Во понеделникот и средата на Гак различни докторки ме гледаа, плус матичната. Ми рекоа со оваа вредност тешко дека нешто може да се види на ехо. Каде беше на преглед?
Значи сепак промена, многу тешко се приметува со оваа бета, кај некои ништо освен здебелен ендометриум. Сепак членката да не паничи, може над 2000 да се види, кај мене дури над 2300 се виде. Кај секој е различно да не си става одма црни мисли.
Исто, мене ми рекоа ако е над 500-600 бета дури тогаш можеби ќе се види нешто. Ова со 35 бета медицински е невозможно да се види.
Жолто тело има видено, ништо друго, што е знак дека овулација имало. И задебелен ендометриум како што кажавте и не знам кои други биле симптомите дали доцнело или не, па предложил бета.
Па кај мене беше така, на ивештајот стои формација покрај десен јајник, што виде незнам ама нешто виде и затоа ме испрати да направам бета и испадна 35.Јас со 45 бета завршив на лапароскопија
Јас само го споделувам моето искуство, на толку мала бета кога кажав на пријателка се смееше рече готово само се изчистило немораш веќе да одиш на контрола, кога за два дена отидов бета беше 45 и имаше внатрешно краврење, истиот ден ми го одстранија јајцеводот.
Здраво, пред малку ми кажаа дека бременоста ми е вонматерична т.е. во лев јајник. Одам сега за Скопје на клиника ми рекоа дека со метотраксат ќе сум го извадела. Дали знаете колку време треба да бидам таму и колку дози треба да примам еден др рече само 1 доза др рече 3 дози и цела недела ќе сум лежела таму. Прашувам бидејќи имам 2 годишно дете дома а многу е поврзана за мене па да знам да се спремам психички и за тоа колку време треба да ја оставам
Баш ми е жал. Сакав само да те прашам дали имаше некакви симптоми,или случајно откри на преглед дека е вонматерична?
Немав никакви симптоми, не се гледаше во матка па мислеа да не сум покасно останата но излезе дека е вонматерично
Обично сите примаат по три дози метотраксат ,ретко некој со една доза да пројде . Ама и да е една доза пак ќе чекаат да падне бетата до една бројка за која докторот ќе утврди дали е доволно ниска . Ама порано од 6ти ден тешко да те испуштат . Жал ми е за ванматеричната. Со лесно