Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонматерична бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од tand.valentina, 16 јануари 2011.

  1. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.582
    Бета денес повторно испитав почна да опаѓа 240 е, а вчера беше 407.
    Во понеделник ќе одам пак да испитам.
    Дали можам да се опуштам, дали ова значи дека бил спонтан во прашање?
     
  2. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Како што ми објаснија мене докторите, да. Ако почне да паѓа бетата тогаш е спонтан или биохемиска бременост.
     
    На kjofti4 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Девојки… Мојот хормон не паѓа, вчера беше 192… До сега 4 пати проверувам, еднаш 159, 211, 134 па 192.
    3ца доктори ме прегледаа, никој ништо не гледа на ехо и ми велат нема простор за паника… Но јас сеуште крварам и ептен ми е страв.
    Утре пак ќе проверувам бета, но веќе цела недела немам мир….
    Последно матичната ми вели може и да било вонматерична, но сама да се исчисти…
    Дали некој има барем нешто слично преживеано, да ме утеши…;(
     
  4. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    1.723
    Пол:
    Женски
    После спонтан абортус нормално е да крвариш подолго се чистиш за хормонот ќе падне кога ќе се дочистиш,ако не крвариш а хормонот е сеуште така тогаш би било лошо.Јас после спонтаниот скоро 14 дена крварев можеби и повеќе.
     
  5. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Охх, навистина се надевам дека станува збор за ран спонтан.. бидејќи ме плаши другата опција!
    Ти благодарам за споделеното:hug:
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Чудно е зошто и е качува па и се симнува па пак и е качува хормонот. Нели после спонтан треба да опаѓа само?
     
  7. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Девојки со вонматерична бременост нема игра,ако плодот расте во тубата може да експлодира и следува оперативен зафат и отстранување на тубата,а доколку е навреме откриено може да се спаси тубата со примена на инекции метотрсксат,не чекајте,ако имате и најмала сумња правец ГАК,ако немате каде на друго место и барајте преглед. И исто ако крварите долго со денови,треба да се јавите на доктор.
    Некој членки какви матични гинеколози имаат,значи боли глава од нивните совети.Како работат ваква одговорна работа не ми е јасно.
    Како и да е не посакувам вакво искуство никому.
     
    На Luna91 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  8. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Мене од ГАК ме гледаше Алулоски и Сашо Димитриевски. Ниту двајцата не видоа ништо на ехо, Алулоски дециден дека нема ништо, според него ниту бета не треба пак да проверам. Бев и во Плодност, таму па не ме ни прегледаа, под 1000 бета ништо не се гледало на ехо.
    Јас веќе стварно немам памет, утре пак ќе проверам бета… Болки немам, само крварам… :(
     
  9. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    2.832
    Пол:
    Женски
    Крвариш и колку е бетата расте или опаѓа? Кај кој доктор беше во Плодност? Јас многу јаки болки почнав да чувствувам а бев 4та недела што и некој не знае дека всушност постои бременост во тој период, одручекта покрај јаки болки почнав да крварам матичната ми кажа спонтан е не мора ни бхцг, следниот ден во Плодност др. Влатко ме прегледа и испитав бхцг 280 беше и покрај што беше рано за преглед тој ме прегледа и ми рече да се вратам за 48ч со уште едно бхцг, тогаш беше 480 и веќе се виде во десната туба хематом од 34мм и веднаш наредниот ден ме оперираа, а кога почнав да чувствувам болки знаев дека не е во ред и сите ми викаа не паничи ништо страшно и ако оставев како што ми кажа матичната незнам ни како ќе завршев, чудно ми е што имаш крварење во рана бременост и во Плодност не ти обрнале внимание… јас би те советувала да си упорна за преглед и ништо не оставај на времето, недај боже да е вонматерично многу лошо е со таква бременост да се чека.. барем направи 2 бхцг и следи дали расти или опаѓа, ако не се дуплира правилно не е во ред а доколку опаѓа е спонтан…
     
  10. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Во Плодност бев кај Сотир.. незаитересирано ми рече ѓабе си дошла, не можам ништо со таа бета да видам на ехо…
    Инаку сега бев да проверам пак, првиот пат беше 159, потоа во државна лаборсторија 211, па пак утредента во приватна 134, па 192… почудно здравје!
    Сега ги чекам резултатите, ако не се во ред одам пак во болницата…
    Веќе памет немам од страв, ниту спијам, ниту јадам…
    Ти благодарам за советите, секое добро ти го посакувам:hug:
     
  11. Queen***

    Queen*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    47
    Zdravo devojki
    Posle vonmatericna bremenost I otstranuvanje na tuba kolku vreme otprilika vi trebase za da fati I da imate zdrava bremenost?
    Mene mi ja otstranija levata tuba minatata godina vo Oktomvri I eve probuvame so decko mi poslednite nekolku meseci ama neuspesno
     
  12. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    5.938
    Пол:
    Женски
    Да не те разочарувам но ние еве веќе две ипол години после вонматерична пробувамеиништо. Здравје септември инвитро.
     
  13. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Не знам што совет да ти дадам,ти посакувам да е се ок и да е во матка....иначе стварно не сфаќам,мене матичната ми виде мал цакус со бхсг 80....го видов и јас беше мало,но си го видов,не знам може има врска и ехото,ако е старо еден век.....
     
  14. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    После 6 месеци. Јас сум без десна туба.
     
  15. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    2.832
    Пол:
    Женски
    Од срце го препорачувам др. Влатко во Плодност, јас веќе две години одам редовно кај него и до сега немам никакви непријатни ситуации, ми има кажано дека 24ч ми е на располагање било кој период дали е на болница или дома нема врска јас и за се прво него му се обраќам па секогаш ме примал независно дали е во рана бременост, затоа напоменав 4та недела бев кога тој 15 минути ме гледаше на ехо и кај мене не виде на почеток дека е вонматерично но по никоја цена не ме испрати да чекам да се случи нешто полошо. Кај тебе е многу чудна ситуација и ти препорачувам да се консултираш со асолен доктор и да не чекаш предолго. Поздрав, дај боже да имаш убави вести :inlove:
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам бхсг или расте или опаѓа....не може еден ден 200,па 120,па пак 180....нема шанси така да варира....
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    И јас затоа се чудам ако е вонматерично се дуплира бета и ќе се види проблемот. :?:
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Queen***

    Queen*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    47
    Zdravo,
    6 meseci posle otstranuvanjeto na tubata ili otkoga pocnavte da probuvate?
    Nas doktorkata ne sovetuva da cekame minimum 6 meseci posle otstranuvanjeto, ali veke i godina ke pomine i seuste nisto... a togas na prva ni fati
     
  19. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    6месеци по отстранувањето. Препораката од др. Костадинов, Систина ( за мене бр1 доктор) беше по 3-4 месеци дека можеме да пробаме.
     
    На Queen*** му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Queen***

    Queen*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    47
    Mene mi rekoa posle 6 meseci...
    A dali ti dadoa nekoja posebna terapija, vitamini osven pre mama/natal? Ili pak hormonalni tabletki za stimuliranje na ovulacija?
    Pozdrav i sorry za prasanjata