1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонземјани

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 13 јануари 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Во однос на претходните постови,сакам да прашам нешто, како може научниците да се неписмени луѓе?
     
  2. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Оф леле, знаев дека нема да го сватите мојот пост.
    Значи јас научниците ниту ги спомнав.
    Јас реков дека неписмен и неучен обичен човек не ја знае колкава е огромна големината на галаксиите и универзумите и колку милијарди планети постојат (на претходната страна пишав за големината).
    Е сега во толку милијарди планети низ најразлични галаксии и универзуми,различни услови за живот, нема шанси да не постои живот на друга планета.
    Не зборам јас баш за вонземјани, јас зборам општо за било каков живот (бактерии, ситни животни и сл).
     
  3. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Верувам дека има,но не мора тие да бидат како што се најчесто замислени со големи зелени глави и коси очи. Можат да бидат дури и едноклеточни организми,но спеак да се организми имам гледано емисија во врска со ова во која се зборуваше за огромните тајни кои ги чувале некои од поголемите земји како во Америка и Англија. Се зборуваше како властите не сакале ние да дознаеме колку тоа со вонземјаните е точно и со правејќи филмчиња и цртани кои ги на еден начин исмејуваат вонземјаните сакаат всушност да го прикиријат фактот дека тие постојат и се поинтелегентни и поразвиени од нас. 8)
    Сега колку е ова точно не знам,но сепак вакви емисии не можат да се прават без причина, мислам што се добива ако луѓето веруваат дека постојат вонземјани?! :^)
    И на крај зошто да се мисли дека тие кои веруваат во вонземјани се глупави бидејќи не треба да се верува во нешто што не се гледа, тогаш што станува со чувствата? Зарем не верувате во љубов,среќа? Зарем не верувате во Бог
     
  4. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Се согласувам со Доберман и SunShine555 и јас го делам истото мислење.Ме интересира што мислите за ова видео, денес го кажуваа на вестите на една наша телевизија
    http://www.youtube.com/watch?v=bMGatrWkG2c
     
  5. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Е сега јас да ве прашам нешто. Зошто СИТЕ како помали (а некои и ден денес) сме ги замислувале вонземјаните зелени, со глави кои се поддуени на задниот дел. Сигурно не е без врска нели? Како што сте можеле да видете на некои статии вонземјаните навистина имаат таква глава. Постојат и луѓе со такви глави но тоа е само генетски, за разлика од некоја раса на вонземјани. Ги нарекувам со сигурност вонземјани затоа што досега ниту еден научник, ниту еден истражувач немаат најдено суштество слично на тоа. Можам слободно да кажам дека се многу поинтелигентни од нас (барем повеќето). За разлика од нас, имаат откриено начин да дојдат на нашава планета. Ние едвај имаме откриено да стигнеме до месечината и додека да стигнеме 70 години ќе поминат...ах што не сум вонземјанец :lol:
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Зашто холивуд така ни ги претставува.
    Уште ве лажат тоа комунистите :D

    btw нема никакви докази за такви суштества за кои зборуваш. А најчесто овие ги видуваат во америка, погоди зошто. Овие воземјаниве значи им удриле мерак на американците
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Многу си грешка, апсолутно :) Има повеќе докази, слободно можеш да пребараш по google и youtube. Некои од нив точно дека се измислени, но некои не. Имам гледано многу емисии за овие работи. Од каде пак холивуд така би ни ги претставил работите? На жими мајка? Ма јок... ;)
     
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Ахам. Токму гугл и јутуб се релевантни извори на докази. Може и википерија да ја сместиш таму. Места каде секој може да си напише и да си остави што сака.
    А може и некој вонземјанец има профил на фб....е вакво нешто ако видам, тогаш мора да верувам дека се мали зелени
    И не го поценуб+вуај холивуд, креативци се :)
     
