1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонземјани

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 13 јануари 2010.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Постојат бе, се имам видено со нив и ме прашуваа за најдобриот форум на светот, ОЗБИЛНО ОВА пошто сакале да се зачленат и тие и правевме муабет за форумџиките тука што пишуваат по форумот. И ми рекоа дека посебно им е мило ем драго дека има цела тема посветена само за нив. Голема чест им било :clap: :rofl:

    П.С. Ви праќаат :hug: и :* со пораки дека се читаме и дружиме со нив наскоро на Фемина :D :D :D


    Вонземјани малце во Македонија имаме па ги бараме на друга планета, ние сме вонземјани тоа е факт за човековото битие!!!! Не ми требаат докази за да верувам дека псотојат, кога ќе ти се испонаша некој, па го гледаш како да паднал од Марс. Просто како да не се од оваа планета. :wasntme: :wasntme: :wasntme: Капиш народе вонземјани? Тој кој во детството не му читале бајки не е крив што е ''кратковид''
     
  2. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    [​IMG]еве еден зелен[​IMG]ама гладен е некако :lol:
     
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Може ке ме помислите нетаман со умот ама ке си кажам што мислам (и не сум напушена, не сум под дејство на дроги)


    Сигурна сум дека постојат вонземјани, не сум видела лично ама постојат. Дури и мислам дека ние луѓето сме тест на некоја поинтелегентна цивилизација. За вонземјаните има докази уште од дамнешни времиња. Од каде инаку поврзаноста на дамнешните цивилизации една со друга? Скоро во сите врховен бог е богот на сонцето, тој се симнува од небото, тие стари цивилизации за многу работи биле пред нас, пирамидите како ги граделе уште не знаеме, старогрчките гадби под кои прецизности се градени што денешните архитекти зинуваат пред тие нив, како може во исти периоди и маите и египјаните да прават опсерватории, скоро на сличен начин оди развитокот на цивилизациите од различни делови во светот, а немале Интернет да се договорат :) . Зошто светците во христијантвото имаат ореол на гравата, гледано од профил тоа е уствари глава на вонземјанин. Зошто кај музлиманите и индијците мажите шо се поглавни и шо се поголеми верници тие крпите на глава ги стават во круг, зошто не ставаат на пример мекои во форма на триаголник Имам многу книги читано на оваа тематика, верувам дека многу од нив се измишљотини ама и 10% да е точно многу е. Најново шо слушнав е дека и Тито во времето на Југославија кога бил фатен вонземјанин го скрил тоа :o

    Еве во кратки црти една теорија за вонземјанците. Тие дошле на Земјата бидејки им требало злато, за нив има некоја друга вредност златото, и луѓето најпрво биле направени со генетски инженеринг за да
    им служат како робови. Кога си ја завршиле работата решиле да си одат, арно ама не знаеле што да прават со Земјата. Настанало кавга мегу нив дали земјата да се уништи или не. На крај се договориле да направат експлозија на Земјата . Доказ за таа експлозија е некоја планина мегу Европа и Азија не сум сигурна можеби е Урал. Таа е стара грамадна планина арно ама делот од Азиската страна е стрмен и јасно се гледа дека не е во прашање метеор туку екпозија. Некој научник-вонземјанин (или група нивна) што биле против уништувањето од секој вид земал по неколку машки и женски единки (се претпоставува оти во епрувети) и ги спасил лугето и останатите животни. Се сетивте нели тоа е приказната за Ное... токму стариот завет го опишува тоа што се случило мегутоа во скриена форма. Зошто Ева била направена токму од ребро на Адам, па од каде се зема денес коскена срж при пресадување, коскената срж е баш тоа што е поврзано со ДНК на лугето и најчесто не земаат срж од родители како на филмовите туку најкомпатибилен е некој од друго место на планетава. Ако била направена од неговата сперма ке му била керка. Пишува дека од некаква кутија на Исус му дошол глас кога бил на планината, што е тоа ако не некоја нивна направа слична на денешните касетофони. И не сум неверник, откако го прочитав ова почнав да верувам во Библијата, таа ни ја кажува вистината која кога тогаш ке биде обелоденета. Некој го крие тоа, ги кријат плочите од Александовата билиотека и од многу други цивилизации како Сумерите, Вавилонците и слично, затоа што со религиската поделеност можат да владеат со светот.

