Ti posakuvam se najubavo so invitro Nie ke pocekame uste nekoj mesec pa ako ne fati i nie najverovatno ke pravime. Pozdrav i ti blagodaram na odgovorot
Ништо не ми дадоа, после лапароскопијата, бев на контрола и правев пап и брисеви. Се беше чисто и др рече не гледал никаков проблем за да можам повторно да забременам и да имам нормална бременост. И навистина така излезе.
Здраво, Дали може некој да сподели искуство после вонматерична бременост и терапија со метатраксат, какви испитувања направивте? После колку време останавте пак бремени? Благодарам
Никакви испитувања не направив од што толку бев разочарана, после 4 месеци останав бремена фала богу без никаков проблем.
Здраво девојки, дали може да ми каже некоја што имала вонматерична бременост и завршила со лапароскопија и извадена туба, дали после тоа треба да се прави хсг (проодност канали мислам дека беше) и хистероскопија и други испитувања кои сте ги направиле и дали со извадена туба може да се остане природно бремена и ако да за колку време после лапароскопијата сте останале бремени. Ви благодарам
И да паѓа пак може да е впнматерична но во тој случај ако паа организмот значи дека сам почнал да се чисти од вонматеричната и нема потреба од превземање акција. Ако оди нагоре се прима метотрексат ако рани или други дејствија се превземаат
Zdravo, bi sakala da te prasam kako pomina so vonmateticnata bremenost. Te citam nekolku stranici nanazad, jas sum vo slicna situacija. Bi sakala da spodelis iskustvo kako se zavrsi, koga dobi sleden ciklus, koga imase sleden transfer ako si so invitro, osobeno kako bese so krvarenjeto jas nemam krvareneje i sum zagrizena
Вака кај мене ситуацијата беше следна: пробуваме природно, ми доцнеше и направив тест. Беше со многу бледа втора линија. Утредента ми дојде циклус и имав неколку дена слабо крварење. Потоа обилно, за после тоа пак да имам слабо крварење но во континуитет месец дена имав крварење. Се решив пак да направам домашен тест за бременост и излезе со две јаки линии. Ме фати паника и одма заминав на гинеколог. Гинекологот ме прати да испитам бета зошто се посомнева на вонматерична со оглед на тоа дека имав позитивен тест а немаше ништо во матка. Испадна висока бета и бевме сигурни дека е тоа. За два дена пак испитав беше иста вредност. После 2 дена пак и започна благо да опаѓа. Матичниот гинеколог на специјалист во државна ме испрати со цел да примам метотрексат но гинекологот таму ми рече најверојатно си почнала сама да се чистиш нема потреба од инекции. Имав и после тој месец слабо крварење постојано и ако тоа се случуваше цел јули, во август ми дојде циклус (пред него и после него пак имав минимално крварење). Во меѓувреме прво на секои 2 дена, па на 4 дена, па на недела испитував бета. Целосно ми падна дури во септември/октомври (не памтам точно). Од тогаш натаму решив да си дадам време да не трчам по секакви испитувања и имам пак обиди за природна бременост. Доколку за една година нема успех ќе започнам со испитувања.
Јас имав такво искуство. Со лапароскопија те средуваат комплетно и го проверуваат и другиот канал дали е прооден. Ми правеа во Плодност и ми отстранија десен канал. Докторот рече дека по 3 месеци може пак обиди. Ама јас немав обиди цела години. Кога почнавме за 4 - 5 месеци имав успешна бременост. Сега имам синче и му благодарам шо ми се роди по доживеаната траума. Сакам уште едно, ама страв пусти ... Сите ќе бидете мајки, преземете чекор како што во вели интуицијата.
А ти спомнаа дека можно е пак да се повтори? Мене во Плодност ми рекоа има 10 до 15 посто шанса пак да се повтори, ама да не мислам на тоа... Е како да не ги мислам процентиве сега пак? Аххх
Секогаш има шанса да се повтори, ми рекоа за 3 месеци да се стабилизирам и да направам ХСГ ама ништо не направив си останав бремена ама пусти страв додека не видов плод во матката 2 недели не бев мирна. И сега пак да останам бремена со второ пак ќе имам страв од вонматерична..
Ti blagodaram na spodelenoto iskustvo. Kaj mene se sluci posle transfer na blastocista deset dena pokasno pocna oskudno krvarenje sekojdnevno i prodolzi uste dve sedmici do pregledot kaj ginekolog koga se vide deka e vonmatericna, povtoriv beta i veke pagase. Ke sledime ponatamu, ti posakuvam uspeh!
Значи нема потреба од ХСГ испитувањето, ти не правеше тоа така? Баш ми падна чудно кога ми рекоа дека треба да направам ХСГ и јас така мислам дека при лапароскпијата гледаат ако нешто не е во ред. Јас правев на ГАК ми рекоа после еден месец може природно, но јас дека и претходно бев со ИВФ ми рекоа најдобро е да се почека барем 6 месеци па овој пат ќе оставам на времето како треба да биде нека биде. Баш ми е мило што си успеала и ти се исполнила желбата , нека ти е живо и здраво синчето. Не се плаши ако сакаш второ ич не се мисли не смееме да мислиме дека ако еднаш се случило дека ќе се случи повторно, ти веќе си имала една успешна бременост и нема плашење ќе биде се во ред Бог е голем ќе не усреќи сите . Ти благодарам за споделеното искуство
Здраво, Дали некоја може да ми каже колку време крварела после метстраксат? Поминаа 20 дена јас уште крварам. Утре одам пак на контрола, пред 10 дена бев, бетата беше падната на 59, ми рекоа нормално е крварењето, но веќе почнува да ме фаќа страв.
Zdravo, Dali nekoja moze da mi kaze posle vonmatericna bremenost I otstranuvanje na kanal, dokolku e RH- primila Rho-GAM inekcija? Jas sum AB-, decko mi O+, posle sponatniot mi dadoa inekcija, mengutoa posle vonmatericnata ne, poradi toa sto mi bese otstranet kanal, ko demek ne doslo do senzacija so mojata krv
Незнам што да ти одговорам јас и за двете примив инекција ама и двете беа во матка,види прашај некој друг доктор најдборо.