Како се вади лекарско и колку пари е? Јас таман ќе ми излези шанса за работа, од факс смеам за вонредно да се префрлам само пред запишување на семестар. И сега сем на лето да барам работа немам нешто многу шанси. Па сега почнав да размислувам и на опција со лекарско, за да можам после семестарот рает да си барам работа, и кога ќе најдам после да продолжам вонредно „легално“. Ако не летото да си барам работа па од следна година да продолжам вонредно. Не знам како поинаку. Не ми се седи веќе дома.
Помоошш!! Сега веќе ке бидам полуматурантка а имам желба да се запишаам на деловен смер, од некаде 9-10 години сакам да бидам судика.. Па сегаа ми е страв да не се зафркнам а нема кој да прашам па мора тука, бидејки не се станува туку така судијаа, ми е страв после да не можам да си најдам работа и да остане се на пола пат. Дали ако одам после на правно ке можам исто така да бидам едно време адвокат, па додека не станам судикаа сепак ке се трудам.. Ама стварно ништо незнамм, Некој да ми објасни ве молаам, Како мислите според вас
Срцка да не те утепувам ама во Мк за било која струка е тешко да најдеш работа. Не само за судија. Така да мој совет ти е запиши онаму каде знаеш ќе имаш кој да ти отвори врата за да просперираш.
Касно малку...не мора да си вработен за да студираш вонредно. Со лекарско можеш да се запишеш вонредно.
Извини што прашувам ама ако си потполно здрав ко дрен како да ти пишат лекарско дека си неспособен да посетуваш настава?
Пишуваат. Јас имав едно мало дете од една година и бев трудна со второ. Им реков дека сакам да запишам ама поради тоа нема да можам да посетувам редовна настава. Носев документација како доказ, ама ниту ги интересираше ниту ми побараа. Си платив и завршив работа за многу брзо. Ова е мојот случај.
Значи одиш за лекарско уверение и им кажуваш вака и вака сакам вонредно да студирам од таа и таа причина и без проблем ти пишуваат некоја дијагноза за да ти е оправдано отсуството од редовна настава? И си плаќаш како за редовно лекарско цена така?
Лекарско за на уким вадиш само од едно место, само оттаму признаваат. Она што е кај студентскиот кузман. Од друго место џабе ти е. Е сега, не можам да ти гарантирам, ама за посигурно можеш да измислиш нешто вакво трудна сум или не знам што за да не биде апла. Иако јас ти кажав јас како поминав пред три години, се потресував дали ќе ми ја земат озбилно причината и ќе ми пишат лекаркско, а они не се замараа. Инаку и јас не знаев и се нервирав и случајно на форумов дознав за ова. Си платив некои 1500-2000 денари и тоа е тоа. Пробај.
A на факултетот се плаќа за префрлањето? И дали можеш и на започнат семестар да се префрлиш дали знаеш за ова?
Ау ова не знам оти јас директно вонредна се запишав. Ама мислам дека на факултет треба оти таму имаат уплатници за се. Прашај на студентски најдобро.
луѓе, а како оди со времетраењето на студиите? Дали ако сакам/можам да положам се од прв и втор семестар имам право да полагам и од трет? пошто нели не се слушаат предметите на предавања за вонредни, ми има таква некоја логика. јас имам еден завршено и сега сакам на сроден факултет да се запишам амо при друг универзитет. мора да е вонредно пошто ми е втор факултет. е сега ми признаваат дел од испитите и затоа некако сум во недоумица со правилава како оди, им се јавив не знаеа точно да ми кажат за времетраењево.. дали мора 4 години да поминат за да го завршам или да речиме за 3 можам ако „сум способна“ т.е полагам повеќе испити од предвиденото? Помош некој ако бил во слична ситуација! Фала!
Како и редовни и ти запишуваш семестар и година. Така да 4год. ќе те фати се независно ред/вон. Но има некое правило со повисок просек ако си и поднесеш молба и ти се прифати на пример од последен семестар да имаш право да полагаш со генерација по тебе,па некако да ти дојдат 3или 3ипол год.студиите со се дипломирање.
Па вака се запишав и нешто друго ама исто така сакав вонредно за медицина, но нешто моиве не ми даваат сега., плус и вонредно многу учење имало ова она..После на факултет за доктор можам да продолжам или ??
Кои се последиците за вонреден студент кој нема да запише нов семестар, ниту пак ќе го стави факултетот во мирување туку само ќе испари
Кој се условите ако до сега немам ниту пријавено за полагање на предмети за прва година ниту ништо . Дали следат некои казни или пак не ??
Какви казни имаш рок до 31 да завериш семестар од 20 докај 24 да пријавиш испит и тоа е ако си на УГД