1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонматерична бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од tand.valentina, 16 јануари 2011.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.646
    Допаѓања:
    161.657
    Пол:
    Женски
    Со ова не смееш да си "играш " и да чекаш понеделник. Не дај боже ако е вонматерична ,како што викаш, 4 дена "одмарање" се многу. Не сакам да те плашам,ама вонматерична не е шала. Не дај боже ама можат да се десат компликации.
    Тоа што крвариш не мора да е знак за вонматерична. Јас трипати минав , само кафеаво ми течеше. Свржа крв не видов.
    Одма на др. Може е се во ред ,па ќе треба да си примаш некоја прогрстерронска терапија.
    Со среќа
     
  2. :-)

    :-) Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    @eli25 денес ќе се јавам кај докторот да, но се чека до понеделник за да се направат уште испитувања за кои мора да поминат неколку дена и да видат дали има промена. Вчера на преглед немав добиено, и поради тоа докторот имаше надеж дека е само мал плод.... Откако стигнав дома добив. Не она малку, " нормалното " за бременост, туку крв па и мали парчиња. И сега откако се изначитав, се осеќам како да исфрлам дел од мене при секое одење во тоалет....

    @Bubce38 еве сега гледам дека си ми одговорила и ти.. Ќе се консултирам денес со докторот, затоа што верувам дека ми предложи одмор од причина што на прегледот немав крварење, само доцнење на циклус.. Дај Боже, од твоја уста во Божји уши да има шанси да е во ред.. иако сум скршена скроз...
     
    Последна измена од модератор: 26 мај 2017
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.639
    Допаѓања:
    152.375
    Да станеш ОДМА и да си одиш на итна или кај твојот гинеколог
    ти рекол понеделник отибила друга ситуација доцнење на циклус без крварење сега е друга ситуација и мораш да одиш да те види
    тоа се проверува и преку крв не мора само на ехо
    тука ми се чини дека ако веке имало бременост сега е спонтан
     
  4. :-)

    :-) Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Еве сега го контактираат докторот за да му кажат и одма одам.. Читав ванматерична бременост можело и да се исчисти пола плод преку крварење па после тоа инекции да ти дадат за да се дочистиш... не знам не знам не знам, веќе не можам да се смирам, едвај чекам да отидам и да ми кажат што е... а се плашам дека е она кое највеќе ме плаши.........
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    @:-) затоа ти викаме сите да одиш одма. Може не е вонматерично и ќе ти дадат нешто за крварењето.
     
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    @:-) Само крварење ли имаш? Болки некакви, грчеви чувствуваш? Да не не е вонматерична, можеби е заканувачки абортус, оди побргу на доктор, не чекај.
     
  7. :-)

    :-) Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Болки имам во долниот дел од стомакот, каде што ми најдоа зголемување на јајникот ( каде што мислат дека е сместен плодот..) - леле луѓе УШТЕ ЧЕКАМ да ми се јават, докторот односно пошто се ми е преку " врски " кај д-р Миле Тантуровски и не знам каде да се обратам веќе додека да ми се јави....
     
  8. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.768
    Душо мила иди на лекар не читај по форуми. И не се плаши која еднаш забременила пак ќе забремени. Само позитивни мисли срцко. :*
     
    На :-) и eli25 им се допаѓа ова.
  9. :-)

    :-) Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    ајде како Господ никој не е.... фала ви на сите што ме ислушавте и посоветувавте и што ме утешивте... болно звучи : не се секирај ништо не е, плодот не беше ни оформен како што треба, ти се случува спонтан абортус... НИШТО СТРАШНО?! ..... ... јас и мојата 21 година... јас и дечко ми што повеќе од себе сакаме бебуш... јас и мојата приказна...
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    И што се случи? Се јавивте на др? Не знам зошто чекаш/ Што и да е ако си бремена крвавењето е знак дека под хитно мораш на лекар.
     
  11. :-)

    :-) Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Го цитирав докторот уствари.... ништо дека не е страшно, спонтан само... како тоа не е страшно не знам само...
     
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Жал ми е, биди јака, ова е нешто што ниту една жена не го заслужува, ама така требало да биде, природна селекција е тоа. Ајде стабилизирај се малку, млади сте, ќе биде.
     
