Ако мислиш на вонматерична да е не би требало зошто бетата расте 2000-3000 и ќе се види дали е вонматерична. Ако паѓа бета значи сама се имаш исчистено. Али пак ќе треба да се следи да се види дали скроз си исчистена. И да треба киретажа со вакум би бил бидејќи си во рана бременост.
Се надевам дека во сабота кога ќе проверам ќе биде намалена бетата. Ми е страв од што крварам и имам некои тапи болки во стомакот. Ти благодарам за споделеното.
Не мора да значи дека при ванматерична бетата расте 2000-3000. При една од ванматерилните кај мене за три дена од 50 порасна само до 140 и веднаш ме ставија на метотраксат
Мојата матична ми рече под 1000 бета ништо не може да се види… Е сега ми е страв дали да чекам до сабота,да проверам пак бета… крварам по малку свежа крв… и некои тапи болки…. Што се случи во твојот случај?
Штом крвариш, а имаш позитивна бета пожелно е веднаш и некој друг др да те види. До сабота во никој случај не би седела дома да чекам бетата да ми порасне. Мора да се детектира каде е плодот и согласно тоа да се реагира.
Ти пуштам среќичка. Да се надеваме дека Не е вонматерична. Ако недај боже почне да ти тече кафеаво и густо, да имаш болки...немој ништо од аналгетици да пиеш и веднаш појди на итна. Држи се
Дури на 2000 се виде дека е во матка и тоа ептен малце. Ако имаш опција нека те ѕирне друг доктор да види за што се работи.
Закажав во Плодност утре, прегеска пак бев кај матичната, ама ништо не се гледа на ехо… Фала ти многу за споделеното!
Девојки, сестра ми недрла после редоврн циклус прокрвари пак, гинекологот на ехо ја гледаше и и рече дека матката и е во сосѕојба баш како да е нормално добивање, демек хормонален фисбаланс ради пцос и ќе се среди...кога помина тоа, за 5 дена ново крварење, уште пообилно...во 3 недели, 3 циклуси??? Хормонален стаѕус направи, само ЛХ хормон покачен до 25, едната докторка и вика ради пцос е, ќе се среди, дојди во август на контрола па ако треба ќе даваме апчиња, другата и рекла може е вонматерична бременост и толку???? Како е безбедно да седи дома 4ден со обилно крварење кое вели и е пообилно од сам циклус...? Може да е воопшто вонматерична или не?
Според мене е најдобро да побара и друго мислење и да провери бета исто како што спомна и @Bubce38 aко и е пообилно крварењето, јас бев вонматерична ама немав обилно крварење нека не се плаши уште едно мислење не е на одмет.
Нрма испитано матичната и рекла само тест да направи обичен од аптека...негативен е..она крвари 5ти ден обилно Во ремедика ја гледаше докторката на ехо пред една недела првиот пат кога доби втор пат и ништо не рече... Лх и 25, демек во бременосѕ тоа тррба да е ниско и она така го исклучи тоа со вонматерично.... Ќе полудам од страв да не искрвари
Штом има негативен тест Не би требало да има шанса на ванматерична. Ама па нека си испита и бета за секој случај. Не се плаши, за да дојде до сериозно големо искрварување мора плодот да е солидно голем, а тоа верувам дека ќе го виделе на прегледот
Јас денес бев кај двајца доктори и ни еден ништо ме виде на ехо, а бета е 400 вчера крварев обилно и страшни болки имав, па запре крварењето и попладнево пак почна али немам толку болка. Утре пак ќе одам бета да испитам, па во понеделник пак.. Стварно не ни знаев дека сум бремена сега се молам да не е вонматерично. Др ми рече да се надеваме дека биднало вчера све дека сум имала ран спонтан али незнам многу се плашам
Значи во скроз иста ситуација сме. Ниту вчера, ниту денес не можат да видат плод. Бета во средата 159 во приватна, денес во државна 214… Не знам дали утре пак да проверам?? Крварев до вчера, сабајле ништо, сега пак почнав… И имам некои тапи болки. Ми рекоа во понеделник пак или во случај на болки да одам во болницата… Значи не ми се верува што ми се случува… Докторите мислат дека е спонтан, но ми рекоа мораме да проверуваме и за вонматерична да не испадне… Ќе побудалам, готово….
Јас вчера кога искрварив имав преголеми болки. А денес еве немам едино што крварам. Се мислев од вакцината ми се поремети ни на крај памет дека сум бремена. Исто и јас се само мислам. И исто во Плоднос бев на второ мислење и утре ќе терам таму
И јас бев вчера во Плодност ама докторот не ме ни прегледа. Ми вика ѓабе ќе ти ги зимам парите, под 1000 бета ништо не се гледа… И така само на пат ми се собра, па вечерта бев на дежурен во мојот град, доаѓаат доктори од клиника, човекот убаво ме прегледа, ме смири… Сега сабајлево пак проверив бета и се молам да е падната. Ти посакувам да бидиш добро