Јас имав крварење како циклус и вонматерична бременост. Па почна да се развлекува. Престана ,,циклусот,, почна некое кафеаво крварење. Па розе. После почнаа болките, покасно. Бетата ниска, до кај 200 одеше. Па почна да паѓа. Не значи дека е тоа. Само ехо и следење.
Оди одма и не се плаши и да е вонматерична ќе се реши без операција затоа што бетата е мала и не се развива нормална временост каде и да е.
@LanaDelR отиди кај некој подобар доктор, на подобро ехо да те види. На почеток ништо не можеш за жал и ти да сториш, исто бев, во иста ситуација, само кај мене на поголема бета немаше ништо, плод се појави многу покасно во матка, дури кога Бојаџиев го виде, ми рече дека е само помало, покасно сум останала бремена, и ќе има нормална бременост, ама за жал кај мене плодот не се развиваше. Не значи дека и кај тебе така ќе биде. Нека те следат на ехо ако не секој ден, барем преку еден ден. Докторката што ми беше не ме испушташе од вид, ако задоцнев 5 мин таа ме бараше да и се нацртам на преглед. Ништо не можеш да смениш, освен да чекаш и одиш редовно на ехо. Да ти кажам не се грижи, знам дека е залудно, кога сме во вакви маки светла точка ни се сонцата дома. Не знам како да те утешам освен многу среќа да ти држам. Ти ја пуштам целата среќа, потполно ти го разбирам и стравот и болката
Se slusnav so doktorot sto me gledase pred dva dena na eho ,4d imase eho vaginalno i nisto ne se gleda znaci zborese nema nisto mn e rano nisto nemoze da se vidi zatoa na beta me prati i sega gi prativ rezultatite vika i da dojdes na eho pak nisto nema da vidime,da se sledi betata samo vajda ke se spustela cim krvaram narednite denovi..i segs sto da pravam ke poludam Prethodnata vonmatericna mi bese na deset dena docnenje kako sega tolku sum od prilika 3200 beta..??
Мене во петокот ништо не ми видоа, а ме гледаа двајца доктори, попладнето и ноќта. Во сабота Б. Сарџиев во Систина го примети имаше мала едвај приметлива точка, пошто и тој не смееше да ме испушти, ме тераше да преноќам таму, ама јас не се согласив, во недела сабајле се нацртав пак во Систина и Бојаџиев го потврди плодот. Како што рече и Сарџиев во медицината 2+2 никогаш не се 4. Ако денес не, утре оди, барем кај друг доктор. Мораш да следиш додека видат дека е во матка.
Не е секогаш толку важно ехото колку што е важна стручноста на лекарот. Јас пак ќе ти речам да бараш друго мислење, бетата расте а велиш дека крвариш како за циклус.
Vaka zenicki zakazav pak pregled kaj drug doktor na privatno mi rece nebutre vo petok pak na 48 casa ustevedna beta mu treba da vidi kako idebi dk rezultatot da idam ke me vidi eho.Drugo nisto nemoze da se kaze samo deka takva beta za normalno razvivanje na plodce ne e no deka ke sledime i otkrieme sto ke bide da ne se plasam i da e von vrednosta e premala ke se sredi bez operacii i da ne mislam.A jas,jas zeni moi ke poludam uste dva dena i tolku se nadevav ke bide ponisko denes da ne se macam,nokva strasni sonista me macea taa vonmatericna mi se idrazi mnogu na psihata mi ostavi stsasni posledici i taman sobrav hrabrost za nova brenenost sega veke nikogas mislam nema da probam..se skrsiv samo losi raboti mi se slucyvaat.Koi se vasite mislenja kako kraen idhod od vasite iskustva? Sto mislite iskreno mi pisete veke sum podgotvena na se najloso.
Какво најлошо, нема потреба од такви мисли. Се согласувам дека е измачувачки да чекаш ама друго не може во моментот. Ништо баш ништо никој не може да ти каже дали е во ред или не, дали е во канал или во матка. Ќе правиш бета пак?
@fana Да во петок уште една му требаат три да спореди и на ехо пак па ќе видиме.Само кажа не е во ред што расте така.
И вонматерична да е, а од срце се надевам дека не е . Многу е ниска бетата и може да се реши и без ништо. Малку е мачно, ама јас не примав ништо. Каналот си стои , колку е функционален не знам. Веројатно и не е . Ама заврши на ок начин. Само што траумите останаа. Баш како што си опиша горе.
Мила и ти ли имаше порано вонматерична? Оххх тоа е нешто страшно.Жал ми е.Извини што те потсетувам а тебе бетата како ти одеше?
Одеше со некои ниски вредности. Околу 200 мислам. Па почна да паѓа. Многу бавно, ама паѓаше. Цело време имав некое крварење. Ќе почне, па престане. Додека седев не течеше ништо буквално, кога ќе седнев на школката, тогаш. Тоа после ,,циклусот,, . На ехо се виде може по 2 -3 пати гледање. Првично личеше на спонтан. Ама неправилните крварења, болките, мачнини.. ужасно. После се испостави излив во десната туба. Сум имала и спонтан и тоа е мачкина кашлица према тоа што поминав со вонматеричната.
Ах бе..на никому да не се случува тоа,недај боже една од најлошите ситуации што можат да се случат кај неуспешна бременост.Се надевам мила после тоа си имаше друга успешна бременост
Добро а зошто не ти дадат прогестеронска подршка ? зошто чекаат да изкрвариш јас мислам дека е биохемиска
Па најверојатно сметаат дека не треба.Поддршката се дава кога се сигурни дека има плодче нормално кое се развива,мене ми рече лошо е растењето на бета.Инаку мила крварам еве веќе трети ден и тоа како мензис ама со парченца овој ден имаше доста забележав,болки немам како нормален мензис.На доцнење десет дена искрено премногу мала бета.Јас се молам само да не е вон.