Прочитав дека зборите за мутации, пишав за мене совет но никој не ми одговори па те молам да ми пишеш дали тие мутации што ги спомнуваш е исто што и дегенерирање на јајце клетка? Мене на пункција тоа ми се случи дегенерирале двете ј.к испитав кариотип се беше во ред па те молам да мк пишеш дали кариотипот е доволен или постои плус испитување што треба да ги направам да се види зошто дегенерирале?? Докторот вели за сега доволно е ова но мене ме мачи сеуште зошто сега сака на природен циклус да идам а не сакам залудно да се надевам на пункција дека се ке е ок поздрав
Ако кариотип е ок, не би требало да е проблем тоа за дегенерирање на ј.клетките. Овие мутации што ги зборуваме се повеќе врзани со тромбофилија, со крвните садови. Може да влијаат повеќе на имплантација, да нема доток на крв и да не може ембрионот правилно да се развива. Мој совет, да закажеш на имунологија и хумана генетика и таму да разговараш со докторот и да ти каже што друго да испиташ.
Ако добро те разбрав дегенерирање ј.клетки е поврзано со кариотип а мутации со имплатација на ембрионот (кој се прави по ембриотрансфер ) така? Зошто јас не стигнав до трансфер туку само пункција правев и тогаш ми дегенерираа. Инаку за да одам на имунологија ми треба ли упат?Зошто и двата доктора на ин витро и матичниот гинеколог ми рекоа нема потреба од друго испитување за сега е доволно кариотипот. И кој доктор на имунологија ми го препорачуваш?
Каде правеше и кај кој доктор ИВФ? на имунологија Дејан Трајков. Нема друг. Убао ќе му објасниш што се случило и ќе ти каже што иапитување да направиш.
Кај Лазаревски во систина само до пункција стигнав две ј.к извадоа и ми дегенерирале рече и не направивме трансфер сега сака на природен циклус да пробаме А упат ке ми треба ли како да закажам?
Знаев!!!! Незнам што се случува со него, ама се почесто вакви работи слушам за него. Ако хормонскиот статус ти е во ред и имаше доволно фоликули на ехо, негова грешка која сака да на префрли дека тебе нешто ти "фали". Класика да вика не треба ништо друго. Мене така ме маткаше. Обавезно да одип на имунологија. Ти треба упат од мат.гинеколог. Тој ќе ти каже што да испиташ.
Б6, б12 и фолната ми се дадени и од трансфузиолог и потврдени на имунологија. Долго ги примам веќе. За б12 ми рекоа спреј да земам. Долго пиев б12 како метилкобаламин, ама сега ми здосади и купив спреј
еве и од мое искуство да кажам дека прво мора да се лоцира проблемот кај мажот бидејќи е поедноставно - со спермограм. Ние кога почнавме да одиме по доктори по дифолт некако го баравме проблемот кај мене а испадна дека сопругот е со олигоспермиа со под 1 милион сперматозоиди со 0% прогресивни... со оваа дијагноза веднаш ни препорачаа инвитро. Со среќа
На ехо имав две големи од десно и три мали на лево он рече десните два ги извадил и тие дегенерирале одма при вадење, ТСХ у нормала беше естрадил беше 170,7 незнам дали беше ок тој а пролактин пред хорринекции беше висок 789 а сега со достинексот е намален мн 12 под нормала а он вика дека сега вака е ок да го држиме у нормала вика.Зошто дегенерирале којзнае го прашувам што да испитам освен кариотип ми вика ок е за сега уф којзнае
инаку матичниот гинеколог ми вика не читај на интернет ништо кога му реков дека постоеле плус испитувања вика направи кариотип и толку и иди најди им нзс како да дојдам до упат незнам
Pa I jas samoinicijativno ispituvav se.Samo Petanovski pred in vitroto me prati kaj Koco vo Hemolab plus. Inace prethodno si bev na imunologija, transfuziologija.Ako ne se angaziras sama ne ocekuvaj od doktorite. Voopsto ne se interesiraat za nas.Ne gledaat ko izvor na pari.Strasno no vistinito
овој Кочо работи ко што прочитав и во државна и во хемолаб така? дека спомна имунологија и хемолаб кај треба да одам ? тој ендокринолог е нели? ок ли се резултатите од хемолаб не сум идела таму да не не ми ги признае лазаревски зошто не се во државна правени Ме интересира што испитувања да правам да му кажам или тој ке ми каже?
Како тоа дали ќе ти ги призне?! Па и тој приватно работи. Зошто да плаќаш проватно кога можеш се со упат?
мислев приватно у хемолаб кај тој кочо да одам зошто ако е со термини врзано мн чекање и гужви не можам а негде прочитав дека наводно ако му одиш приватно асално гледал што како а на клиника не им обрнувсл внимание дали е баш така незнам, а мојов гинеколог кога го прашав што треба да испитам кај да ме прати ми вика доволно е кариотип затоа и викав приватно да си одам. Ке пробам пак понеделник да му одам, А што за упат да барам за какво испитување ?
му го кажав проблемот вика доволно е кариотип затоа и викам ај приватно ке,си одам а не ни знам што испитувања да му барам како да му речам што да испитам? кои испитувања се битни за овој проблем?
жени супрефактот во истовреме ли со стимулациите го примавте?Јас примав во 21:30супрефакт,а сега пурегон ми рекоа денски од 15-17 да ги примам.Не прашав дали супрефактов треба да го поместам.