    Вселената е огромна, апсурдно е да се каже дека само ние постоиме и сме најпаметни.
     
    На eliesaab и Feminkaa им се допаѓа ова.
  4. taylor.swift

    taylor.swift Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    10
    не верувам дека постојат нема живот на друга планета па како би опстанале тие? а и онака сме ние вонземјани пишува на мотика во мистери кој го интересира нека прочита
     
  5. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Колку галаксии има кај шо човекот не е во способност да отиде од кај знаеш дека на тие планети нема живот? :^)
     
  6. feminaiskra

    feminaiskra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Верувам во Вонземјани 100% тие постоет (СИГУРНА СУМ)
     
  7. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    Не биди толку убедена дека нема. Од каде знаеш што има таму надвор? Еве почни од нас.. ние сме тука на земјава, па коа ке дојдеме на некој остров да речеме наоѓаш луѓе шо не си очекувал да ги има. Оти да ги нема вонземјаните? Има докази, само Американската влада се крие... има многу работи што луѓето не ги знаат. Но еден ден се ќе излезе на виделина.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. musicgirl55

    musicgirl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    56
    немам видено но сепак верувам колкав е универзумот а да сме само ние?не верувам мора да има некој друг а се пронајдени и 50 планети но сепак многу одделени од нас :geek:
     
  9. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    хахаха..кога бев мала ги чекав на тераса :D
     
  10. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Ова првово е атронаут, а второво е диносаурус.
    Инаку не верувам во вонземјани.
     
  11. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    нема живот на друга планета за нас а за нив можеби има.... тие можда и воопшто не ни дишат, имаат свои животни услови каде што ние не можеме да живееме а не тие...
     
  12. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Свемирот е бескраен! Тоа значи дека милијарди билиони светлосни години е оддалеченоста меѓу планети соѕвездија галаксии и триста чуда. Како нашето сонце и планетите постојат многу такви соѕвездија на огромна оддалеченост кои се недостижни да се видат. Научници имаат потврдено дека колку нашиот планетарен систем има уште милијарди, а тоа значи дека сигурно постојат и други сонциња и планети како нашите. Така да вонземјани има сигурно, а какави суштества се како изгледаат тоа никој не го знае. Иначе за НЛО и тие америчките или руските емисии, се додека не ги видам со свои очи не верувам. Тие да се вонземјани ќе слезат и ќе стапат во контакт со нас, а не само да надлетуваат и да бидат фатени на камера!
     
  13. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Многу ми звучи глупо кога некој ќе рече дека нема услови за живот и затоа нема вонземјани.
    1. Од каде да знаеме со сигурност дали на други планети има вода, кислород? Уште Марс немаме го проучено како што треба, подалеку одиме..
    2. И да ги нема истите услови кои нас ни се потребни за живот, од каде дојде заклучокот дека и на живиот свет на другите планети им требаат баш истите? Можеби тие немаат потреба од вода, од кислород. Можеби воопшто немаат респираторен систем, од кај да знаеме?
    Сигурна сум дека постои живот подалеку од Сончевиот систем, но сепак вселената и не е толку мала за да го пронајдеме пред да се уништиме.
     
    На MiDnIgHtLaDy и Juicy им се допаѓа ова.
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Е да де тоа зеленото види како е гладно ќе го изеде астронаутот :lol: И не ме издавај дека е диносаурус, битно зелено е (џоа Марсовец) :D :D

    Ве читав сите и ај да кажам има логика во тој огррррооооомен простор да има уште некого освен нас. Убаво би било да не сме сами, нели? Тоа е стравот на човекот! Да не е сам во вселената! Можда постојат, а може и не, ама најверојатно не, зошто ако постојат зошто никогаш никој не ги видел?, зошто тие би биле попаметни од нас како што многумина викате. Да бе луѓе ако има некаков вонземен или поинтелегентен жив свет што не посетил нас на нашата земја, ако се тука и не гледаат....ако стварно ги има...ме интетесира кај се кријат???? тогаш зошто си играме цело време криенка? :?:

