Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонматерична бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од tand.valentina, 16 јануари 2011.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.570
    Допаѓања:
    10.762
    Пол:
    Женски
    Ако можеш на приватно тркни да те видат да не ти е на мисла. Само да ти кажам психа е многу зафркната работа. Затоа што си во таква состојба и сега и да не те боли, секоја ситница која и претходно сме ја имале мислиме дека е од тоа. Иста бев и јас, а и повеќето сме.
    Инаку мене докторите ми кажаа дека таа болка нема шанси да не се примети, затоа што е неиздржлива. Мене Бобан С. од Систина ми кажа дека болките почнуваат во стомак наеднаш не како менструални, туку тоа е многу јака болка како сечење со нож која не се издржува.
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.255
    Допаѓања:
    112.355
    Пол:
    Женски
    На страната каде што немаш канал не постои можност да има оплодување.
    Вонматерична ако беше досега ќе имаше болки неподносливи така што или се е ок со бременоста или е биохемиска. Трето нема. :hug:
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    11.071
    Пол:
    Женски
    И јас истото ти го велам @LanaDelR. Не може да се оплоди јајце клетката штом немаш канал. А од таа страна зошто те боли...не знам. Ти реков: или сугестивно ти е, од страв и траума или евентуално од таму да е испуштена јајаце клетката и оплодена во другиот канал. Бидејќи, докторот ми објасна еднаш дека можело да се испушти клетката од јајникот на истата страна кадешто е изваден каналот. Па во таа шуплина cavum douglas се упатувале јајце клетките. Не знам точно како би било.
    Јас пример кога имав вон, пред 5 години, првиот месец добив оскудно, чудно ми беше ама не обрнав толку внимание. Ниту тест направив, реков таква ми е менструацијата сега. Нели ти кажував.
    За болки ич не можам да се сетам дали имав. Мене ме задеси од десен канал. Јас и така си имав поболни менструации, некогаш и овулации, ама крварењето умерено. И да ме болеше многу, немав обрнато внимание. Си трпев.
    Е затоа откако ми задоцни втор месец и направив тест позитивен, следните дена почна крварење некое не знам каква боја беше, е тогаш на тие болки се сеќавам..од спиење ме разбуди болка. Изгледа во тој момент пукна каналот.
    Мислев слепо црево е, бев на итна. Ништо специјално не ми рекоа, едно апче и дома.
    Среќа ради крварењето отидов следен ден на лекар, дека видов бремена сум, па открив што е. Ама ти велам јас имав јаки болки од десна страна.

    Оваа бременост, исто се плашев каде е. Мене сега ме болеше лева страна и нормално мислев заглавено е, дури откако имав преглед, се виде дека е во матка, ми продолжија бодежи. Не можев да верувам, стравот ми правеше да мислам дека нешто е заглавено.
    Ајде здравје утре ќе одиш пак на контрола, се надеваме на добро.
     
    На LanaDelR, duffi и fana им се допаѓа ова.
  4. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.983
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik @fana @anggell
    Ох напната сум и нервите ми се при крај.Неможам да зборам никој не знае тука од мојата фамилија и многу ми е тешко мора да кажам,пишам,прашам.
    Значи си видев календар и си запишував секоја промена симптом.Јас последен циклус на 22 септември односи сме имале три четири пати и на 17 октомври сум забележала- лигав исцедок и голема болка во лев јајник се сеќавам ме бодеше како со нож дури неможев да стојам знам и пишав тука дали му се случило на некој да има такви болки ,тоа ќе му дојде 25-26 ден од циклусот последен.
    Така да има шанси и од таа страна да била јајце клетката испуштена.
    Премногу ми е различно со мојата прва вонматерична исто ми доцнеше три четири дена па прокрвавев малку болки немав се до 10 ден доцнење од подледен циклус каде ми пукна јајоводот а тогаш болките беа неподносливи наеднаш дури подилни и од породилните,со губење свест повраќање и избезуменост а бета 3200 беше на 10 ден од доцнење.
    Е сега требаше да добијам на 23-24 октомври од тогаш поминаа 12-13 дена бетата на 10 ти ден од доцнење ми беше 228( мала) уште првата почна многу ниско знаете,болки добив посилни( како менструални) кога прокрвавев ( еве шести ден крвавев денес веќе немам се запира) а толку ми трае и циклусот.Што значи незнам нема правило сосема различна ситуација сосема различни состојби за да се водам и од мојата претходна вонматерична.
    Ви благодарам мили што сте тука и ми пишете.
    Знам дека ме разбирате зошто сум ваква,јас и по природа сум премногу емотивна и многу тешко ги прифаќам некои работи ..Ве гушкам :hug:
     
