Се јавив во Систина за утре да закажам кај било кого зошто стварно ми е страв да чекам, ми закажаа кај др. Никола Баџаков, зошто кај многу од докторите немаше слободен термин.
Woooow koja koincidencija! Neka e ziva i zdrava, cel zivot od Boga zastitena! ❤ Nie ne cekavme po operacija i eve I imame 8 mesecno angelce! Se najubavo na site od srce!
Би сакала да ве прашам дали ви се има случено при сомнение за вонматерична бременост кога две последователни бети ви се исти и не се детектира според нив гестациски саксус а има сомнение за формација во туба суспектна за хематокела, да не се превземе никаква активност (инекции и сл) туку само е закажан преглед со нова бета за три дена. Дали е во ред ваквото понатамошно лекување, т.е дали има некој со искуство со abortus tubaris in obs каде организмот сам се изборил со вонматерична та бременост без било каков третман
Имам искуство со вонматерична и мислам ако се открие на време (како кај мене),се третира на клиника со инекции метотраксат,и не е препорачливо да се чека(затоа што плодот расте во јајоводот и тој пука и се отстранува оперативно.Не сакам да те вадам од памет,но ако се сомневаш во вонматерична одма на доктор.Иначе бетата кај мене растеше и ми беше 3.000 и нешто.
Кај мене бетата прво мерење 1220, второ 1218 бев на доктор на два прегледи последователни и истиот смета дека организмот сам се бори односно дека се случил абортус. Затоа истиот (доктор Алуловски) ми закажа за во понеделник пак преглед со нова бета. Од друга страна матичниот гинеколог смета дека не би требало да се чека туку да се применат инекции и за тоа сум во мисла што како да очекувам
Мила дали докторот гледа нешто во матка?Ако е да,тогаш не е вонматерична,а ако не гледа оваа бета е височка и не е за чекање.Сепак е доктор да му веруваме.Ти посакувам да е во матка и да биде све во ред.Секое добро
Во матката се сигурни дека нема ништо, плодот бил сместен во туба но моментално сметаат дека е прекинат неговиот раст односно настанал спонтан абортус во туба но има сомнителна хематокела. Бета стагнира и затоа ми препорачуваат да го следиме на два дена, дали организмот сам ќе се избори. Затоа ме интересира дали имал некој вакво искуство со спонтан апортус при вонматерична бременост
Мила јас до сега не сум чула овој вид на бременост да се исчисти сама од себе.За биохемиска бременост знам дека може(и таква имав),баш ме чуди што докторот чека само од себе да се среди.Но слушај доктор тој најдобро знае.Јас моево од искуство.
Јас со метотраксат се чистев. Но на ГАК имаше случај со мене во соба кој баш вака слично на тебе, успеа да се исчисти , спонтано. И тубата остана неоштетена. Само бета следеа и пратеа како крвари и болки дали има. Имам контакт со жената. Веднаш после 3-4 месеци си беше пак останала бремена и без никакви проблеми си роди. Со лесно и тебе
Ви благодарам на споделеното искусатво и би сакала доколку имате контакт од жената да ми дадете за неколку прашања зошто се ретки ваквите случаи и нема кого да прашам за искуство.
Здраво на сите. Паника и хаос во глава. Очајно ми треба совет. Вака почнува мојата агонија. Кломифен 5 дена, реагирам со хипер стимулација, преку 20 фоликули. Хцг 31.07-451 04.08.-2100 Одма ме довикува матичниот на ехо, неизмерна среќа. На ехо нема ништо, крева паника и одма ме праќа на ГАК со ектопична дијагноза. Таму не гледаат ништо ни внатре ни надвор, ми велат да следам хцг на 2 дена. Хцг не расте правилно и за 10 дена расте од 2100 на 2800...за пред два дена да скокне на 3800. Одма на ГАК, гледаат конечно бременост во матката ама празна и ми викаат дека е неуспешна бременост. Сабајле хцг 5300. Во Систина ми викаат дека мора лапороскопски, имало само излив во матката. Инаку, по мои пресметки 5+2. Ве молам најмногу за совет од слични искуства и се извинувам на долгиот пост.
