Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонматерична бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од tand.valentina, 16 јануари 2011.

  1. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.283
    Пол:
    Женски
    Ниска бета имаше ти, затоа само една ти ставиле. Обавезно да си проверуваш бета додека не стигне негативна.
     
  2. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    проверив вчера, беше 41, ми ркеоа за 2 седмици пак да проверам, Кога да очекувам менструација?
     
  3. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    1.217
    Точно не знам да ти одговорам. Јас добив после инекцијата. Најдобро консултирај се со доктор, се ќе ти објасни. Кај тебе е уште висока бетата за менструација.
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.283
    Пол:
    Женски
    Супер е бетата, за неколу дена би требало да добиеш.
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Resident Evill

    Resident Evill Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Девојки, после 9 месеци од вонматерична и 3 дози метотраксат, неделава ме израдуваа две цртки.
    После метотраксатот и лежење две недели во болница, бев скршена, разочарана, не сакав да видам болници и не направив никакви испитувања освен пап и сега ме јаде страв од повторна вонматерична. Бев на ехо, сеуште било рано да се види нешто (дежа ву), но наводно имало бременост по тоа како била спремна матката?!? Така ми рекоа.
    Бидејќи имам менструални болки и на моменти јаки грчеви низ цревата и јајниците, карлицата и кичмата лом, ми дадоа утрогестан како поддржка.
    Во понеделник ќе одам во систина на ехо, инаку по календар од последна менст сум 4+5 а од зачнување 3 недели.
    Од страв на секоја болка се тресам, не сум искусила нормална бременост до сега и не знам како е, дали се нормално очекувани тие болки? Ве молам за совет
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Јас 5,6 месеци после метотрексат и една недела во болница исто од прв обид се израдував со две цртки. Во истиот грч бев, те разбирам, нормално и очекувано е. Но колку можеш опуштисе, бидејќи еве јас ги имав истите менструални јаки болки на почетокот од бременоста, а ништо не се случи, еве ја спие до мене. Земи си Б6 и МагнеТрас(директ) прашаци, мене многу ми ги намалија грчевите. Среќно!
    Да додадам.. рано е да се види на ехо нешто сега. Инкау и мене ми дадоа Дабростон, заради предходното лошо искуство и ги пиев до пред девети месец.
     
    На Resident Evill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Resident Evill

    Resident Evill Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, тоа ми требаше. Јас пијам пре мама, метилирана фолна, метилиран Б12, витамин Ц и магнетранс и тоа се на своја рака, матичниов не се замараше ни дека имам генетски мутации (ги испитав после првиот спонтан кој беше 3 месеца пред вонматеричната) но болкиве не стивнуваат а знам дека е премногу рано 20тина дена сум бремена само, вчерашната бета беше 670 па се надевам до понеделник нема да прокрварам и ќе се види конечно нешто на ехо и се надевам во матка
     
  8. eleonora7852

    eleonora7852 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    испитајте по ред неколку Бета зошто кај нормално бременост рамномерно се дуплира, кај вонматерична неправилно расте бетата. Тоа ви е исто така показател дали е вонматерична или не
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Resident Evill

    Resident Evill Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Знам, искусив една вонматерична, но нема правила, кај мене растеше нормално во понеделник беше 200 а во сабота 1100 се алудираше на нормална бременост.. а испадна вонматерична со ненормално јаки болки во десна страна и слабо крварење
     
  10. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Опуштисе, и не се замарај со ништо до понеделник. Ќе се види на ехо ќе видиш. И јас не можев да поверувам, не ни правев тест од што не верував. Направив една недела по доцнење и истиот ден отидов кај Др. Се виде сакус тогаш. Наредно се виде и ембрионче.
     
    На Resident Evill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Resident Evill

    Resident Evill Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Ние се пазевме 8 месеци и месецов буквално прв обид беше и си реков нема шанси, но имав чудно чиство, и киселини навечер, и направив на еден ден од доцнење и испадна бледа црта после два дена уште еден малце по темна беше и имав само едно утро ептен мал блед кафен (крем боја) исцедок и паниката почна. Никогаш не сум искусила да видам сакус ниту плод на ехо, секое идење ми беше - матката е празна.. Толку многу сакам овојпат се да е во ред
     
    На Lina-Detelina и WhiteCat33 им се допаѓа ова.
  12. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    1.796
    Пол:
    Женски
    Јас исто имав вонматерична и сум со еден јајцевод, по три обиди останав пак бремена, и многу добро ти ја знам маката и загриженоста, иста бев и јас кога отидов на преглед беше 5недела, одма го видовме дека е во матка, и ми олесна многу, ќе биде се во ред само опуштено, јас имав силни менструални грчеви и малку крварење внатре ама со магнезиум и утрогестан се се среди, еве сум 5месец сум, ќе биде се, господ е голем:hug::l: (и ако недајбоже е во јајцевод и тоа се гледа на ехо, мене така ми видоа на ехо со 35 бета, имаше задебелување израсток, така да не се плаши ако веќе те виделе на ехо значи нема простор за паника)
     
    На Resident Evill, Lina-Detelina и Martka им се допаѓа ова.
  13. Resident Evill

    Resident Evill Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Многу ме радува кога ве читам со успешна приказна едвај чекам да дојде понеделник, се надевам ќе се види нешто иако е многу рано.

