
     
  4. bupce

    bupce Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Italia 1 Mistero La Verita' sul video Dell'autopsia del presunto alieno кој сака да види нека го бара оваа на you tobe ....се зборува за вонзенјаните...не сакам да го поставам бидејки е стварно многу морничаво.. :tmi:
     
  5. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Сите ми викаа дека The Forth Kind бил многу добар хорор и решив и го гледав. Не е нешто посебно страшен а се работи за вонземјани. . :lol: Им го препорачувам на тие што се љубители на хорор. ;)
     
  6. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    28.740
    Пол:
    Женски
    Не е возможно во целиот универзум само ние да сме живи суштества, што значи сигурно постојат некакви форми на живот, вонземјани и не мора да значи дека се зелени, со антени.Според мене мислам дека имаат огромна интелегенција, и имам читано дека имало неколку случки на нивно доаѓање и киднапирање на луѓето, вршење на тестови врз нив, враќање на земјата и бришење на меморијата, но сето тоа било умешно скриено од американската влада, а колку е точно, тоа никој не може да знае.
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Мислам дека добар дел од детството го имам богами потрошено размислувајќи баш на оваа тема :lol: , и дефинитивно тоа фантазирањето тргна уште пред да се појави филмот со преслаткиот мал Е.Т :$
    Памтам имаше еден филм или документарец беше во кој се зборуваше за паралелни светови и имав направено цела теорија за да ја оправдам детската ми будалаштина (а можеби и не е будалаштина :?:) дека тоа да постои. Ма живи мити детски глупости беа тоа!
    Главно размислував како некое друго Жапче, со брат како нејзиниот брат Жапчовски и родители како нејзините Жапчевски родители си шетаат по некоја друга налик на нашава планета. И ми беше интересно да размислувам на тоа Жапчето таму некаде во вселената што ли прави, каков ли е светот таму.
    Пречесто и зјапав во ѕвездите за да најдам нешто што не е ѕвезда, туку некој вселенски брод дојден да види што створови сме ние тука.

    Сума сумарум, не само што во детството размислував за сево ова, сега се надевам само дека она горе огромното не истражено нешто е повеќе од ништо, т.е дека во тоа нешто има многу нешта, инаку би било досадно и трагично да во толкав простор на нешто нема барем неколку слични на нас нешта, па какви годе биле тие :)
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Верувам дека постојат. Сметам дека не е возможно во овој универзум ние да сме единствените. Меѓудругото да се надоврзам со маите и инките (малку ќе отидам оф топик). Сите знаеме дека тие биле цивилизацијата пред нас која се важела за многу интелегентна и напредна во поглед на астрономијата, математиката, аритектурата итн. Истите тие не е возможно да исчезнале наеднаш. Остатоци пронаоѓаат од диносаурсите а од овие кои биле после нив многу помалку...Сметам дека тие имале некаков заемен контакт кој си го пренесувале во универзумот со соседните планети (на пример телепатија). Можеби не биле напредни во технологијата но затоа сетилата им биле многу развиени и можеби тие истите биле спасени пред нешто да се случи од соседството и затоа денес е многу тешко нешто повеќе да се дознае за нив. Незнам дали читавте на илузионист форумот пишуваше дека во 1889 (мислам) стигнало писмо на земјата кое требало да стигне пред 8000 години од некоја планета од нашата галаксија која побарала апел за помош. Писмото било дешифрирано за 2 месеци од страна на НАСА. И воедно се смета дека цивилизацијата која го испратила истото била развиена онолку колку што сме ние денес (т.е. на наше ниво). Незнам колку е приказнава веродостојна бидејки на интернет пишува се и сешто. Но јас лично имам видено НЛО, лани (велам НЛО бидејки многу наликуваше на описиве, во Скопје). Чудно и неверојатно искуство кое не се заборава но не би коментирала сега за тоа.
    Истотака знам дека несакам да запознаам вонземјани бидејки истите доаѓаат од друга планета и можеби носат разни бактерии и болести на кои нашето тело не е отпорно. Озрачувањето од страна на нивните објекти како и се останато за кое имам читано долги години наназад (уште од детството). Животот ми е битен и не би го ставала на ризик...Можеби тие тоа го знаат и тоа е и главната причина поради која несакаат да не посетат. Сепак сметам исто така дека човештвото не е доволно развиено за ваквите средби бидејки многумина ги доживуваат како трауматични и необични (што ако сме подготвени како што се вели тоа не би требало да биде така). А мислам дека ако сето ова се надмине би научиле многу повеќе од она што веќе го знаеме.

