Пиши ги деновите на правење на тестот и вредностите? пр. прво испитување во понеделник бета вредност 380. второ во среда бета 700... Пиши како се твоите вредности и во кои денови е испитано.
Мене ми кажаа дека со бета 1500 плодот се гледа. Кај мене првиот пат со 5500,вториот со 3500 ,матичен не виде плод,а и не виде ни дека е вонматерична. Петановски во Ремедика виде одма во двата случаи. Лапараскопски бев оперирана . Барајте уште едно мислење.
Јас имав вонматерична со волкаво бхсг,да не те паничам со резултатот и ехата право на Гак,зошто ако имаш да ти ја констатираат и одма да те примат.Со овој вид на бременост не се играј.ТЕ МОЛАМ ПРАВО НА ГАК,НЕ ЧЕКАЈ!Секое добро
Rezultatite se gotovi nema plod a beta e visoka 4900 i me pratija na lapor.operacija eve cekam red .nisto od moeto beb4e .
Eve da vi soopstam i mojata situacija od pocetok.So maz mi veke od godina dena pokusavame za bebe ,pap tes ureden ,mikrobioloski analizi negativi,hormonite mi bea katastrofa .zakazana za ponatamosno lecenje me prakat na specijalisti 2 meseca cekav red za pregled.(a ginekoloskata po rezultatite od hormoni mi rece deka mnogu tesko da ostanam po priroden pat trudna.)do togas ne mi prepisaa nisto ni za hormoni ni nisto.dojde denot otidov na specijalisti me pratija na ispituvanje na tiroidna zlezda i hormoni i me gledaa na exo imam ovulacija i za nedela dena trebase da mi dojdi i da mi zakazat termin za proodnost na kanali.jas ona nedela slobodna uopste ne mislev na nisto mi rekoa deka ne mozam trudna da ostanam duri mi predlozija i inv.(taka e procedurata vo R.Hr)i taka ne mi idi i 2 nedela pravam test i gi vidov 2 te crtki nemozam da vi upisam kolku bevme srekni jas i maz mi.posle 5 dena bev zakazana na ginekolog.ispituvame beta hcg 580 i exo nisto ne se gledase .posle 3 dena ja povtorivme beta 1280 kako nesto da vide ginekologot vo matkata ali ne bese sigurna.za 3 dena jas prokrvariv kafejav iscedok i uste istiot den preplasena se javiv na ginekolog ispitavme beta hcg 2800 a plodot ne se gleda mi prepisa duphaston 2×3 i mi dade upot za vo bolnica tamu me ispituvaa poveke od nedela iako ne gledaa nisto a beta rastese poveke od nedela jas bev na sekoj 3den na ispituvanje a krvarenjeto ne bese obilno traese.veke vlegov vo 7 nedela i 4 dena me pratija na operacija naredniot den me operisaa no i otstranija i desen jajcevod kade sto bil plodot 10mm.eve ova e moeto loso iskusto sega sum doma so bolka vo dusata.zatoa so tolko vreme me drzaa i mi ja skratija moznosta na pola za naredno zabremenuvanje.ne posakuvam nikoj ova da go pomine.edinstveno mi ostanuva da veruvam vo boga i deka on samo moze da mi pomogne da go pominam ova i docekam denot so zdravo detence vo race.ova e moeto loso pominato iskustvo sorry za dolgiot post se nadevam deka nekomu ke pimogne navreme da otkrie vonmatericna bremenost.bidete mi dobri i fala vi na podrskata.pozz
Здраво драга. Мора да бидеме јаки и да се бодриме една со друга, така требало да биде, јас така се тешам, се ќе биде во ред. Ја делиме истата болка. <3 Истата ситуација ја имав и јас. Потполно исто. Од некомпетентна и безобзирна докторка, што да не се "понижи" и да ме препрати на второ мислење, завршив со отстранет јајовод.
