Не знам од каде си, да не ти е далеку ама јас ти го препорачувам др. Никола Маџунков во Мартини во Струмица. Пред 3 год имав вонматерична која докторов ми ја откри, ми беше отстранета левата туба. Во консултација со докторот направив хсг, десната си беше во ред и за 3 месеци после хсг останав бремена. Сега си имам златно синче кое веќе има 2 годинки.
Здраво, претходната година во почетокот на ноември имав вонматерична бременост третирана со метотраксат. После тоа имам правено контроли кај др Јадранка во ГАК, кај матичниот гинеколог и исто кај др Маџунков во Струмица. Матичниот ми рече дека пред да планирам следна бременост мора да направам хсг (проодност на канали) бидејќи левата туба кај што беше плодот ми е уништена на цело а не ми е отстранета. Маџунков пак ми рече да не правам никакви испитувања туку веднаш да почнеме да пробуваме пак да забременам, ама мене ми е страв премногу пред да направам испитувања, пред неколку дена мм сврши внатре а баш бев во овулација и сега од една страна сакам да се фати и да останам пак бремена од друга страна проклето премногу ми е страв да не е пак исто….
Kade vi ja otkrija vonmatericnata bremenost, vo koja nedela? Momentalno sum 5 nedela ne se gleda nisto na eho:/ Od Strumica sum
Направи бета, над 2000 се гледа на ехо. Покасна овулација си имала, не значи дека е вонматерична. Имај убава бременост и само убави мисли
Ve molam za preoraka za ginekolog sto ke me vodi posle vonmatericna bremenost, edna tuba mi e izvadena
Плодност сите се супер. Јас само ХСГ направив после извадена туба, после 2 год останав бремена природно после вонматеричната. Следен пат пак бремена после две години, oд прва. Само без нервоза и стрес, се ќе си дојде пополека.
Никакви. Само кафеав исцедок недела дена. Ни болка ни ништо. Една "стручна" докторка дури и не виде на ехо. Во Плодност буквално од влегување, за два часа бев на операција. Животот ми го спасија.
Фала ти многу мила... Јас вчера имав позитивен тест за бременост,ама дека 2 месеци после лапараскопија,со еден туб изваден,и друг непрооден,а јад останав природно бремена... Колку бев возбудена вчера...леле денеска само штом ми спомнаа другите почна страв да ме фати... Одма ке одам во вторник во ГАК на контрола . Не знам дали ќе видат нешто на 4 дена доцнење....
Да да така ќе правам,фала ти мила..да даде Господ,и така се мачев со лапароскопија и хистероскопија,сега таман работа о со вонматерична бременост
Хеј мила, Да денеска,и бетата беше 1455! А јас сум точно 4 недели и 0 дена денеска! Рече докторот супер е,сега да видиме задутре дали ќе се дуплира! И наредната недела во ехо!Вардла над 3000 + бета ќе се гледа нешто на ехо,било и гестациската ќеса! Само да не е вонматерично! Се молам секој ден! Инаку,јас се чуствувам супер,само малку градите ме болат! Ниту еден секрет,или болки во стомакот! Фала ти мила ❣️
Фала ти многу мила, Добро што постојат вакви форуми,и вакви мили жени како вас... Истото ми го рече и докторот.. Јас инаку повеќе се плашам од тоа што читам по интернет... Леле овие инекси метотраксат колку лоши биле,па да не можеш пак 1 година да пробуваш,па пак лапараскопија..не дај Боже... Едвај го чекам моментот за ехо..... Инаку докторот ми вели со ова бета и со немање никакви симтоми,многу се мали шансите за вонматерична бременост.. Да даде Господ така да е...