    П.С. Кој е кандидат за испит од страна на ,,соседството'' нека се пријави на вонземската листа...Уписите се во тек :D :x
     
  9. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Псстт :x си го имам е.т домааа :inlove: секоја вечер си спијам со негооо :D
     
  10. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Не верувам додека не видам :)
     
  11. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Јас мислам дека постојат. Неможе да бидеме единствени во цела галаксија.
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Потполно се согласувам со тоа. Не сме единствени во цела галаксија. Нашата технологија и не е многу развиена во однос на „Вонземјанската технологија“. Сигурно има некоја раса која што е многу поинтелигентна од човечката. Постојат и не толку развиени раси, секако. Никој не може со сигурност да каже дека вонземјанците се вакви или онакви. Апаратите за набљудување се уште немаат доволен домет за да откријат што има на другите 9 планети, а не па и на останатите...
     
  13. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Само неписмен човек може да каже дека непостојат вонземјани :!:
     
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Ако те пуштат подалеку од земјата нема ниту да паѓаш, ниту да се задушиш зашто нема ни кислород ни гравитација. Нема такво нешто како најдоле, за да паѓаш како што викаш ти е потребна гравитација т.е нешто што те влече, а таму некаде што го нарекуваш ти најдоле нема такво нешто. Можеш само да "паѓаш" кон земјата. Ако те пуштат подалеку од доменот на гравитација ќе орбитрираш. Нема горе-долу. Така како што го гледаш глобусот не е тоа горе и долу :)

    Бреј ама го избаци со факти. Оние физичарите и научниците што ја бранат оваа теза дека не постојат, сите неписмени луѓе. Едвај прво одделение завршиле


    Јас верувам дека постои форма на живот некаде. Ама за во поинтелигентна раса незнам баш.
    Гледам пишувате американската влада ја криела информацијата дека не посетиле вонземјаните, ќе се створело паника, каква паника? и ако американската крие, тогаш каде е руската, јапонската....и ред други. Зашто сите вонземјанци ја посетуваат америка....златен Париз, а никој таму не иде :(
    И зашто ако веќе не посетиле не ни се претстават? можеби од страв да не ги нападнеме....па еве нели поинтелигентни се и имаат технологија каква неможеме да замислиме, тогаш нема место за страв. Ако сме непријателски расположени, се качуваат во невидлииот брод и бегаат. Пак после можат скришно да ни прават експерименти....

    И, 90% од американците што виделе НЛО, не виделе никакво вонземјанско летало, туку новите авиончиња, оружја и експерименти на нивната влада. А за останатите 10% не сум сигурна...
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Јас кога реков дека само неписмен човек може да каже дека непостојат вонземјани, не мислев за тоа дали ги има на планетата Земја, туку мислев на општо низ сончевите системи, галаксиите и универзумите.
    Очигледно не сте го делеле зборот Вонземјанин на слогови, Вон + земјанин (значи вон планетата земја живее).

    Еден Универзум има околу 5.000 Галаксии
    Една Галаксија има неколку милиони сончеви системи
    Еден сончев систем има 1 сонце + околу 10 планети (некаде се повеќе, некаде се помалку планети)
    А галаксиите се со големина од 1.000 до 100.000 Парасеци, еден Парасек е голем околу 31 ТРИЛИОН километри
    .

    И после овие факти само на нашата планета имало живот ? ма дај глупости....

