Мене не ми е јасно, како воопшто може да дојде до вонматерична бременост, ако е затворен каналот? Како поминува спермата, како се среќава со јајце-клетката ако нема простор да помине? Нели од два различни краеви поминувааат: спермата навлегува преку цервикс оди во каналите, а јајце клетката од јајникот кој е под каналот, јајникот ја предава во каналот и започнува движењето. Ете, ова ми е баш енигма
Mene doktorkata posle vonmatericnata bremenost mi objasni deka moze da dojde od razlicni pricini. Ednata moze da bide od infekcija na kanalot. Druga moze embrionceto da prestane da se razviva I da ne moze da stigne do matkata. Najinteresno kako pricina mi objasni e deka embrionceto moze da stigne do matkata, megutoa ako vezbas naporno, podigas teski raboti ili ako mnogu kacuvas po skali moze da vrati vo kanalot.
Ima li nekoja feminka posle vonmatericnata da merela anti mulerov hormon AMH i dali e so namalena vrednost?
Оваа бременост не испадна вонматерична туку само неуспешна. Не знам дали би се карактеризирала како биохемиска со така висока бета. Меѓутоа по 4 дена после првата бета падна на 500. После други 2 дена на 130 и заврши со циклус. Пап и брисеви после тоа чисти
Дали е можна вонматерична бременост со ниска бета 71 на недела доцнење и крварење како менструација?Утре сум на ново испитување на бета се надевам ќе се намалува,што мислите?
Не мила. Кај вонматерична бетата расте правилно ко и нормална бременост ама не е плодот во матка. Нека ме поправи некој ако грешам. Обично на колку дена добиваш?
Добивам на 32 дена најчесто во последните месеци а понекогаш може да се случи и на 35 дена.Претходната вонматерична ми беше со 3200 мислам бета со доцнење 10 тина дена( две недели) .Се убив од плачење од вчера.Само молам господ пак да не биде вонматерично.
Морам да бидам искрена... Вонматерична не е 99% сум сигурна ама тоа крварењето не ми се допаѓа Кога правеше бета? Јас последна менструација имав 03.11.2021 а на 10.12.2021 имав бета 50 ама немав крварење само на бришење кафеаво кремасто розеникав исцедок. Се беше во ред со бременоста. И јас имам долги циклуси ко твоите, никогаш пократки од 30 дена. Ако имаш можност повтори ја бетата по 48 часа од првата во истата лабораторија. Пуштам среќа
Фала ти мила на утешните збирови.Мојот подледен циклус беше на 22 септември а требаше да добијам на 23-24 октомври.Не добив и тестот брше позитивен со бледи линии.На 30 октомври прокрварев и одев на ехо утре дента на вагинслното ехо не се гледаше ништо имав ендометриум зголемен 11 мм и фоликули на двата јајника 10 мм,излив во мала карлица друго нормално све и ме пратија на бета која беше вчера 71,73 а по последна менструација сум по пресметки 5 недела веќе,но јас и имам доцни овулации.Е сега од ноќва крварењето се претвори баш како менструација светла крв со парченца измешани и силни болки во кичма и стомак.денеска немам болки но си имам како добиено.Дали од лошото сепак би била биохемиска а не вонматерична.Јас сум со еден јајовод само десен а болките ми беа повеќе од лева страна
Нема да биде. Со тебе сум, те разбирам. Сум била иста како тебе, со стравот во коски. Ќе бидеш добро. Ќе помине ова, ќе си собереш храброст за нови обиди.
Не е вонматерична, за мене кога се сомневаа на вонматерична бев со бета над 1500 а немаше ништо во матка и си растеше бета, дај Боже да биде се во ред кај тебе
Мила, мој совет е сепак да одиш на ГАК или во Систина. Мора некој да те посоветува што понатаму, бидејќи и крвариш.
Ne sum isla sega e gitov rezultatot jas sum veke doma,iskreno se nadevav da se spusta..Sto da pravam zenicki pak da ne e vonmatericno.