    На Slonce91, elenaklasik и kankus им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.230
    Допаѓања:
    170.232

    Слушај ме сега
    овулација ако имаш на 25 ден од циклус нема шанси да добиеш со 2 3 дена закаснување него ке ту касне по 10 дена циклус
    јас имам такви мутави циклуси
    шо знаци овулација 25 ден оплодување па вгнездување негде 30 32 ден од циклус
    и имаме бета на 10 дена од овулација 200 и нешто
    Се е ок се е нормално освен крварењето но некој си имат циклус и цела бременост
    Ова е нормална бременост и се ке биде добро
    верувај ми
    На ехо не се тапи да одиш пошто испод 1500 бета не се гледа ништо
    ти у понеделник ке имаш околу 500 бета
    околу 1000 у среда четврток па тек таму нареден понеделник ек го видите на ехо
    Ја ке те замолам да се смириш и да бидеш стрплива
     
    На kikiritkaTa, LanaDelR, kankus и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.983
    Пол:
    Женски
    @ALISA0000
    Ќе пробам мила да се приберам.:hug::l:
     
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    11.071
    Пол:
    Женски
    Гледаш колку различно. Кај тебе вонматерична се појавиле силни болки на 10ти ден доцнење, кога и ти пукнал јајцеводот. Имаше внатрешно крварење?
    Кај мене пак, тек вториот месец осетив различни болки од менструални, ко жежење, ко нешто чудно во тој дел да ми се случува околу десна страна. И ми рече докторот дека цел стомачен дел ми бил исполнет со крв. А стабилна бев, ниту да се онесвестам, на лекар во плодност бев, свесна на нога скроз. Правев крвна слика уште кога дознав дека сум бремена, а сѐ уште не знаев дека е вон, и ми беа изместени вредностите. Железото спуштено до 8, седиментација 30, шеќерот малку покачен отколку што ми е мене нормален, и знам купував витамини демек ради бременоста. Ама седни -стани мене некои чудни грчеви, болки во половина итн.
    Среќа, имало Господ за мене тогаш.
    Знам кој стрес е, шок е. Јас еве сега се присетувам на тогаш, бремена сега, ама се вознемирувам.
    Слава на Бог.

    Инаку, за овулациите. Е тоа што велиш дека си имала болки лево. Јас така имав лани знам, леле како грчење да ме тера да се свиткам дури. Многу силна овулација тогаш имав. Одма си реков заглавено е, ама ете немаше ништо.
    Утре ќе правиш бета пак нели?
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Сите сме со тебе, ти праќаме сила и среќа се да биде во ред мила! :hug:
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.230
    Допаѓања:
    170.232
    Е така смири се малце сите сме со тебе и на толку позитивни мисли нема шанси да е нешто лошо ок??
    утре прави бета и пријави ја овде
    ако е некаде 380 400 тогаш е се ок и ке си тераш нормална бременост
    на ехо не оди утре бидејки со бета испод 1500 не се гледа ништо
    ова е закачено баш коа си требала да добиеш и е многу рана бременост
     
