Нормално е болка во долниот дел од стомакот, па дури и во половината во првиот период од бременоста. Матката почнува да се шири, сосема нормална појава е, нема што да се грижиш. Ако ти е мисла, оди на лекар ама толку рано ни на ехо нема да се види ништо.
Женички сакам да прашам нешто. Средата правев хцг беше 36.3 во понеделникот сега 142.1 и денес правев повторно по препорака се разбира се ова на гинеколохот и ми искочи 120.. значи опаѓа. Е сега сакам да прашам имам некој чудна тапа болка како жарење како некој да ми седи на десна страна незнам ни јас како да објаснам па се плашам да не е вонматерично матичната се слушнав рече хцг да повторам во петок. Кој ви биле симптоми за вонматерично дали ќе може да ми кажете .. некако ме фаќа паника
Мислам дека за вонматерично ќе расте бетата, нема да опаѓа. Немам искуство ама јас знам така, сепак нека кажат тие што имаат искуство. Не се секирај, ќе се среди што и да е
Јас имав март биохемиска кога направив хцг прв пат беше 120 после за 5дена имав кафејаво и хцг 33 беше и после два дена прокрварев убаво со парчиња и тоа беше тоа. Ама сега некако ме загрижуваат овие болки или што и да се што неможам да ги опишам ..
Со биохемиска опаѓа бетата, а со вонматерична ќе расте и тоа немаше да биде 120 или 140 туку повеќе. Ќе прокрвариш за некој ден можно е да крвариш подолго од вообичаено пример ако ти траело 4 дена можеби 7-8дена сега али не е правило. Предноста е што истиот месец земи си ленти за овулација и следи ја големи се шансите после биохемиска да имаш нормална и здрава бременост без проблеми. Истото и мене ми се случи сега еве ме 23та недела
Кај вонматерична бетата расте ама не правилно. Не се плаши, за жал биохемиска е и овој пат. Не губи надеж
Офф ова ми е една по друга биохемиска март имав пауза направив до јули бидејќи 60дена после биохемиска немав добиено па добив со примолут нор и еве јули со еден обид пак биохемиска .. незнам веќе што да правам пробуваме за прво детенце.. зашто втор пат едно по друго биохемиска и поради што ..
Имаш проверено генетски мутации? Инаку, може да е чиста случајност ама сепак обрати се кај специјалист за да си мирна.
Не немам испитано. Ќе видам сега да повторам петок хцг да видам до кај е што е да се исчистам и ќе правам испитувања. Дај боже да е случајност ..
Испитај си не е ништо страшно, ниту трагично. Ако не е случајност и ако има причинител најдобро е да го откриеш за да го решиш и да си покриена со терапија. Не се плаши, ќе успееш
Ne mora da znaci deka ke bide tolku visoka beta kaj vonmatericna, ete kaj mene bese 35 pa se zgolemi za dva dena 45 pri sto imav vekje krvarenje vnatre po vtoriot pregled so tolku niska beta a pred toa bev so krvarenje koe mislev e ciklus koj mi bese normalen .. sekoj razlicno.
Утре правам повторно бета со господ напред се надевам дека ќе биде падната од последниот резултат во средата кој беше 120 ..
Женички после направеното хцг пред два дена кое беше 120 денес направено повторно и е 42. Ме загрижува тапата болка од време на време лоцирана во десна страна која незнам како да ја опишам како бодежи, тапа болка, како тежина, жарење незнам ни јас.. и март имав биохемиска ама на вака болка не се сеќавам иначе да напоменам дека не крварам вчера вечерта и еве денес како кремаво имам само .. матичната ми е на однор и пишав ми рече кога ќе почне крварење на 7ден да направам повторно хцг.. ме плаши болкава да не е вонматерично нешто, ама па вредноста на хцг опаѓа минатиот пат кога беше биохемиската почнав да крварам два дена после испитано хцг кое беше 33 .. извинете за долгиот пост ..
Ти веќе си почнала да крвариш. Утре, задутре ќе ти пробие и крв. Не се плаши, не е вонматерична, драстично паѓа бетата.
Штом опага бета не е вонматерична, со вонматерична од болница ги испуштаат штом почне да пага бета. Кај тебе е веќе ниска. Се работи за биохемиска. Кај мене неправилно растеше па сметаа дека е вонматерична, и на крај испадна дека не е. Жал ми е што низ ова поминуваш ама понекогаш мора да поминеме и низ трнлив пат
Јас повторно знам дека сум напорна но сум цела испаничена. Откако направив денес хцг и искочи 42 намалено од 120 јас денес прокрварев. Прво како лигава свежа крв со мали болки, а сега еве во 03:30 скоро со силни болки и грчеви во цела матка но повеќе болките лоцирани на лева страна како со жарење каде што и предходните денови имав некоја чудна болка, тежина на таа страна и како топлина. Од 1ипол часот после полноќ ми почнаа болките со кој бев и два пати по голема нужда, каде што после 1саат од почнатите болки имав на влошка средна големина на парче (предпоставувам плодот). Птедходно исто имав биохемиска бременост но немав волку силни болки освен крварење кое траеше 5дена и кога почна крварењето големо парче. Дали може да ми кажете тие што имате поминато вонматерична дали сте имале јаки болки и каде биле лоцирани? Ме фаќа паника да не е вонматерична поради болка на десната страна и топлината на таа страна да кажам дека крварењето е сега за сега свежа крв како лигава малку.. матичната ми рече прееска кога се слушнав дека на хцг 42 треба да почнам да крварам за два дена и после крварење да направам хцг и идам на ехо.. се извинувам повторно на замарање и долг пост но сум хаос преплашена
Не се плаши зошто веќе прокрваре нормално е да осеќаш болки во јајници и матка прави контракции за да се исфрли се и да започне нормален циклус. Јас после 3та киретажа имав такви неподносливи болки што ме боцкаа со кетонал,а не пак телото само да се чисти.