    Мојата вонматерична со 1200 бета не се виде никаде, а подоцна ниту со 2400. Шест врвни доктори ме гледаа дури и во 4Д но никој никаде не виде ништо.. Се водеа по болките мои, единствено др јадранка рече дека гледа некоја структура од 10мм кај лев јајцевод, иако болките ми беа само во десен предел, и тоа после 3 дози метотраксат. Затоа и сум исплашена, знам дека може и да не се види.
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eleonora7852

    eleonora7852 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Дали после вонматеричната ви препорачаа да направите ХСГ? Јас после вонматерична направив ХСГ и излезе дека левиот јајцевод беше со хидросалпинг (кој не знаевме дали е резултат на вонматеричната или постоел од претходно па затоа дошло до вонматерична). За да немате стравови за тоа дали ќе се повтори пак вонматеричната и која била евентуалната можна причина најдобро е после неа да се направи ХСГ. Кај мене од него се виде дека треба интервенција и ми направија после вонматерична хистеролапароскопија (февруари 2023) и сега овој февруари си родив женско бебенце . На сите ви посакувам што поскоро да ви се исполни најголемата желба, и мој совет секогаш барајте ја причината за нештата за да не се случи не дај боже втора/трета вонматерична (или повторен спонтан на пример). Спречите наместо да лечите… Искрено не сум знаела дека постои ХсГ како снимање но да сум знаела ќе сум отишла уште пред обиди за бременост за да видам дали е се во ред. (зошто кај мене на снимањето се виде и дека има мала преграда на матката која што не е причина за неплодност но може од неа да дојде до спонтан)
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Resident Evill

    Resident Evill Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Препорака од докторите на ГАК беше година дена да не се пипа ништо особено не ХСГ бидејки контрастот можел да пренесе инфекција на веке разранети органи како последица на метотраксатот. Наместо тоа ми направија 4Д ехо на кое наводно се гледа дали има деформација на јајцеводите (кај мене немало, барем така кажаа). Ми рекоа да не се оптеретувам со ништо и да почекам 4-6 месеци за следна бременост. Причина за вонматерично било единствено поради инфекција од Х причини која предизвикала стеснување на каналот. Тоа беше се што ми кажаа.. им реков дека ќе чекам година дена - ми рекоа во лето не се прави ХСГ што во тој случај би значело уште пола година чекање залудно.. ми рекоа иди дома и прави бебе, се е на среќата..
    Поминаа 9 месеци од тогаш, и сосема неочекувано се случија две црти па сега што е тоа е, се молам само да е добро.
    На своја рака закажав хистероскопија за во април, ама еве се деси ова и сега ќе видиме каков исход ќе имам.
     
    Последна измена: 25 февруари 2024
  16. eleonora7852

    eleonora7852 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Со добра мисла да си истерате бременост до крај. Ме потсетите со ова дека да пред ХСГ испитував прво брисеви, па со чисти брисеви правев ХСГ (во септември, не сум ни знаела дека лето не се прави)
     
  17. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    1.796
    Пол:
    Женски
    Јас бидејќи завршив со лапароскопија кога ми го одстранија десниот канал пишуваше хидросалпинг, и исто пишуваше дека левиот е со нормални фимбрии и незнам таму како да се изразам со некој медицински термин, одкако помина операцијата се консултирав со двајца специјалисти и барав да правам хсг при што и двајцата го кажаа истото дека не сум за хсг. И стварно така испадна. Е сега од тука од форум прочитав дека за време на лапароскопија го гледаат и другиот канал и дека доколку не е во ред самите ќе ми препорачаат наредно хсг да правам..
     
  18. eleonora7852

    eleonora7852 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Штом сте правеле лапараскопија сте немале потреба од ХСГ зошто со лапараскопијата со камери внатре гледаат. ХСГ се прави најчесто пред такви интервенции за да се утврди дали има потреба од интервенција или се е во ред со јајцеводите и матката. Со позитивна мисла, се ќе се среди и ќе си имате бебче во рака
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    1.796
    Пол:
    Женски
    Да, јас веќе сум бремена, само се надоврзав на твојот одговор во врска со ХСГ мене што ми кажаа
     
    На eleonora7852 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.816
    Допаѓања:
    34.712
    Пол:
    Женски
    Извини што улетувам, зошто ти кажале дека во лето не се прави хсг?
    Јас баш во најтоплото правев, во Август.