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Не ми е јасно зошто се консултираш преку телефон и го прашуваш за крварење во бременост? Како утврдил тој преку телефон за што се работи? Треба да одиш на лекар да те видат. Извини, но за твое добро ти кажувам.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Направи и бета, за да бидеш сигурна дека паѓа.
    Жал ми е.
     
  15. :-)

    :-) Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    На доктор отидов а прво се јавив на телефон за да закажам.. и објаснив само на кратко пред да се видиме..
     
  16. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Ах душичке, извини. Не разбрав одма дека уствари тоа си напишала. Драга, не сакам да се правам поголем доктор од твојот ама мое мислење е дека таков доктор за мене не е доктор. Толку лајт да ти се обраќа со ништо страшно?? Ами тука веќе не станува збор за обична менс штом имало бременост, би морала на преглед да отидеш кај некој соодветен лекар за да те советува што понатаму. Секако дека ќе бидеш бремена и после ова. Потполно те разбирам како ти е и знам дека мом психички си многу повредена ама знај дека кога тогаш пак ќе биде се добро. Ќе си бидеш бремена и се ќе биде во ред. Ова едноставно ете не било твое.
     
  17. :-)

    :-) Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    @Someday сега стигам дома после сите трчања. Повторно ехо преглед каде ми кажа дека е спонтан абортус но било нормално затоа што оваа бременост била - биохемиска? О.о ... Од што ми беше лошо не ни запамтив што ми кажа, некој хормон ми бил само 0,6 и тоа покажувало дека нема шанса да успее оваа бременост. Ми рече дека не е вонматерично, нема потреба од апчиња/киретажи/инекции туку дека преку мензисот ќе ми се исчисти се. Јајникот бил зголемен поради некоја обвивка и дека сега откако сум добила се нормализира. Нема да влијае понатаму за деца и останато ( цитирам: оваа бременост не би се покажала на тест така да - да си некаде од планина каде што не идат на гинеколог откако ќе им дојде после 4 дена каснење - нема ни да знаат дека биле трудни и после пак имаат по 10 деца. Ете толку е неопасно.... ) иако искрено мене ми е тешко, многу... п.с за 2 недели сум на контрола, да ми заврши и да се стабилизира и идеме на преглед... Фала ви девојки за сите совети...
     
    На Someday му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Здраво девојки ќе ве замолам за помош бидејќи гледам дека има поискусни што веќе поминале низ ова. Се сомневав во бременост бидејќи имав односи баш во плодните денови, правев неколку теста преку урина сите беа негативни, иако чувстував одредени симптоми и имав болка во левиот јајник и долниот дел од грбот што досега и пред добивање сум ги немала. Затоа и ми беше сомително. На денот кога требаше да добијам добив и мислев дека тоа ми е нормалната менструација, но беше оскудна односно по една влошка дневно и тоа имав како згрутчени парчиња крв. Се исплашив и отидов 3тиот ден да направам бета хцг тест и покажа левел на хормонот 1, што значи помислив на биохемиска. Но од тогаш поминаа 3 недели и јас сеуште имам болка во левата долна страна на грбот. Значи не во јајниците туку претежно во грбот, особено при движење. Што мислите можно ли да е вонматерична закажав на гинеколог за некој ден но ќе полудам од грижа, не знам дали автосугестивно и рамото како да ме боли а голема болка немам во јајниците речиси никаква, единствено грбот долниот дел при движење. Хцг 1 дали е сепак можна вонматерична? Многу се плашам. Фала
     
  19. Nina 2014

    Nina 2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    Vonmatericna ne e sigurno, zatoa sto kaj vonmatericna, bhcg e mnogu visoka. Na pr.kaj mene bese 10.000
    Ne grizi se, no sepak poseti doktor i napravi si hormonalen status.
     
  20. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Фала Нина за одговорот јас се исплашив бидејќи имав некои симптоми како болка во грбот од едната страна и ме зачуде што хцг ми беше 1. Веројатно и да имало бременост била биохемиска па треба време да се стабилизира. Закажав неделава на доктор ќе видиме, не можам да издржам морав да прашам дури си мислев да не има и грешка во резултатите за хцг, но тестот го правев 3 недели од односот и овулација и после крварењето покажа 1 хцг. Ме чудеше само болката во грбот која остана и после крварењето, затоа посомневав да не е можно вонматерична не дај боже :sweat::sweat::( Инаку од односпт се поминати 6 недели, ова е веќе 7мата. Колку рано се појавуваат знаци доколку станува збор за вонматерична?