Von matericna bremenost Sto znaci von matericna bremenost,koi se rizicite,sto treba da se prevzemi vo slucaj na istata?
При вонматерична бременост немора да значи дека следува веднаш операција. Јас имав вонматерична бременост во август минатата година. Имав среќа во несреќа што немав компликации, а ни болки. Ембриончето се сместило во десниот јајовод, само престанало да се развива и тоа е тоа Примав 3 инекции метатрексат, многуууу јаки, тие постепено прочистија наместо операција. Во ретки случаеви каде не се прочистува се добро, треба да се направи лапараскопија (тоа е еден вид операција), ама и немора.
Еден мал совет, ми доцни веќе 10дена , направив тест кој е негативен но сепак отидов на доктор бидејќи се трудиме до мм да имаме бебе , па си реков можеби не е точен тестот. На прегледот ништо не беше невообичаено , ми кажа дека не гледа бебе после неколку објаснувања ми даде до знаење дека можеби сум вонматерично бремена и ако не добијам за 10дена да отидам повторно на преглед. Ваше мислење ?
Дури и при вонматерична бременост после 10 дена ќе покажел тестот позитивно доколку постоела истата. Мислам дека ти касни од најразлични причини кои не се поврзани со бременост.
Вероватно многу жени ги интересира повеќе за ова, па јас би зборувала за моето лич.но искуство од пред три месеца. Ми беше констатирана ванматерична бременост. Тоа значи дека ембрионот бил зачнат надвор од матката, т.е. кога се споиле сперматозоидот и јајце клетката се закачиле на јајникот и таму останале не дошле до матката. На интернет можете да прочитате кои би биле можните причини за вакво нешто: 1, претходен абортус 2, вагинална инфекцијаа :гонореја или кладмидија 3, пушење Со оглед на фактот дека претходни абортуси не сум имала и дека правев тестови за инфекции баш во моментот на забременување бев сигурна дека не е ништо од тоа. Но,, јас сум пушач.. меѓутоа кога ме однесоа на клиника во СК докторките ми објаснија дека тоа нема врска со ванматерична бременост, едноставно така требало да биде. Плодот беше отстранет со инекции. Три инекции метотраксат секоја ми ја пуштаа на два дена. Болките беа огромни како физички така и психички, бидејќи бев потполно збунета и појма немав ни што се случува ниту што ќе ми прават таму, но сепак го избраав тој начин затоа што не сакав да им дозволам да ме пипкаат таму доле или било што на тоа слично. Бидејќи сум имала голема среќа сето тоа беше откриено на време, во првиот месец и технички како да сум имала спонтан. Процецот со инекциите е подолг, ммеѓутоа тотално ефикасен во овој случај. исто како никогаш да не ни било. Контролата после два месеца покажа дека се е чисто и дека после 6месеци можам да пробам повторно да забременам. Да не се плажам бидејќи штом е се на време, шансите за повторување на вонматерична се еднакви како и кај секоја друга жена. Инекциите можат да се користат најкасно до 5-6недела од бременоста. Доколку не се успешни ги испраќаат клиентките или на ласерски или на киретажа. Па, јас сега чекам моите 6месеци да поминат
Здраво, мене ми касни менструацијата и денеска бев кај мојот гинеколог и ми рече прво дека гледа едно кругче како циста и дека тоа е знак или на многу рана бременост или на вонматерична бременост. Ме прати на лабораторија на анализи каде тестот со урина покажа позитивен.И ми рече за две дена да појдам пак да се констатира дали е бременост или вон матерично.Мене ми касни 2 недели ама немам редовен циклус во последно време отако го одбив син ми од доење. Вие после колку време контатиравте дека е вон матерично и дали боли процесот за остранување на плодот? поздрав,
Ме збуни твојот пост.Ако го видел тоа кругче ВО матката тогаш тоа не е вонматерична бременост.При вонматерична ембрионот се вгнездува во јајцеводите,стомчната шуплина но не во матката.Можеш да имаш крварење,повраќање,пагањена притисок.