    На LanaDelR и kikiritkaTa им се допаѓа ова.
  10. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    28.218
    Пол:
    Женски
    @LanaDelR прво ќе те :hug: и ќе ти посакам еден тон среќа за утре.
    Имам пишувано по темиве само незз во која за да те упатам да прочиташ.
    После прва бременост циклусите ми се пореметија не добивав по незз колку месеци,обиди за втора бременост над 3 години.Циклусот ми се регулира колку толку со пиење на мака во прав.Склоп околности тој период живеевме во странство во помало градче,каде немаш опција за приватно,за бета и др.Плус корона во ек не примаа никаде никого.Си добив циклус т.е мислев дека добив ден кафеаво,ден како циклус со партали паѓање со све.Утредента ако малку одмарав само кафеаво.Незз кој ѓавол ме натера направив тест испадна позитивен,сабајлето уште еден и тој позитивен.Се јавував по клиники,на матичен ништо ми викаа ќе чекаш природна работа е.Додека немаш мн болки никому ништо.Ако имаш оди на хитна и чекај таму ред.Прв преглед ми закажаа по нивна пресметка отприлика ко би требало 12 недела да сум.Оставена на милост и немилост гледав повеќе да одмарам,да не кревам тешко и крварењето се намали,од ден на ден се помалку имаше.Симптоми никакви освен што некогаш чуствував замор,болки во кичма имав мн не можев ни да седам,ни да лежам.Дојде денот на прегледот,се молев незнаев што ќе кажат значи не беше ден,два недела туку скоро 2 месеци.Кога легнав ко го пуштија тоа егото мижев и чекав некоја дијагноза,хитно за операција.Ја слушам докторката си збори со стажантката и ми кажува еве го бебето,рачиња,ноџиња,срце…..јас незнаев дали да плачам или да се смеам.
    Моето херојче,мојот борец еве го спие до мене сега :inlove:
    Ти пуштам среќа да излезе се како што треба утре :l:
     
    На Bebce1, Yowannty, MinnieM и 8 други им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.255
    Допаѓања:
    112.355
    Пол:
    Женски
    @LanaDelR да пише бета од денес.
     
    На kankus, LanaDelR, tincemajmunce и 3 други им се допаѓа ова.
  12. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.983
    Пол:
    Женски
    Бетата е 590
    Што мислите?
    Во петок беше 228
     
    На MinnieM, Starchild, Ivanaahhh и 8 други им се допаѓа ова.
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    11.071
    Пол:
    Женски
    Је је јееееееее. Честитки милааааа!
    Многу ме израдува, со лесно да ти е, да завршат стравовите :hug::hug::hug::hug: :inlove::inlove::inlove:
     
    На kankus и LanaDelR им се допаѓа ова.
  14. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.983
    Пол:
    Женски
    Леле се тресам..Крварењето запре Ќе одам на контрола за ехо ..ох бе златни има ли надеж?
     
    На kankus и elenaklasik им се допаѓа ова.
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Во ред си е, бетата е супер!
    И пред два дена беше и сега :clap:
     
    Последна измена: 7 ноември 2022
    На Izzy_0504, fana и kankus им се допаѓа ова.
  16. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    28.218
    Пол:
    Женски
    @LanaDelR :inlove:
    Одмарај повеќе,продолжи со прогрстеронската терапија а за ехо мислам дека е мн мала бета да се види нешто.Над 1500 треба да е да може да се види.Ти сигурно си останата бремена баш пред датумот за добивање.Со лесно нека ти е и опушти се малку,добро е дуплирана бетата :l:
     
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.472
    Одлично:l:
     
    На LanaDelR и kankus им се допаѓа ова.
  18. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Бетата е одлична мила, имам некое претчувство дека сè ќе биде во најдобар ред:inlove::hug:
     
    На LanaDelR и kankus им се допаѓа ова.
  19. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.983
    Пол:
    Женски
    Мили на ехо не се гледа ништо пак.Не е задоволен од бета,или неуспешна бременост или вонматерична која треба да се следи Во четврток пак бета пак ехо и тоа.Најболно ми е што ми даде болување еден ден за денеска и ми е напишано ектопична бременост.Плачам.
     
    На KonstantinaM му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    11.071
    Пол:
    Женски
    Барам на нет. Вели дека барем 1000 треба да биде бетата, за да се види ќесе. Нека кажат и другиве.
    Зошто не му се допаѓа бетата кога скоро 3пати е зголемена од петокот?
    Кај истиот доктор беше на ехо?
     
    На duffi и LanaDelR им се допаѓа ова.