Јас па викам го гледале девојчево и со толкава бредност не виделе ништо на ехо, па логички да помислат, а тие не ни ја погледнале. Срамота ова, само да паничат некого, а башка што и крварење имала, пак не ја виделе, крајно несериозно.
Da da i jas toa se iznenadiv na tolkava beta ti da ne ja vidish i da i kazuvas gluposti stvarno ne mi e jasno, koj e toj doktor alal da mu e neka mu zablagodari na Boga shto seuste ima pacienti oti ova e mnogu neseriozno a i rizicno po pacientot ako nedaj boze ima stvarno vanmatericna, mene me propustija taka i toa vo 2 privatni kliniki, gledaa, slepci nisto ne vidoa.
Бев денес на ехо,фала богу рече вматка е,6 недела према овулација,ама не се гледаше скоро ништо,многу е мало,то било нормално рано е многу,се гледаше само како црна точка сега за една недела пак,па се надевам дека нема веќе лоши вести да слушнам
А што ти кажа за тоа што бета хцг последно ти било 394000? И меревте пак бета? Со ваква бета не е можно да не се гледа плодот.
Mozno e nedaj boze i edno da e vanmatericno edno vo matka ako ima takva moznost, neznam dali ste prirodno zabremeneta ili so transfer na 2 embriona, toa e ogromna bhcg za taa nedela, odete uste na edno mislenje ve molam, neka vidat ubavo vo kanalite, mene samo edna prijatelka mi velese celo vreme golema e betata kako za 2 e doktorite aber nemaa i stvarno izleze taka.
Како што ја читав членката спонтано е забременета. Според мене не е можно да е ова што велиш ти. Ќе виделе на ехо дека има плод и во јајовод или с.шуплина. и при ванматерична бетата не расте вака. Не сакам да кудам, но ваква бета се јавува кај Мола. Не ми е јасно како докторката со ваква бета ја пуштила пациентката дома
Што беше уште почудно,рече во ред е,на место е во матката,а ми го провери само едниот јајник и туба,чисти се,а другиот не,вагинално ехо ми направи,и не знам дали заради плацентата или зошто деугиот јајник не го ни виде матичниот,иначе имав 3 јајце клетки спремни за оплодување кога ја примив инекцијата за овулација...
Ajdeee pa ti ne raspametuvas nas hahah imase napisano 394.000 zatoa sme vakvi vo prasalnici, ajde sega od pocetok pishi ubavo kolku bese prviot pat kolku vtoriot, ako e 394 togas ok ti e nemas potreba za panika, ustvari zavisi kolku bilo prviot pat pa da vidime dali pravilno se duplira
Ова е друго. Во 2-3 поста си напишала 394.000! Ме извади од ум. Мала ти е оваа бета за да се види плодот. Ок е што ти рекле да одиш за недела дена
Јас се извинувам многу цело време мислев дека е 394000,ама кај шо ме праша сега се збунав и се јавив да прашам,вака првиот тест беше 27 во петокот прошли,вториот за 2 дена не знам не ми кажаја,третата анализа во средата 84,и веќе понеделникот вчера скокна на 394...
Да,мислам со стимулација на хормони(гонадотропин) и беше последен обид,после 3 години,веќе почнаја муабет за инв да ми прават,ама ете бидна,терапијата делуваше цело време ама не се фаќаше,и еве сега кренав раце,се спремав психички за ин витро и оп се зафати....
E vaka veke moze, togas so ovoj rezultat nitu ti imas problem, nitu doktorot e zabegan kako shto go napraviv jas deka e hahahaj, se si e ok si raste betata, rano e uste da se vidi na eho ke si bide se dobro samo opushti si se sega
@eleonora7852 Не знам зошто не можев да додадам одговор, еве ќе оставам вака.. И јас имав таков случај. Скоро една година после тоа внимававме, и по 8 месеци активно обидување немаше ништо. Цело време мислите се тука, и уште полошо ни беше, па рековме ако треба да биде, ќе биде.. И оставивме на времето, не форсиравме воопшто, за наредниот месец да видам две цртки.. И бременоста со малку потешкотии ми беше, но издржав, и вредеше. Можеш да испиташ проодност на канал, покрај сите други стандардни испитувања, за секој случај, јас само што требаше да одам, дознав дека воопшто нема потреба,.. Мој совет е да бидете опуштени, знам дека не може во целост, но барем малку да ги оттргнете мислите дека мора да биде тогаш.. И ќе си дојде, Господ е голем, и јас верувам во него. Ви посакувам се најдобро.
Девојки последната контрола во вторникот рече 6 недела и 4 дена,големината била супер за неделата,денес се јавив хцг е 3820..мислите дека е низок за таја недела?
Здраво, ве молам за мислење, ќе полудам… Прв месец се обидувавме после година и некој месец од кога во 7ми месец го изгубив бебето… Требаше да добијам на 7.7, од 8.7 почна кафеав исцедок, па од 15.7 крварење. На 12.7 кога бев кај матичната ми рече ако не ти дојде, дојди пак на контрола. Но бидејќи почна крварење помислив дека добив. Но, бидејќи сеуште ми трае вчера отидов пак, ми рече да провереме бета хсг. Испадна резултат 159…. Ми рече да проверам во сабота пак, ако паѓа вредноста тогаш да не превзимам ништо, но ако расте дека може да е вонматерична… Ве молам за мислење, ме стра да не завршам на операција…. било кој ако имал искуство би ми значело да слушнам. Ептен сум исплашена