Најмили мои. Прекрасни сте сите до една,жени,мајки,хероини,борци. Кога најмногу ми требаше некој за збор и утеха вие бевте тие. Неможам да ви опишам колку сум ви благодарна за сета поддршка што ја давате тука. Мојата приказна ја знаете,не заврши добро. Како и да е нема откажување,одиме напред со нови сили. Си ветивме со сопругот,желбата ја имаме и двајцата и нема да запреме тука. Да сте ми живи и здрави. Ве гушкам сите до една
Мајка, нема запирање. Верувај после ова, радост ќе дојде. Можеби и дупла Само верба, нека помине бурата, преброди и продолжи.
Здраво до сите. Бев трудна до пред месец дена и одеднаш бета-та ми се намали. Ми рекоа дека имам вонматерична бременост. Крварам од тогаш, немам болки веќе неколку дена, претходно имав малку грчеви како пред добивање, ама ништо страшно. Проблемот е што бета-та не опаѓаат. Моментално ми се качија уште повеќе од моментот кога почнаа да опаѓаат. Дали има некоја со вакво искуство?
Не се гледа ништо дека не стигнав до првото ехо бетатс е од 300-570 горе доле цело време веќе скоро три недели. Ми рекоа дека не можат ништо да видат и треба да чекам
Барај да те пратат на специјалист да се види каде е точно и дали треба да се интервенира. Со вонматерична не треба многу чекање.
Јас би ти рекла штом не се симнува бетата да отидеш на ГАК, ако си од Ск или во најблиската болница па тие ќе ти дадат упат за ГАК. Ако е навистина вонматерична, мора да се третира. Немој да чекаш предолго.
Не сум ни во мк. Денес бев на ургентно и ми најдоа внатрешно крварење, ми направија пак бета и беше 470 и ме пратија дома. Пак ми рекоа дека нема што да се прави освен да се набљудува.
Не знам какви се процедурите таму каде што си, овде мене со бета 200 ме задржаа во болница. Имав крварење 2 недели и повеќе, почнав да имам болки. Ми ставаа инекции, бев 1 недела на ГАК и ме пуштија кога бетата почна да паѓа. Не знам што да те советувам, освен ако почувствуваш појаки болки, оди пак во болница. Посакувам да ти заврши маката што поскоро
Со вонматетична бременост нема игра,посебно не да се чека.Доколку сметаат дека е вонматерична бременоста( мн е тешка за прецизирање) но е опасна за мајката.Јас се соочив со две кои завршија со лапароскопија и вадење јајоводи.Подобра апаратура ехо и поискусен доктор веднаш препознава,мене ме гледаа мн доктори а на гак доктор јадранка само што погледна во истата минута ми кажа каде е. Мојата бета беше најмногу 500 и нешто и мн слабо се качуваше нагоре. Не паничи не се плаши но оди на доктор ,мене кожа ми се ежи кога слушнам вонматерична. Може и не е но да се открие што е,заради твое здравје и ако е навремено ќе се третира и полесно.Секое добро мила.