    Затоа јас тоа го потенцирав неписмен човек, бидејќи неписмен човек не ја знае вистинската големина на галаксиите и универзумите и колку милијарди други планети постојат .
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    ^ е ова се веќе факти и нормален пост со размислување и простор за дискуирање. Предходниот ти е чиста глупост. А не реков дека не се согласувам со напишаното, туку начинот на кој беше напишано :) онака лупнато
     
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Верувам дека постои живот на некоја друга планета. Некој чичко ете тие таквите вонземјани ги нарекол, така нека се викаат. Верувам од таа причина што на секоја планета има некоја состојба па на таа состојба се навикнал да живее одреден вид. Да речеме на планетата Земја, сме се развиле ние луѓето, со бела или црна боја на кожа, потребен ни е О2 за да можеме да опстоиме, температурата на нашето тело е некаде 36.5 степени и така натаму. Верувам дека на некоја друга х планета исто има живот, но таму не мора "вонземјаните" да имаат стриктно бела или црна боја на кожа, може да биде зелена, виолетова, портокалова како и да е, не мора да внесуваат кислород за да опстојат, живеат при температура од 400 степени која за нив е нормална. До некој степен се сложувам со Џејмс Камерун за Аватарите да речеме, хуманоиди кои се слични на луѓето, но сепак различни во потребите за живот.

    А да и многу ми е смешно дека вонземјаните ги замислуваат сите како зелени суштества, со црни закосени очи, ќелави и со антени :D Од каде ваква замисла стварно не ми е јасно... Зошто баш така ги замислуваат?
     
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Од Холивуд :) имагинација на некој режисер и сега сите што виделе вонземјани баш така изгледаат

    А баш додека те читав како размислуваш за нивните физички карактеристи си помислив, може таму не важат законите ни на физиката како тука, па по автоматизам неможеме да имаме ништо слично, никаква технологија, може немаат чувства, морални вредности ко нашите, ние на иста земја од различна религија па колку се разликуваме, неможеме да најдеме заеднички јазик :D ....а и да стапиме во контакт, како би комуницирале. Такви машини што ни преведуваат ко на филмовите, не верувам дека има. Не е возможно. Велат некои научници праќале пораки во вселената....баш ме интересира како сето тоа функционира, како некој би ја разбрал пораката кога би ја добил
     
  19. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Богами овај Холивуд ни ги наполни главите со филмови :D Баш тоа во една дебата еден пријател праша, по која логика мора да бидат зелени? Јас па сосем поинаку ги замислувам, не можам да доловам како, ама многу поразлични од она како што ги прикажуваат по филмовите. Како Лејди Гага ги замислувам :D :D (Шала афкорс)

    Алиса јас мислам дека во други планети тие си имаат нивен оптимум за живот, така да кога би дошле кај нас дека не би било возможно да опстојат. Исто како ние што не можеме да појдеме кај нив. Затоа ми е малку смешно кога ќе речат "Леле ако не нападнат вонземјани". Тоа е пред се нелогично, и тие не можат да живеат во услови кои не се стандардни за нив.

    А за комуникација не знам, можеме да се разбереме со секој човек на планетава преку мимики ако не нешто друго, затоа што нашите мозоци имаат центри кои регистрираат секакви мимики како пораки што сака да каже соговорникот, но вонземјанот не мора да значи дека има орган мозок, нели?

    Не знам, многу ми е интересна оваа тема мене, многу е неопипана, само од филмови живееме со информации за истата, баш би сакала научни истражувања да прочитам...
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Верувам во постоење на некаква форма на живот,не мора да е неминовно ништо налик на И-ти.Иако би сакала да постои,многу сладок ми беше пустиот, :D .
    Шега на страна,можеби животот е во форма на нешто налик на планктони на пример,не мора неопходно да станува збор за вид кој е интелигентно супериорен,а сите оние НЛО всушност мислам дека се направи за меѓународна шпијунажа од веле-силите на нашава матична планета,бидејќи ако вонземјаните се толку напред отидени во поглед на прогрес да речеме сигурно имаат некоја си стелт технологија најмалку или па преку некакви си усовршени телескопи би не набљудувале од кај нив дома :lol: ,реално ако животните си почитуваат меѓусебе територијален принцип,која е целта некој супер моќен интрудер да те провоцира со неговото присуство на таков кукавички начин,сигурно не би играле криенка ако им е целта да не исконтактираат или барем да ни го најават нивното присуство.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.