Незнам мила зошто така кажа.Кај истиот бев.Ама зошто ми напиша така ќе полудам веќе искрено.И јас испаничена по сто пати си прашувам дали е вонматерично дали е и ми вика не се гледа можно е треба да се следи...Ама и да не е не е успешна бременоста и толку.Да пијам утрогестан,ами зошто да пијам тогаш? Кај да одам? Што да правам?
Твојата бета се дуплира да, ама во првите недели екстремно расне од причина што и бременоста екстремно брзо се развива. Значи треба да е многу повисока. За жал уште првата бета покажа дека бременоста нема да е успешна. Затоа докторот ти кажува така. Е сега си имаат некоја нивна етика и не се откажуваат одма, затоа ти дал утрогестан. И да е вонматерична, те следат, не се плаши, плус бетата е мала, не може да настане проблем. Биди силна, не знам што друго да кажам
Браво, браво, бравоооо мила!!! Ќе биде добро, ќе видеш. Под 1.500 бета не се гледа на ехо, тоа ми е кажано и на гак и во плодност. Само смирено мила, да е вонматерична ќе имаш болки. Мирувај, мисли позитивно и во среда над 1000 ќе биде бетата, па ќе се виде на ехо.
Бројка има? Gravid е за бременост, означува колкупати жената затруднела, а obs е веројатно obstetrics што значи акушерство.
Бета треба многу брзо да расте и бааѓи да е зголемена досега, значи 500 и нешто не е доволно. Реално така е. Ова од искуство го пишувам. Е сега дај Боже да е кај членката се во ред.
@LanaDelR бетата треба да е над 1500 да се види нешто, а кај мене дури ни на 2000 не се гледаше, подоцна бев останато бремена. Зошто не побараш и друго мислење? Знам дека ти е многу тешко, сосема те разбирам, јас мислам дека ќе имаш нормална бременост. Кај мене не растеше правилно па кога го видоа на ехо ми кажаа дека штом го има значи може да се води за нормална бременост. Кај мене за жал друг беше проблемот. Едвај чекам да видиш дека се ќе биде во ред, и ние со тебе полесно ќе дишеме. Навиваме се да биде во ред
Бременост во обсервација(следење). Кај мене пишуваше graviditas ekstrauterina in obs( вонматерична во обсервација), abortus spontaneus in obs( спонтан абортус во обсервација). Со таа дијагноза (двојна), ме примија и со неа ме испуштија од ГАК. Симптомите кај мене беа вака, на една недела од доцнење почна кафеав исцедок, па крв, менструални болки, се чувствував буквално ко да имам добиено, само што не крварев обилно. Се погоди празник и викенд па на дежурен ми рекоа оди за Ск, да бидеш во сигурни раце, матичниот го исконтактирав беше против тоа. Тој ми даде прогестеронска терапија и ми рече мирувај. Јас не така, своеволно испитував бета од 178 за 5 дена беше 200и нешто, значи не беше како што треба а овој ми вика седи и мирувај. Мене не ме држеше место и заминав за Ск. Ме примија со 300 чуда, по мое инсистирање, зошто и тие не знаеа што е. Ме следеа неколку дена, па као видоа некоја формација во лев јајовод и ми дадоа метотрексат инекции, почна да паѓа бета и ме испуштија. По некое време кај матичен одам на контрола и тој ми вика избрза демек, не требаше да одиш не беше ектопична. Мене само што ми стивна болката, тој ми ја разгоре. Стварно тежок период, ама потешко што и ден денес ми остави мисла матичниот дека сум постапила неправилно. Само се тешам дека бев кај професорка што и е специјалност, па си викам сигурно не би направила толкава утка. Сега да сум со овој ум, да умрам нигде не одам. Затоа смирисе и чекај додека не се постави правилна дијагноза. Ти посакувам многу среќа. Дај боже да е се во ред!
Мила се сеќавам на твоите постови некаде јануари-февруари беше кога и јас останав вон,па си имаме пишано и тогаш. Мило ми е за тебе премногу прочитав некаде дека си труднечка пак.Со лесно нека ти е бременоста Незнам ми преостанува пак само да чекам...
Господова волја мила. Знам во кој немир си, ама стварно не преостанува друго освен чекање. Или да побараш второ мислење од доктор. Биди силна, ќе биде се во ред!
@LanaDelR мој совет е да си бараш и друго мислење. Оди до Ск и барај да те видат на ГАК или во Систина. Не останувај на едно мислење затоа што само се секираш и се нервираш со денови.
Ми се појавија болки како менструални денеска и имав пак крварење.Свежа крв. Не обилно но сепак има.После крварењето од шест дена имав како жолтеникаво- кремасто денес пак крв.Болката беше како менструална
Не се мислев за утре до Скопје на Гак.Ксј матичен сум задутре...со нова бета и ехо.. Ова крварење па и појава на болки ме плаши.Крварењето не е обилно по малку на бришење но има.Болките се издржливи како менструација кога добивам. Не ми е јасно што се случува
Да си одиш на ГАК обавезно. Барај си второ мислење, мораш да знаеш што се случува, не се оставај така.