    За тие што наводно виделе НЛО, како што убаво кажа тука една наша форумџика, не виделе никакво вонземјанско летало, туку новите авиончиња, оружја и експерименти. Убаво кажа форумџиката тоа што за нас претставува НЛО (неиндентификуван летачки објект) за Америка, Русија....претставува ИЛО (идентификуван летачки објект). Никој нема јавно да каже дека тоа они си испробуваат нови борбени авиони, туку оставаат народот да верува дека леле НЛО виделе :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    јас не верувам дека постојат :D :D
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    не сум видела, но верувам дека постојат
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Нема шанса да постојат вонземјани,не верувам.Инаку имав гледано на јутуб дека тоа биле паднатѕите ангели на Луцифер,е тоа ми се верува па и Америка башка шо си е антихристичка,од нив само ѓаволски работи излегуваат.Пазете се луѓе,живееме во последното време,немојте да верувате во такви измислици за вонземјани :puke:
     
  18. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    * За болдираното, најверојатно мислиш на Мојсеј (кога бил на планината Синај), а не на Исус

    Интересен ти е постот, не велам не, само и покрај тоа мене целава оваа фама околу вонземјаните не ми е воопшто верна :^)

    Јас не верувам, барем не во овие приказни кои ни се продаваат. Ниту во вонземјани, ниту во сатани ниту во рептили кои заземаат човечки облик, ниту во некакви други натприродни сили и ѕверчиња со интелигенција поголема од нашата кои одвреме на време слетуваат со НЛО или се качуваат тука од подземјето па си се шеткаат на земјата и си кројат злобни планови за превземање на планетава со цел нејзино уништување, значи NOT |(
    Единствено верувам во човекот и во неговата способност и моќ (а една од тие моќи очигледно е да лета со паметот и да бара одговори онаму каде што не треба да ги бара затоа што ги нема) како и во моќта на машинеријата за перење на пари и мозоци.
    Зошто не верувам?
    Прво, овие теории за ноќните посети на вонземјани и нивното киднапирање луѓе па и нивниот изглед по кој се познати во нашиве глави се холивудска комерцијална измишљотина. Значи креација на еден автор на стрипови од 30-тите години (ич не ми текнува како се викаше сега), кои патем станале доста успешни и му донеле пари и слава, па неговите идеи полека-полека почнал да ги користи Холивуд во свои филмови и по се изгледа дека тоа повлијаело врз мозочињата на некои самопрогласени НЛО-истражувачи, па си дошле до идеја да почнаат да копаат по историски и религиски извори за да бараат некаква си поврзаност со НЛО. И како бе ова никому не му текнувало пред Втората светска војна туку сите сомнежи и истражувања датираат од 1946 па наваму? И после се појавија мноогу "релевантни" докази како "очевидци", "жртви" на експерименти, бремени жени кои во рок од една ноќ и зачнале и родиле вонземјанче |( Тоа НЛО, како што некој спомна погоре се само воени и шпионски летала кои светските влади ги лансираат за да ги испробаат, а ние немаме сознанија за воениот и технолошки капацитет на големите сили, ама затоа сме многу информирани за воениот и технолошки капацитет на вонземјаните па си веруваме во некои теории кои и немаат некоја здрава и поткрепена основа. |(
    Ако вонземјани постојат ама не сме знаеле за нив затоа што американската влада сакала да го скрие нивното постоење од нас, мислите дека тогаш секој ден ќе ги гледавме по медиумите (ајде Интернетот не го рачунаме, ама телевизијата и весниците како порелевантни, и пази, видни ТВ-куќи меѓу нив) оние снимки и фотографии за тие мртви вонземјански тела (бтв направени од пилешка пача) и за видените "вселенски летала" низ метрополите? Да бе, успешно го кријат тие ова :wasntme: Мене не ми се чини баш дека оваа теорија се крие, повеќе би рекла дека се наметнува, особено ако се земе во предвид фактот дека последниве неколку години не сум чула медиумите да ја исмејуваат и да ја омаловажуваат теоријава, туку напротив повеќе се дига паника.