Мојата ситуација беше уште полоша, не би да се враќам на тоа. Штом еднаш сте останале бремени пак ќе останете. Само треба да се опуштите и да не си го оптоварувате мозокот со бременост, затоа што така само си стварате стрес кој штети. Јас сум без десен јајовод исто, по 6 месеци од одстранувањето останав бремена и сега си имам детенце.
Zdravo jas sum nova na forumov.. Sakav da dobiam mislenje vashe posto trbese da dobiam na 26 mi docni 3 dena proveriv test pozitiven no bleda linija bev kaj mojot doktor vo Bitola Plodnost i na eho ne mozese nisto da vidi prvo vika se somnevam na vonmatericna bremenost posto ne gledam damka mozebi e rano proveriv beta hcg procentite bea 274 potoa mi rece dobro e da pocekame uste edna nedela ke vidime..ama jas imam golemi bolki vo stomakot pijam i dabroston i utrogestan..dali ima mesto za panika ili uste e rano ve molam kazete mi posto se plasam imam imano 4 abortusi i 1 operacija pred ovaa bremenost
Рано е,проверете бета на два дена да видите дали правилно се дуплира. Над 1500 се гледа плод. Имав две вонматерични,и немав болки.
Девојки да ве прашам нешто... Некаде прочитав,имало некоја студија дека апчето за ден потоа било поврзано со случаи на вонматерична бременост. Дали некоја од вас го има земано тоа апче за ден потоа? Јас го имам земано еднаш, па се мислам дали можеби навистина има некаква врска...
Здраво на сите! Јас сум нов член и до форумов стигнав преку читање и препрочитување на сите онлајн извори за вонматерична бременост. Сакам да ве замолам за споделување на искуства на оваа тема. Мојата приказна сеуште не знам како ќе заврши, ама хронолошки оди вака: 17.04.2020 - прв ден од последен циклус, 14.05.2020 - негативен домашен тест за бременост, 17.05.2020 - само една бледо кафеава капка исцедок, 19.05.2020 - позитивен домашен тест за бременост, 19.05.2020 - ехо преглед на кој не се гледа ништо во матката, 22.05.2020 - beta HCG вредност = 958 mIU/ml, 22.05.2020 - ехо преглед на кој се гледа некои една (или можеби две) минијатурни црни издолжени точки во матката, ама не е доволно јасно за да има заклучок. Наредниот петок повторно сум на преглед. Во меѓувреме, имам издржливи, релативно благи болки во долниот дел на стомакот, концентрирани во левата страна. Исто така, имам болка во долниот дел од грбот, ама тоа и порано сум го имала, не знам дали е поврзано. Знам дека е предолг пост, ама од интернет објавите ме фаќа паника и сакам да слушнам ваши искуства, дури и во случај да е вонматерична бременост, дали имате искуство со повторна, нормална бременост после оваа? Фала ви најмногу!
Нека не те фаќа паника непотребно. Можно е плодот да бил мал и затоа да не се гледа на ехо. Никој не знае кога си останала бремена. Наредна недела твојата точка веќе ќе биде видлива. Така да без гајле, се ќе биде во ред.
Кај мене со 1400 не можеше да види плод ме препрати на ГАК и таму не можеа да видат среќа ме спаси една докторка што влезе од горе од родилна па побараа мислење од неа и она демек нешто виде само им кажа тука ќе се смести и толку. Повторно бета испитував вредностите си се дуплираа нормално и над 2000 и нешто дури видоа дека е сместено во матка. Не се секирај се ќе биде во ред
Сега се уклучувам после толку време. Дента кога си го пишала коментарот се роди бебушка. На сите ваква среќичка
Здраво. Се сомневам во вонматерична бременост, се јавив во Ремедика за кај Димитров или Петановски нема слободно кај нив,а не ми се чека, кој гинеколог би ми го препорачале за мојов проблем? Пишете ако некој имал ваков проблем кој доктор ви го открил