Вонземјани ? Не знам, не сум видела , додека не видам со свои очи во ништо не верувам Но затоа сум видела тука на земјава чудни суштества кои личат на луѓе ,но понекогаш не се однесуваат како тоа да се и на моменти ми изгледаат како да не се од оваа планета . Ете и до ден денес кога ќе наидам на такви се прашувам од која ли планета се паднати , уште не го одгатнав нивното потекло , а не ќе да се вонземјани
Е така веќе може. Ќе си веруваме додека не дојдеме до сигурни информации. Сепак додека дојдеме до тие сигурни информации....земјата ќе пропадне. Инаку НЛО ги нареков објектите за кои научниците не можеле да откријат што се. За мене тие секако се НЛО
Искрено незнам точно дали верувам или не. Не сум ги видела со свои очи за да знам дали постојат. А од друга страна мислам дека не сме сами во вселената. Многу ми е интересна оваа тема но за жал сеуште ништо неможеме да докажеме.
не верувам... додека видам не верувам .. а и да видам пак нема да верувам ќе мислам дека сум под некое дејство
точно е дека универзумот е бескрајно голем и има премногу претпоставки дека е невозможно да постоиме само „ние“. Има премногу терории во кои се докажува дека постојат вонземјани но ниедна не е потврдена со факти. Па затоа и на неутврдени теории, факти и претпоставки не верувам и да не верувам додека не видам. А искрено и не ми значи ништо дали постојат или не така да...
Тебе не ти значи, мене не ми значи, но во глобала, за човештвото е значајно Штом на месечината има мов и лишаи, значи би требало и на другите места да има жив свет. Слаби сме со технологијата тоа е тоа...како и да е, ќе биде, има време
Пред некој ден читав негде дека покрај Јужна Америка и Мексико,Македонија е најинтересната земја за вонземјаните и дека во Македонија има над 35 евидентирани случаи на посети на вонземјани и многу повеќе незабележани летала на нашето небо Прв пат НЛО над Македонија бил виден во 1942 во близина на некое Кичевско село.
иако не сум видела верува дека постојат затоа што веќе е докажано дека има повеќе од 500 планети каде што има живот.
Не верувам, нешто повеќе- убедена сум дека постојат. Можеби не во оној облик како што ги претставуваат на филмовите, но секако постојат. Нема теоретски шанси од тооооооолку голем универзум ние да сме сами, значи НЕМА ШАНСИ !!! Како Сонцето наше има уште незнам ти колку други ѕвезди, а околу нив сигурно има и платети како нашата, така да кај барем една би се развил живот. И мислам дека тие се многу понапред од нас и многу попаметни. Како и да е не би сакала да дојдам до било каков контакт со нив бидејќи никогаш не се знае, не знаеш какви се, како размислуваат и што ти мислат. Така да, не фала, ќе продолжам само по филмчиња да ги гледам.
Верувам во вонземјани, дури и премногу. Сепак тие доколку постојат, сигурно се понапредни од нас и не наљудуваат. Сепак не знам дали би стапиле во контакт со нас, бидејќи ние сме се уште примитивни во однос на нив. Еден научник на дискавери кажуваше дека дури и ако постојат, не би стапиле во контакт со нас бидејќи не би можеле да ги разбериме, тоа би било исто како на лебарка да и објаснуваш како работи моторот на колата. Но, филмот The fourth kind многу ме исплаши околу оваа тема, и непосредно по гледањето на овој филм, разбрав дека баба ми и дедо ми кога биле во викендицата биле сведоци на нивно присуство(на вонземјани), целата околина се осветлила како да е ден, дури и посветло, се слушале чудни звуци, слични на ветер,се чуствувал некој необјаснив мир, а утрото после тоа шетајќи низ шумата(бидејќи се работи за навистина планинско село скриено меѓу сртовите на една од нашиве планини)селаните наишле на траги односно 4 длапки оставени од потпиралките на леталото, односно таму каде се спуштило исто така 2-3 дена претходно, на вестите кажаа дека било забележано НЛО во Србија. Селаните не сакаа да зборуваат за ова и остана тајна на селото, бидејќи се плашат да не завршат во лудница, во оваа никаква држава. Инаку , од мала сакам да се сретнам со вонземјани и сум многу љубопитна околу оваа работа, сепак никој не знае како се поставени кон нас, и како би реагирале при средбата со нас, ние сигурно ќе бидеме преплашени, зачудени, а тие? Никој не знае.
Па штом стигнале толку блиску до нас , а живеат толку далеку и толку вешто се кријат, сигурно се далеку попаметни и понапредни од нас во секоја смисла, тоае разбирливо.Дека не наљудуваат и во тоа сме сигурни. Но зошто? Какви ќе бидат реакциите при средбата со нив?Никој не знае. Сепак , ние имаме свое природно оружје, тоа се голем број, бактерии и вируси, на кој низ вековите станавме имуни, тие не се. Многу проекти останале на НАСА завршиле на површината на Марс и до денденес , бидејќи се плашат дека враќајќи ги на Земјата ќе донеат нови вируси и бактерии на кои не сме имуни, и можи да доведат до самоуништување.
Mилена драга ај те молам не се потресувај без причина. Доколку оваа информација не ти се чини релевантна немораш веднаш да започнуваш со саркастични изјави
http://www.iluzionist.com.mk/index.php? ... &Itemid=98 Што мислите за ова? Уште една лага или пак има нешто сепак вистинито? Јас не го сфаќам ова здраво за готово меѓутоа можно е, никогаш не се знае....
па и јас мислам дека постојат! Бидејќи не може да сме сами во овој огромен универзум! мора да има...и којзнае уште колку планети постојат милионии ехее! и баш би сакала да видам некој марсовец хахаха
Читав и во весник за ова, малце ми е безвезе... еленин била вештачка комета, само ги криела вселенските бродови кои ги напаѓале сите планети, ни сме биле на ред, злобни биле овие вонземјани, уништувале живот на планти.... Всушност, како ни може да знаеме кога ќе не нападнат, и дали доаѓаат за да не нападнат, ни се јавија по телефон и ни пратија факс и објаснија СЕ ! повеќе ми е како напумпана новинарска приказна. А за дали постојат, уверена сум дека има живот и на други планети, со оглед на тоа што универзумот е огромен
Прочитав дека ќе не нападнале вонземјани сега во ноември ( ) , прво земјава се распадна според нечии предвидувања,а сега и вонземјани ќе не нападнат Си кажав дека не верувам и сум голем скептик во врска со ова, тоа што го презентираат во јавноста е научна фантастика или пак подобро речено контрола врз светот од некого со цел да биде уплашен итн.Нити ќе се распадне земјава, а нити вонземјани ќе не нападнат, само едно не ми е јасно, како тоа порано не истражувале доколку сметале дека ги има, кога некој докажал дека ги има и се појавуваат на одредени личности сосема случајно, каде се појавуваат - па нешто често одат во Америка изгледа им се допаѓа земјата, потоа скандинавските земји или евентуално кај нас, според нивните презентирања, а што најчесто виделе - летачки чинии, зелени суштества.Во светов, тие што презентираат информации, истражувања за вонземјаните,изгледа не обрнуваат внимание на поголемите работи во светов за кои би требало да се загрижат за да ги решат како сиромаштија, болести, глад итн., отколку да се занимаваат со постоењето или непостоењето на вонземјани.