И мене пред 3 дена за жал ми направија лапараскопија за вонматерична . По една недела сум за конците вадење но имам крварење. Што мислите дали тоа крварење е нормално?
Ke krvaris edno 10 tina dena sigurno a moze i poveke ili pomalku,normalno e i treba da krvaris. Ne se plasi ke bides dobro. Samo pozitivni misli mila,toa e pominalo taka moralo da bide. Eden den ke bide se vo red veruvaj.Te pozdravuvam,glavata gore i samo napred so novi sili.
Ti blagodaram mila za poddrshkata. Denes bev koncite da mi gi izvadat i se bese onaka kako sto ti mi rece za 1 nedela mi prekrati krvarenjeto i sega gi cekame rezultatite da vidime sto ke kazat zosto doslo do ova.. pa potoa i na kontrola...
Зависи од многу работи, на пример јас имав негативен тест, мислев дека ми дојде и почнав да крварам. Кога не престана крварењето после 8 дена, отидов на преглед и проверив бета хцг. Беше околу 150. Почнав да имам болки и крварењето не престануваше. Болките беа издржливи. На бета 200 ме примија на ГАК со крварење од повеќе од 14 дена. Имаше жени што не крвареле, со бета хцг што не расте правилно и намање на ембрион во матката беа примени во болница. Има многу различни искуства
@elenaklasik Здраво Елена те читам претходно на форумот, ме интересира откако лапароскопски ти беше одстранет десниот јајцевод после интервенцијата колку време крвареше? Дали може да направиш да ти пишам лично во порака? Бидејќи пробувам ама не може ..
На 35 ден од циклус имам тест со бледа линија, на преглед кај матичната ништо не се гледаше, па ми рече дека најверојатно е рано. После недела дена почнав да имам кафеав исцадок кој секој ден се зголемуваше и наликуваше на талог од кафе, на преглед кај матичен ми даде вагиналети утрогестан мислам дека беа, и после веќе исцадокот премина во крварење. Од како почна крварење тогаш матичната ме упати на проверка на ВХЦГ, висока бета околу 3800 и дури тогаш ми даде упат за на ГАК а таму др. Јадранка го виде ембрионот во тубата. Други симптоми освен крварењето и исцадокот немав.
Здраво пред некое време имав вонматерична бременост каде ми го отстранија десниот јајцевод. Она што ме мачи е тука читам дека кај ниска бета можело и самото да се изчисти без никакви интервенции а мене бета првична ми беше 35 за два дена 43. На втората контрола др се консултираше со уште еден доктор и веднаш одлучија дека треба да се прави лапаро со тоа што кажаа дека имало крварење во јајцеводот...
Zdravo gledam deka sme imale slicen slucaj moze li da da mi kazete kako pomina terapijata so metotraksat inekcii jas ja primiv pislednata doza vo ponedelnikot me primija so beta 900 skoro a vo sredata me otpustija so beta 540 rekoa deka e vo opaganje i sleduvaat kontroli no vcera mi bese doma ok isto taka i zelezoto mi bese mn nisko, deneska krvarenjeto skoro mi prestana a bolki kako grcevi imam odvreme navreme, nemam voopsto apetit za jadenje i retka stolica denes se praznat crevata skoro posle se vneseno vo zeludnik se osekam nemokno iscrpeno i snagata mi treperi cela.. Dali ova e normalno i kolku vrmee treba organizmot da se stabilizira da gi nemam ovie pojavi inace sum premnoguu isplasenaa celo vreeme miskam na nesto loso od koga se vrativ od bolnica i me fakja panika ama probuvam da se kontroliram imam golemo srcebienje.. Ve molam da spodelite so mene dali na nekoj drug mu se slucilo barem slicno nesto.. Vi blagodaram
Skoro pa isto, zelezoto i na mene posle metotraksato mi se spusti na 2.4. Vo tekot na cela godina imav grcevi vo stomak, prvite 2-3meseci nogu cesto retka stolica, nekoj period imav i fisuri, preku eden mesec fakav urinarni infekcii, zgolemeno opaganje na kosata, nervoza, napnatost, silno srcebienje..... da receme na svoja raka i so konsultacija na opstata maticna za da go kreneme imunitetot zemav da pijam ferolin s bidejki sodrzi zelezo i folna kiselina, caj od brusnica i kopriva piev po nekolku pati vo denot, maslo od divo origano, prosetki i fizicka aktivnos, promena vo ishranata poveke zelencuk i ovosje i duri posle godina vreme se vrativ vo normala. Moze ne bese se od metotraksato bidejki kaj mene ne pokazaa rezultat pa zavrsiv so laparaskopija.. bitno poveke od godina vreme mi trebase da se vratam vo normala
Isto i kaj mene kosata mnogu paga, a denovive ke vidime dali ima uspesnost od inekciite se nadevam samo deka ovaa maka ke se isplati, mi rekoa Ferozomal za zelezo da pijam,folna kiselina 3 meseci, seme od kopriva, lesna hrana, spazmeks za grcevite vo stomakot.. Apetitot mi e na 0 so sila jadam
Здраво, после вонматерична бременост колку време ви кажаа да правите пауза од обиди и кои испитувања ги направивте наредно?
Јас правев брисеви и генетски мутации. Обиди после 3 месеци, наредно забременување и успешно после 5 месеци. Јас бев со кломифен бидеќи останав со еден јајцевод.
А ХСГ не правеше? Докторот ми препорача да не правиме пауза само брисеви предложи и толку. Бидејќи нели доаѓа до вонматерична ако каналот е затнат што ако и другиот е не прооден?
Во одпусното писмо ќе ти пишат сигурно за состојбата на другиот канал. И покрај тоа шо кај мене пишуваше дека другиот канал е во ред, по неусшешни обиди од 10тина месеци и преглед кај приватен гинеколог ме упати на ХЗГ. Мислам за твој мир направи си ХЗГ и микробиолошки брисеви