povrakjanje seuste nemam a mi se vrti da ponekogas ama sekogas imam nizok pritisok. epa sega prvo se somnevase deka e cista so voda ama posle rezultato od laboratorija rece deka e bremenost i deka do sabota kje pocekame da se razjasni situacijata. kje puknam do sabota ne znam kako kje pocekam dotogas.sve kako sok mi dojde ic ne planirav ama sto da napravam vekje kasno. ti blagodaram mila mnogu sto sekogas me sovetuvas i odgovaras na moite prasanja
Здраво женски.Неодамна поточно во Септември се соочив и јас со оваа бременост која искрено многу ми влијаеше на психата. Се започна со каснење на циклус, бидејки бев прехладена пред тој период реков сигурно е од тоа.Бидејки беше лето отидов на плажа, и наравно во вода, после еден ден почнаа болки во стомакот од десна страна како грчеви.Мислев дека е од тоа што влегов во вода ни на крај памет не ми беше вонматерична.Што е поголема трагедија седев со болки едно две недели и почнаа бледи крварења и мислев дека е циклус но после 6ти ден од крварењето отидов кај матичниот гинеколог.На бокс прво, вика изгледа инфекција е, легнувам на ехо.Откри бременост витална, со срцева акција во десна туба.Вика ова е медицински феномен ретко толку долго витален плод останува во вонматерична.Ме упати на итна интервенција во приватна болница Плодност каде ја потврди бременоста и тамошниот лекар и истата констатација дека е редок случај како не сум искрварила до сега.Ми беше извршена лапароскопија и ми беше отстранета десна туба(јајовод). Иако докторот ме убедува дека нема да имам проблем со понатамошно забременување јас еве и после 4 месеци не престанувам да размислувам дали ке имам поврторно шанса за бременост.Искрено тоа многу ме падна психички и секојдневно се борам со оваа состојба.Морав да споделам некаде можеби нечие искуство со убав крај ке ми ја врати вербата дека ќе се остварам како мајка.
39 години, инвитро постапка во Систина, вонматерична бременост. Прокрварив на 13 ден од трансфер но според бетата сестрата утврди бременост. Продолжив со терапија до првиот преглед, срекна и во исчекување. Кога ме прегледа доктор Лазаревски веднаш утврди вонматерична бременост и ме испрати на клиника да ме лечат со инекции. На клиника бев сместена на ургентно и ми беше објаснето дека таа терапија е со цитостатици и дека е многу штетна како за моето тело така и за шансите за следно инвитро. Ми предложија лапороскопија со која ке ги отстранат јајоводите и ке го отстранат и плодот. Еве ме сеуште на клиника, чекам да ме пуштат дома, збунета, немав можност дури ни да тагувам по изгубениот плод.
Мнoгу ги примaле инекциите пa имaaт децa пoсле. Сo лaпaрoскoпијa aкo ти ги.извaдaт кaнaлите ќе немaш ич шaнси зa прирoднo. Сaмo чуднo е кaкo при ивф се десилa вoнмaтеричнa
Моите јајоводи беа причина за инвитро, пред пола година правев лапороскопија и хистероскопија и се утврди непроодност на двете страни. И имаш право, многу е чуден мојот случај и многу би сакала некако стручно или ако некој наиде на објаснувања по интернет, го молам да ме контактира.
ne me sfakjaj pogreshno, ne ti mislam losho. no godinite se tie.. velat posle 40ta za 70% reproduktivnite organi ne si ja vrshat rabotata kako shto treba. da. ti ne si posle 40 no ako ti e prvo bebence... beter teshko e. jajovodite radi toa se taka. i jas se zachudiv kako uspealo van da otide ivf, ama stiskame palci da se oporavish i so ubavi vesti sleden pat.
Очекував на форумот малку женска подршка со обзир дека сеуште сум во кревет и несоземена од тоа што се случи. Фала ти Digy за коментарот но сега уште повеке сум тажна.
Не се разочарувај од секакви коментари. @alisijad убаво ти пиша. Чуда се случуваат. Не губи надеж. Јас не би се решила така лесно да ми ги отстранат каналите.
Каналите беа запушени и воспалени со хидросалпинг на десна страна. За следно инвитро можело пак да се повтори истото.
ne be srce be ne ti mislev nishto losho. kje bide se ok. moze malce surovo zvuchev zoshto sum medicinsko lice (se gubi oset so vreme) ama nema potreba od obeshrabruvanje. tazna si, zagubata e teshka. jas eve bremena sum a be sum go prezalila prvoto shto go zagubiv. ako neshto te teshi, koga bev vo remedika depo da primam, primashe i 45 god majka u petta nedela na bremenost.