    Потоа за тие кругови во житото кои во Америка нели на секој чекор се појавувале во селцата и помалку населените места близу природа. Баш гледав еден документарец пред 5-6 години (веќе нема такви добри документарци |( ), еден од ретките кој ја побива теоријата околу "вселенските чинии" . Собраа група луѓе во поле кои тврдеа дека за една ноќ со помош на јажиња и уште не знам какви реквизити, можат да направат такви кругови без притоа да остават никакви траги од стапала кои можат да докажат дека тука имало човек, а не се стационирало летало. И успеаја (и тоа телевизиски екипи ги снимаа, замислете уште сами да беа што ќе направеа) :) Следното утро таму имаше исти такви кругови како навистина трагите да биле од летало во форма на чинија, значи идентични со оние што се појавуваат ту и тамо. Така што, кога група аматери успеа тоа да го направи, зошто јас да верувам дека тука се "паркирале" марсовчиња за да го извидуваат местото и да си бараат човечка жртва за експерименти?
    Ореолите на светците биле всушност скафандери? Хм, а зошто јас сум мислела дека со ореолот околу главата на светецот иконографот сака да ја симболизира светлината која светецот ја носи со себе?
    Добро, знам дека постојат милиони галаксии со милиони планети... Еве нека има живот во развиена форма на некои од тие планети. Ама дека доаѓале овде?! Е во тоа не можам да верувам. Кога науката го има сознанието дека се потребни светлосни години да преминеме од нашата галаксија во некоја друга, тогаш како би можеле некои си вонземјани да преминуваат кога ќе им текне? Ако одговорот лежи во долговечноста и во многу-напредната технологија, тогаш зошто штом се толку понапредни и подолговечни не ни се покажат едноставно. Не, тие и кога би постоеле и кога би преминале, повторно нашава планета би ги немала потребните услови за живот за нив па да можат да не посетуваат. Едноставно премногу услови не се исполнуваат.
    Сево ова со вонземјаните ме потсетува на тоа кога во античко време луѓето не можејќи да си дадат одговори на низа прашања околу постанокот на светот и на човекот си верувале дека група богови си живеат на врвот на Олимп иако тоа немало врска со реалноста. Значи повеќе од 3000 години, човештвото ја има истата потреба од илузии и чувство дека му е потребен некој друг. Ако има нешто, некоја мистерија околу човековото потекло, тогаш човековиот мозок не е кадарен тоа да го осознае, затоа што нашиот опсег на сфаќања е едноставно ограничен во тој поглед. А не некои си вонземјани таму.
    едит И постов испадна многу долг што страшно ме иритира, ама несоницата ме натера да пишувам |(
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Верувам дека постојат :geek: Мислам дека неможеме да бидиме сами низ целата вселена :geek: Гледав на една емисија видотелот вели: НЕ ПОСТОЈАТ ВОНЗЕМЈАНИ ВО ПОБЛИСКИТЕ ПЛАНЕТИ БИДЕЈКИ НЕМА СУЛОВИ Т.Е НЕМА ВОЗДУХ, ВОДА, ХРАНА..... :^) :^) чоек бре кој рече дека на вонземјаните им се потребни истите услови за живот како на нас... :^)
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Порано имав слушнато уште неколку теории за наводното постоење на вонземјани, како демек живееле во јадрото на земјата, по пештери :D , за ова со пештериве немам коментар :D па и такви кои како постоеле,ама тука биле меѓу нас, како мали човечиња и биле невидливи, ако пример во домот тропне нешто само по себе, нели што тие нешта се препишуваат на необјасниви случки, тоа да ти биле вонземјанчињата невидливи, отварале врати итн. :D |( па сега прочитав на нет дека и во вулкани ги имало :rofl: :rofl: |( Мислам дека американските филмови ептен влијаеле кај луѓево, дефинитивно, до толку што веќе станале реалност |( незнам по која логика би се сметале за веродостојни :^)
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.