Извини што ќе упаднам. Си имала 3 неуспешни бремености? Јас имам две зад себе и проблемот не го најдов, не знам каде да го барам.
Како си ти, се реши за следен чекор?Те запомнив затоа што лани приближно исто време ја имавме истата мака После две и кај мене нема проблем освен ТСХ, кој не беше нешто многу висок ама го средив. Јас се решив на следен чекор па што биде, нека биде
Имав 2 мисед па родив па пак мисед, па биохемиска и сега еве ме 23та недела. Кај мене е лупусот проблем и тромбофилија. Само со биохемиската ми се поклопи исти месец пак да останам бремена па еве без маки ја терам
Не сум решена ама ич. Плус и брачна криза имав и уште толку сум нерешителна. Ајде здравје, ќе биде се што треба.
Се надевам ќе се боцкам пак. Денес цел ден дома гледам немав ништо тргнав влошка сега во движење малку искочив гледам повторно прокрварено свежа крв .. некако овој пат сум многу во паника поради болките чудни на десна страна ..
Не се плаши јас кога имав со вакум киретажа имав 3,4 дена исцедок после 2 недели пак ми се појави, и јас испаничив ама Бојаџиев ми објасни дека првиот месец така ќе биде, имам, немам, на ехо кога ме гледаше беше во ред. Физичките болки не плашат ама и психата ни е раздрмана па нормално е да паничиме. Следна бременост успешна
Да психички е најтешко мене ми е чудно бидејќи минатиот пат со биохемиската не ми беше вака немав нелагодности што неможев да ги опишам од десна или лрва страна на јајник крварев тогаш 3-4дена и тоа беше тоа, а сега чудниве нелагодности ме плашат и тоа што немав па ми се појави повторно свежа крв ..
Jas pred nekolku meseci imav vanmatericna t. e heterotopicna bremenost kade sto beta hcg prvo mi rastese pa opadna za duplo i potoa pocna pak da raste i se duplirase na nekolku dena .. Prvicno koga opagase se somnevaa samo na spontan ispadna vanmatericna.. Me napravija kirataza me pustija doma na slednata kontrola beta hcg mi bese 3 patii pogolemo od koga me pustija prviot pat po kiratazata a taman mislev se oporavuvam sekoja bolka mi pomina celo vreme imav tapa bolka vo leviot jajnik koja ostana i traese do resavanje na vanmatericnata bremenost so metotreksat inekcii.. No nemora da znaci daj boze kaj tebe da ne e isto
Јас хцг се боцкав сега пред два дена кога уште крварев ми беше паднато на 8.. тебе хцг колку ти падна па почна повторно да расте? Какви болки имаше дали можеш да ми пишеш лп ..
Секоја бременост е различна со една ќе имаш болки ќе трчаш по лекар со друга може сосема се во ред да е. Штом си била на ехо и не крвариш од друго место и бета опаѓа нема потреба да се стесуваш зошто тоа дополнително ќе ти влијае на циклусот.
Не сум била на ехо од кога почнав да крварам матичната ми е на одмор замената ми закажа за наредна недела ...
Мое мислење ,да испиташ евентуално прегради. На колешка моја истово и се случуваше и открија преграда. Толку гинеколози ја гледале никој не ја видел,на крај Парталоски и ја видел .
Zdravo devojki Ve molam za sovet ili mislenje Veke treba da sum 8 i pol nedeli , se uste ne mi e utvrdeno dali ima vonmatericna bremenozt iki ne. Imav 10 pregledi sekoj den, betata rastese 2400,2600,3400 i tocno na 8 nedela 3900. Imav bolki vo levata strana no mi se smiruvaa. Imav transfer na 2 embrioni. Eden prazen saku se gleda vo matkata no nikok ne rece deka beta rasti od nego. Iako nisto ne najdoa na eho posle celo vreme gledanje jas im rekov deka sum odlucena da zemam metotrexat. Zosto ne sakam da pravam operacija. Posle dolgo ubeduvanje dobiv metotrexat 90 mg vo sabotata i do denes nisto ne mi e. Nemam krvarenje. Neznam sto da ocekuvam dali nekoj ima slicno sikustvo da mi pomogne. Vi blagodaram
Кај Трајковски правев 4Д, ништо не ми кажа, се надевам дека немам. И така Четврток ќе правам хсг, па ќе видиме, многу имам страв од хсг.
Zdravo Devojki, nova sum na forumot i me interesira kakvo iskustvo imate posle vonmatericna bremenost so izvaden lev kanal, i obid za zabremenuvanje povtorno, so soprugot probuvame nekolku meseci no neuspeshno :/ inaku vonmatericna imav pred 6 godini....