јас добив на 15 овој месец, а бета го правев вчера, едното го направив сабајлето во 9 и беше 189, нокеска ме фати паника бев на клиника и беше 144, ми рекоа нема место за паника, многу е рано за било што да кажат. Да одам во понеделник пак ако не престане крварењето. Мене повеќе ме плаши дали крварењево има некаква опасност по моето здравје?
Јас пак не разбирам . На 15 јуни ти дојде циклус,така ? Од тогаш ти нема престанато? Зошто го правеше првото бета хцг ?
Се јавив сега пак кај гинекологот и му кажав дека бета хацегето е опаднато, ми рече да ги прекинам апчињата, и да оставам да си искрварело затоа што изгледа е спонтан абортус. Ако полнело пообилно и со болки да одам на клиника.
Ти посекако во понеделник да одиш и да си направиш ново бета хцг, сопрело не сопрело крварењето. Се додека не падне под 5 вредноста на бетата да го испитуваш на 2-3 дена. Не е лошо и на ехо да те видат од понеделник натаму. Со помин нека е
Девојки имам едно прашање за моја другарка. Се сомнева дека е бремена и ако би била бремена би била 4та недела (тест ќе прави наредна недела по изоставувањето на менструацијата). Но, веќе 4 дена има благи болки во долниот дел од стомакот, како и некогаш од двете страни па и на долниот дел од грбот. Значи благи болки. Меѓутоа денес и се јавија болки во левата рака од кај вратот па се до дланката кои не поминуваат но не се нешто неиздржливи. Читала по нет дека тоа може да е симптом за вонматерична. Да напоменам дека одамна и пред тоа имала болки во истата рака па се испоставило дека највероватно од грбот биле предизвикани тие болки. Која е можноста да е случајност или мислите дека се работи за вонматерична бременост? Како да издржи до откривање, ќе полуди. Кога најрано може да се провери?
Јас имав две вонматерични бремености и најсигурен знак е неправилното растење на бета на секои 2 дена имав и силни грчеви во стомакот,неподносливи менструални болки и крварење свежа црвена крв и кога ми пукнаа јајцеводот искрварив обилно ко партали темна крв а и на ехо ако е спремен гинекологот би требало да види проширување на јајцеводот или излевање на течност
I na kraj ispadna deka e vanmatericna i sega sum.zadrzana vo bolinica so inekci. Iskustva ve molam, moze li nesto da se iskomplicira ? Mnogu mi e strav.
Метотраксат треба да направи спонтано исфрлање на ембрионот без друга интервенција и се користи во многу рана бременост. Доколку не се заврши бременоста со инекцијата ке се направи интервенција, да се види точно каде е вгнезден и да се одстрани. Метотраксат од скоро се користи по гинеколкошките клиники кој нас, но има широка примена во онкологијата. Секако за пациентката ова е полесниот начин за завршување на бременоста
Jas imam primano pred 5 godini vo remedika ne me iscistija ubavo laparaskopski pa morav da primam metrotraksat
Женички ве молам кој може подетално да ми ги објасни болките што сте ги чувствувале? Другарка ми чувствува болки на целата лева страна. Значи стомак, раката, града, под рамо, грб, кичма, карлица, нога, врат, абе се жали дека цела лева страна ја боли. (Во недела треба да прави тест). Покрај тие болки што ги чувствува речиси нон-стоп, понекогаш чувствува и како менструални болки низ целиот абдомен кои ја тешат. Ве молам споделете со нас и вие какви болки сте чувствувале?
Јас имав вонматерична бременост со многу мала болка од едната страна,но би ти препорачала што поскоро кај спремен гинеколог да види што се случува.Не чекајте.Мојата докторка не успеа да види дека е вонматерична бременост,ме убедуваше дека е спонтан,за на крај да завршам со отстранет јајовод. Што поскоро на гинеколог!!
Колку време после вонматееична бременост, со метотраксат е нормално да крвариш? Секако сум утре на контрола, ама ме интересираат ваши искуства? И дали од инекциите сте имале после тоа некој здраствен проблем?
Здраво. Малку совет ако може. Примав Кломифен и имав повеќе зрели фоликули. Правев тестови во саботата и неделата на 30- ти и 31- ви ден (обично добивам меѓу 28-33 дена, зависи од месецот) и двата беа негативни. Во неделата почна кафеаво, траеше цел ден, а во понеделникот мислам дека добив регуларно. Беше послабо од обично и имаше голема количина кафеави "партали". Деновиве е нормално ама послабо. Ама имам чудно лесно притискање на кичмата и од време на време во јајниците. Има ли шанси да е нешто за грижа или си правам филмови само?