  9. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Бидејќи упорно некои ја пропагирате тезата за зелени вонземјани со подуени глави ќе кажам зошто не верувам во неа.
    Прво,составот на другите планети не е ист.Најмногу наведувана планета за постоење на некаква форма на живот е Марс,ама таму доминантен е метанот.Тоа е т.н.барски гас,кој во поголема концентрација е смртен,затоа и постои страв на нашата планета дека глобалното затоплување ќе придонесе до ослободување голема концентрација не метан,бидејќи тлото на Сибир без ледени наслаги било мочурливо.Друго,станува збор за огромна топлина на површината и под површината на Марс и ја нема гравитацијата.Па,со оглед на сето тоа и со оглед на тоа што најчесто таму се прават снимки,хуманоидните вонземјани би лебделе,биле загушени или стопени,доколку се со тие карактеристики кои ни ги презентира Холивуд.
    Ок,не мора да е нивна матична планета Марс,но горе-долу секаде условите се такви различен хемиски состав и огромни температурни разлики,непостоење на вода и така натаму.Јас верувам дека постојат други форми на живот,но не такви хуманоидни,бидејќи еве конкретно на нашата планета дури дошло до појавата на луѓето имало диносауруси,па амфибии итн значи која е веројатноста на друга планета да тече паралелна еволуциска нишка и да се јават скоро идентични по состав живи суштества?Со оглед на разликите во староста на небеските тела,различните влијанија на кои биле изложени и различниот состав,скоро никаква.
    Понатаму,уште од 50-тите год.поставени се станици кои ловат звучни сигнали во вселената,па како до ден-денес не фатиле никаков сигнал?За право и да фатат со оглед на брзината на звукот кој патува низ толкаво пространство како што е Вселената,може да е од минатото,а не тековен сигнал,ама непостоењето не е знак дека зелените со нивните чинии облетуваат над нас.
    И на крај накратко осврт над главниот виновник-САД.Тие до Втора светска војна и не се некоја економска сила,туку потоа стануваат она што се.Тука има неколку контрадикторности-како баш на нивно тло да дојдат вонземјани и да им дозволат слободно да ги сецкаат-сум го гледала тој документарецот со хируршките „интервенции„,кој смрди на лоша монтажа.Друго,баш потоа истите тие ги пренасочуваат огромен дел од средствата наменети за вселенски испитувања на др.полиња,ако ти си вложил доста на испитување дали нешто постои,колкава е веројатноста да се откажеш во голема мера од истото,наместо да си поупорен и да вложиш уште повеќе баш тука?!Нема логика.Всушност сето тоа е во прилог на САД кои најдоа параван за шпиунско праќање на нивните сателити на нашата планета и дополнително предизвикаа паника,за да добијат плус пласман за нивното оружје.
    Од друга страна,истиот Холивуд дава сценарија и за вонземјани кои личат на чудовишта,огромни бубачки итн.Тука има уште една за мене нелогичност зошто сите летала би биле такви чинииести,дали вонземјаните преферираат сите само таков облик :lol: и пак ќе речам ако ние сме ја откриле стелт технологијата,како не би ја откриле интелигентно супериорни вонземјани и др.околу ова го имам искажано во претходниот пост да не се повторувам,тогаш ме мрзеше да давам пошироки објаснувања.
    Пак ќе завршам со тоа дека верувам во постоење на форми на живот на други планети,меѓутоа не верувам во она холивудско сценарио околу нивниот изглед.
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Вчера чинам дека забележав НЛО и тоа по втор пат во мојот живот, исто од мојата тераса. И тоа не го видов сама, туку заедно со мајка ми. Инаку да напоменам живеам во Кисела Вода :!: Беше жолто во елипсовидна форма и се движеше со релативно голема брзина. Мајка ми вели дека можеби било ѕвезда иако мене не ми се чинеше така. Истиот објект од летото на 27-ми август во ист правец, од видливо око слична брзина. Знам дека можеби звучи смешно но, доколку некој забележа вчера околу 22:30 нешто чудно на небото слободно нека пише.
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека постојат, па сега.. :?:
     
  13. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Епа вака, имам забележано такви работи повеќе пати. НЕКОИ од нив се сателити и вселенски станици. Но за некои што и мене ме оставиле со отворена уста не знам да објаснам. Имам гледано видео, една светла точка се движи пребргу. ЗА ВРЕМЕ ОД 1-2 СЕКУНДИ точката запира (а за да се запре таа неверојатна брзина...богами треба време) и се враќа назад со уште поголема брзина. Според повеќе истражувачи и научници тоа е НЛО. Друг пат не пишувај дека можеби звучи смешно :P
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Ох незнам навистина што да кажам. Инаку незнам дали чу за оној вонземјанецот кој го најдоа во Русија дека всушност бил измама и бил направен од пилешко месо и леб :puke: Ми доаѓа никогаш повеќе да не ставам в уста гледајки го вонземјанецот :D А да се надоврзам, повеќе не сум во ништо сигурна :x
     
  15. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Нема потреба од што да ти е гад. Веќе СЕ користат за СЕ. Со јадењето играчка си играат. Инаку како што реков, има многу лажни, но има и вистинити. Секогаш кога за нешто не сум успевал да си разјаснам, сум се ослонувал на физичките закони. Целата финта е во тоа што научниците на нашава планета знаат многу помалку од некои вонземјани, а доколку си ПРИЈАТЕЛ со физичките закони, можеш навистина да правиш чудесии (барем за нас, луѓето)
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Ех, токму поради оваа причина сакам да учам метафизика :) Да можам да им мудрувам на луѓето, додека тие ќе ме сфаќаат сериозно :rock:
     
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Еј ама забегавте
    А вие знаете што е НЛО? пошо глеам вака во многу различен контекст го употребувате, нејасно....
     
  18. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Што сме забегале? Нло можам слободно да ти одговорам што е. НЕИДЕНТИФИКУВАН ЛЕТЕЧКИ ОБЈЕКТ и доколку си гледала емисии за тие работи, НЛО најчесто се користи за мистериозни објекти. Зошто? Па ајде да тргнеме по некоја логика. Дали летало што е испратено од земјата (без разлика дали сателит, сонда, ракета и слично) не би можело да биде идентификувано? Се разбира дека ќе биде идентификувано. Не можат да се идентификуваат само оние кои не се испратени од нашата земја, затоа што оние кои испраќаат такви летала имаат многу подобра технологија од нашата ;)

    Дури сега видов дека си ми вратила на претходните постови. Девојко, ако вонземјаните се занимаваа со фејсбуци како вас, немаше да гледаат подалеку од нивната планета ;)
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Ама ако за тебе е НЛО она што си го видел дома од тераса, за владата на САД е ИЛО
    Мислиш ќе излезат они и ќе речат: "Абе не беа вонземјани, ние си тестиравме нови борбени авиони". И затоа се што го категоризираат под НЛО, не верувам дека не е од нашава земја
     
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не велам дека не прават одредени експерименти но ти неможеш да докажеш дека тоа е навистина нивно дело, како што ниту ние неможеме да објасниме дали навистина станува збор за вонземски објект или пак нешто сосесма трето. Во секој случај и двете работи се делумно точни.