Zdravo devojki, podolgo vreme ve pratam, sakam da ve pozdravam mnogu I da vi kazam deka ste silni I hrabri, I se nadevam deka Gospod na site eden den ke ni podari po edno ili poveke detenca Eve bi sakala I jas nazalost ne ubavo iskustvo so vas da go spodelam. Znaci vo Maj godinava doznav deka sum bremena I so decko mi bevme mnogu srekni. Se bese ok do Juli, 10ta nedela koga na ultrasound se vide deka embrionceto prestanalo da se razviva vo 6ta nedela. Bidejki imav obilno krvarenje morav itno na kiretaza. Se se zavrsi kako sto treba, posle kiretazata nemav nikakvi bolki. Doktorkata mi race deka takviot tip na missed miscarriage e mnogu cest I najcesto se slucuva poradi nekvaliteten genetski materijal, I deka moze da pocneme pak da probuvame posle mesec-dva. Nekako se pomiriv so toa I si rekov ajde taka trebalo da bide... Posle 2 meseci, od prva odma ni fati. Megutoa uste od samiot pocetok progesteronot mi bese mnogu nizok. Hcg se pokacuvase normalno. Vo 6ta nedela na ultrasound gleda deka embrionceto se implantiralo vo levata tuba. Toj den hcg me bese 8000, znaci za vonmatericna bremenost toa e premnogu, plus imase I srceva akcija Nazalost morase da mi se otstrani leviot jajcevod. Sega ke proveram proodnost na desniot jajcevod I iskreno se nadevam deka e ok
Овие денови ми се случуваше хаос, кој за жал уште продолжува, па ве молам ако има некоја искуство да сподели. На 7ми декември правев инсеминација, после две недели добив позитивен тест, со бледа линија. После 4 дена отидов кај матичниот, но ништо не се гледаше. По два дена повторно не се гледаше, ме прати докторот за бхцг, излезе 1565. Ми рече да одам пак за два дена, според бхцг веќе требаше да се гледа нешто. Кога отидов пак не гледаше ништо во матката, но имаше на левиот јајник, некоја формација што наликува на екстраутерина. Ме прати за Скопје на клиника. Отидов таму, ме гледаа на ехо, утвдија дека е рано и дека не е екстраутерина, бхцг ми повторија, излезе 2580, ми рекоа за два дена на контрола. Но матичниот сакаше утрето да ме види и тој на ехо, пред да одам за Скопје. Кога отидов кај него на ехо, виде крварење во матката и излив позади матката. Ми рече одма врати се во Скопје. Одам таму ме гледаше на ехо др. Јадранка, ми вели не е екстраутерина, има во матката сакус 3мм, ама суспектен е, не знаеме дали ќе се развива. Проверувам бхцг 1860, се намалило. Примав утрогестан, но го прекинав, така ми рекоа на клиника. Крварње немам уште, само слаби болки, повеќе како боцкање, ништо страшно. Но кога ме прегледуваа на клиника, од сондата имав болки. Не знам веќе што да мислам, ве молам ако имала некоја барем слично искуство да сподели. Сега ми рекоа да седам дома 4 дена, дури во понеделник да одам на контрола. Многу ми е страв да не се случи нешто.
Чим виделе сакус не е бременоста вонматерична сигурно. Колку што имам читано кај вонматерична бетата расте не опаѓа и жената има поголеми болки, опаѓа кај биохемиска и се само си се чисти,инаку истиот страв го имав во месец јуни. Имав позитивен тест со бледа линија, и по некое време добив менструација. Од кога ми помина ни јас сама незнам зошто пак направив тест за бременост, и беше со две темни линии. Умрев од страв тие неколку дена. На три различни мислења бев, бременост не се гледаше, бетата не растеше правилно.Исто ми го прекинаа утрогестанот и крварев не памтам колку време ама сигурно беа две недели, кога повеќе кога помалце. Нареден месец ми се поремети циклусот но со 5дневно пиење на утрогестан по прекин ми дое на 44дена. Највеќе се плашев од вонматерична, фала Богу не беше тоа беше биохемиска. Се разочарав нормално, ама од друга страна се спасив од киретажа. Мој совет следи бета уште 2,3 пати, ако паѓа значи била биохемиска, ке си направиш ехо на крај, јас правев додека имав и крварење и од многу крв во матката не можеше да се види нејзината состојба. По 3 месеци останав бремена, фала му на Господ сега за сега е добро, не правев никакви испитувања зошто не ми очекував. Затоа сакам да те охрабрам, ако испадне биохемиска,стресно е знам, но исто знам многу случаеви каде што после оваа состојба шансите за нормална бременост се поголеми. Знам дека ова ти беше 4та инсеминација, а незнам дали предходно си била бремена? Ако не, ова е добар знак.
Сум била бремена до сега, првата се заврши со мисед, втората спонтано. Мене ме плаши тоа што немам крварење, а бетата почнала да опаѓа, да не е некое внатрешно крварење, не знам веќе што да мислам.
Ova e blighted ovum ili anembrionalna bremenost sega ocekuvaj krvarenje ovie denovi I mnogu e bolno dodeka da se iscistes sama namene prvata bremenost mi bese takva otkako ke iskrvares koga ke sopre krvarenjeto ke odes pak naeho da se vide dali e se iscisteno kako sto treba
Немој да мислиш на страшни работи, многу е стресно, што и да ми викаа се плашев џабе, знам дека ти е така. Чим немаш симптоми како покачена тт,ни којзнае какви болки, се ке заврши како што требало да заврши. Јас тие две недели додека крварев немав никакви болки.
Бета хцг кога е од 2000 па ангоре може да се види на ехо ембрион исто ме извади мојот матичен со 1400 ааа многу високо сигурно е вонматерично врска си немаше. Нареден пат од позитивен тест после две недели оди барем 6та недела да бидеш од последно добиено за да се види убаво