Кога е рано откриена вонматерична, кога поминува без операциски зафат, само со терапија, се леже во болница? Доколку да, дали имате искуство со некој од докторите на приватно Систина или Ремедика? Каква е таа терапија?
Да, лежеш во болница 1 недела. Терапијата е со метатраксат инекции и ја даваат само на ГАК(според моите информации). Се ставаат инекциите преку 2 дена, после последната доза се проверува бета. Доколку не е падната, значи терапијата не била успешна и се оди на операција. Лежев на гак во август, така да што и да те интересира слободно прашај.
Ви благодарам за советите, и за подршката, поради рано одење на ехо не се гледаше, конечно се појави моето бебенце. Луге бев во шок преплашена. 4 доктори ме надгледуваа да не излезе вонматерична, затоа што знаеме колку е опасна. Пресреќна сум, уште не можам да се оправам од стресот. Многу сум благодарна на докторката од Штип и докторите од Систина кои ме следеа. Совет одете рано на ехо затоа што доколку е вонматерична да се спречи опасноста на време. Недај Боже на никој ова да се случи, стресот не сакам да го опишам, ова деновиве за мене беше пекол. Фала му на Господ се е добро
А ако не се истера со таблетите, дали операцијата е страшна? Моментално имам таму една личност и се насекирав скроз. Како е внатре, какви се условите?
Душо, инекции се ставаат во случај да е вонматерична, метатраксат. Таблети се доколку се работи за абортус. Условите се ужас, јас бев во август, без клима, умревме од жешко. Односот е веќе добро познат на Гак… ако немаш врски, никој не се замара. Ретки се сестрите што се од мајка родени, па ти помагаат. Јадењето е ужас, вода и јадење мора од дома некој да ти донесе… Се надевам дека штом твојата блиска е со таблети, не се работи за вонматерична. Тешки се инекциите, лошо ти е, се те боли, се на се, ужасно е чувството… ама се издржува. Не знам за операцијата, јас фала му на Бога се исчистив со метатраксат. Се молам твојата блиска да помине со лесно, што и да е проблемот, да се реши на најдобар начин.
@kikiritkaTa фала што објасни. Како што ми рече во соба била со уште една, па имала друштво колку-толку. Се надевам ќе помине, мене не ми стоеше преку видео кол добро..Некако како разочарано.. Што и да е, за арно само.
Разочараноста е нормален дел од процесот, си сакал бременост, завршуваш во болница со вонматерична.. но, не е сама, не е единствена, со позитивен став ќе помине и ќе биде добро! Секое добро
https://facebook.com/events/s/перинатални-загуби-невидливо-о/916954989211582/ Настан за психолошка поддршка и актуелизирање на потребата за поддршка при загуба на бременост. На голем дел тука на форумот, со разни искуства, би ни било корисно
Devojcinja ke pisam i tuka.. ahh.. vo sredata dobiv beta 178,2 na petti den docnenje. Se ok radosti do nebo. Vecerta petokot na nova godina pocnav da osejkam kako pritisok kaj jajnicive, kako povici za defekacija (a menstrualni grcevi si imam i gi imav i edna nedela pred testot, ama se retki). Vcera koga stanav istoto cuvatvo, i po nekoj saat gledam kafeavo na sekojdnevna. Ispaniciv i zaminav na dezuren, bidejki maticniot ne rabotese. Dezurniot doktor me vide na eho i mi rece da razmisluvam na tri varijanti: 1. Deka e rano, so ogled na betata sto e niska za da se vidi na eho, tamu kade sto treba da se vidi. 2. Biohemiska bila ili 3. Ektopicna/ekstrauterina Jas izbezumena izlegov od tamu nemozam da vi kazam koe razocaruvanje. I pokraj moznite drugi varijanti doktorot uporno insistira za ektopicna, a od druga strana mi vika i najmala kapka da imas krv ako e ekstrauterina ke imas nevideni bolki, a jas gi nemam. Od tuka mu se javiv na maticniot, mi kaza deka nema vrska toa i mi rece da primam Progesteron depo inekcija i zemam Dabroston. Vo vtornik sum kaj nego na eho i togas bitrebalo da se vidi. Kafeavoto premina vo crno kako talog od kafe pa pak kako kafeavo pa namali sega. Sto mislite, slicni iskustva, dali ima prostor za panika?
Se dodeka ne se potvrdi vonmatericna bremenost nema potreba od panika. Imam citano od mnogu clenki na forumov deka imaat malo krvarenje vo prvite nekolku meseci od bremenosta. Moe iskustvo jas imav tapa bolka na levata strana kade sto bese embrionceto I osekav kako mala poduenost vo toj del.
На ехо имаше нешто, се гледаше сакус? Ако е во матка не е вонматерична. Е сега ако не се сигурни, мораш да одиш редовно на контрола, под редовно на секои два дена. Не дај Боже да е вонматерична, таа е ризична по живот. Секогаш не излегува и дека е така, доколку е мало, подоцна се гледа на ехо. Или доколку е доцна овулација па подоцна ќе се појави на ехо. Знам кој стрес ти е сега, ама барај две, три мислења ако треба и повеќе, и редовни контроли на два дена. Се надевам се ќе биде добро Јас на почеток немав ништо во матка, 99 % мислеа дека е вонматерична, па на денот кога имав кафеав исцедок, крварење, не обилно ми се виде во матка.
Ne se vide nisto na eho, ama maticniot mi rece deka e mala betata za da se vidi na eho. Kolku dena ti docnese koga ti pocna kafeaviot iscedok i ti go vidoa na eho bebceto?
Утре провери бета, ако се дуплира убаво не е вонматерична и сеуште е рано за ехо. Не паничи само деновиве мирувај и утре трк бета да извадиш.